Ме тригерна да го пишам нештово, и ако не го видев со свои очи секогаш че мисле дека некој само ја преувеличува работата и зборува напразно. Работиме во државна институција нема да ја именувам која, сите се такви веројатно, како надворешна фирма, влегувам внатре, во просторииве, јасно пишува да се штеди на струја и до 20 степени да се пушта клима, арно ама влегуваш внатре и гледаш пуштена клима на 25 степени! И не само то, туку и до секоја личност греалка плус. Добро, си велам зарем толку ли е студено во собава, ми идеше да си ја слечам кожава од жештина што ме облеа. Срам и резил ме јади.
Добро, може пред ти да влезеш било многу ладно, па затоа и греалки имало. Се шалам.Нашата чудесна Македонија е тоа.Да им земат од џеб да им наплатат, па ќе видиме дали ќе прават така пак.
Мене ми е страв да отворам книга после полагање за да проверам што сум испогрешила. Не сакам да се нервирам додатно.
Јас веќе отворив и сега сум во фаза "ај, дур нема резултати што ќе му ја мислам толку". Веројатно нешто исто/слично сме полагале сите 3 денеска.
Се возам во автобус прееска и возачот на Јсп не застана на станицата каде што требаше, застана на семафор беше црвено, а имаше и полиција, и едно дете му вика дали може да ми отвориш овде, и возачов со дрзок глас тука да ти отворам говедно едно? Да имало полиција не си можеш да отвориш ама не застана на станица и детево можеби не е исправно да бара да му отриш врата каде што сака, ама зборот ми е следново. Каков пример си ти што ќе научат помладите од тебе твоите деца, каков пример си за општеството? Односно ти си пример какви луѓе има во ова општество. Имам чувство дека не се пази на однесувањето кон никого, со исклучок на некои луѓе, не е само да кажеш нешто, не знеш како може да го повреди некој тој збор, мислам дека зборот некогаш е потежок од камен, сите грешиме понекогаш, ама многу треба да се внимава на зборовите да не се отровни да не го повредиш некој дури и ненамерно да е можеш да го спречиш тоа.
Јас никогаш не проверувам, подобро да не знам, ако сум паднала, ќе видам кога ќе имам резултати. Вака ако видам дека сум испогрешила, ќе се нервирам цело време додека да излезат резултатите, no thanks.
Од вакви смрдли, ми се повраќа. Скроз се слагам дека е невкусно со миничи и шорцеви на факс да се оди, бидејќи не е модна писта. До колена, малце над колена, океј. Ама до под гз стварно не е пристојно, чисто пошо е образовна институција. Амааа, дека ради тоа трева некој да ги ремети сексуално? Не.
Тој што ме разочара и ги виде моите солзи и не мрдна со прст да ме гушне, да му врати Господ со иста мера. Најболно е да сте биле во друштво со маж, кукавица...... На кој сте му ја отвориле душата и ви рекол "Ти си за мажење" Има Господ....
Со ваков прост и неизживеан народ, и особено што вакви коментари се често пишувани од жени, малку ни е се што ни се случува. Малку ни е.
СДК колку неспособни доктори имаме на Клиника. Терапија од ракав не се дава. Респект кон професијата наша , ама срамота е ова.
Во мое време се знаеа кои одеа со миничи и шорцеви и деколтиња на изволте на "консултации“ кај професор/асистент. Ова заборувам генерација 1997/2002 година.. Сега не знам како е.
Битола еден период беше главен град на Македонија, центар на сите кознулски преставници, Ататурк воена школа учел во Битола.. А Скопје? Скопје било ништо.. Затоа не се прчи многу дека си Скопјанец ( и јас сум ) зашто какво стана Скопјево на се личи само на град не личи.
Апсолутно ама дека имаше и онакви што им се стваа на тацна имаше така да заради нив манијацине мислеа дека можат кај секоја да пробаат.
Ај бе со муабетиве. Дали има некој непишан дрес код по институции како универзитет? Има. Може и да се формализира сето тоа. Може да им забранат влез во зградата, ако сметаат дека се несоодветно облечени. Она што не може да прават е сексуално да ги вознемируваат студентките. Ако Петранка "му се ставила на тацна" на комшијата твој, утре таа е крива ако тебе ти се закачи? Тој крив ли ќе е некогаш? Или секогаш Петранка ќе е најголемото зло шо постои?
Ако поради нешто го сакам овој период што следи, тоа е поради топлината на огнот што потпукнува, поради боите и шаренилото, украси, сијалички, елки, ирваси, Дедо Мраз, снешковци, поради топлите напитоци, топлата облека, зимскиот снежен пејзаж, поради божиќните песни, божиќните базари, новогодишните честитки, новогодишни пакетчиња, нов планер со нови одлуки, цели и желби. Прекраснотии, убавини.