Седум годишно дете има повеќе разбирање и емоции од едно 28 годишно маженеце кое не е сигурно во себе и се плаши да ги искажи своите емоции, кое смета дека девојки што имаат 30 години требало да се мажат.
Не знам што е со маживе и емоциите. Подобро би бегале од тоа и би кажувале нешто сосем трето, отколку да зборуваат за чувствата директно. Зошто?
Па мислам не само мажите, денес воопшто не се искажуваат чувства се исклучок. За жал има луѓе кои се срамат да искажат лубов или да кажат некој убав збор зошто не ми е јасно.
Гледам од оние глупите видеа 5 minute crafts и во видеово hacks за стилизирање и поправање чевли. И во едното гледаш типкава на исечена штикла, залепува мала тегличка со компот, уствари тоа на место на штиклата. И ја отвора и си каснува. И еве се тешам дека имало поглупи луѓе од мене.
Асален матичен гинеколог да најдеш ти е ко да добиеш 7ца на лото. Или тресат дијагнози од ракав, или па ќе ти кажат дека сѐ е океј, а не е, или ќе ти наплати 1000+ за ехо и уште толку за брисеви (битно си кркаат башка од фонд), или се терсене за закажување термин.
Денес се почастив со шпагети и две чаши бело вино. А потоа си направив и топло чоколадо, со шлаг пена и изрендав чоколадо горе. За овакви cheat days се живее.
Ова е форумско затишје пред бура, уште малку и се избира Форумџика на годината. Тогаш сите активни под будно око следат, се собираат кланови, некој со дупли скриени профили ( лупам така ) да се изнагласа за омилениот форумџик. Сеирџики спремајте пуканки, убаво покријте сѐ со ќебе. Деца у кревет, маж у кревет, пица за доручек, ручек и вечера. Мама не може возбудена е кој ќе победи на фемина. И мама може да здивне една вечер. Кога може мама се да прави, може и тато Што реков А пуканките… drama. Обавезно се испишуваат по 20-30 страни кавги, кој како рекол,кој како дишел, зашто за овој се гласа,за оној не. 40ка и екипа ко и секоја година на врвот, фмќ зад нив… годинава да напреднат. Уаааа напред фмќ. Наградата: Тефлонска тава. Пааа… незадоволнителна награда. Тава бе? Како можеле со тава да не наградат. Толку години верност и време за тава? Ма не се нормални, заслужуваме повеќе - пишува членка со 103848201018374 гласа. А по неа уште десетици подржувачи и поттикнувачи да се откаже од наградата и да се даде на второ пласираниот. Амиии… ќе се јави некоја членка што ќе кука дека за Форумски идоли ништо не следувало. Сиромашки ние … толку години нулта наградени. Секоја година иста песна. Ќе се јави друга членка со плажите, ќе частела патување на Малдиви ако гласате за неа. Бич плис. И така секоја година од кавги плачки до среќни солзи радосници завршува најголемиот натпревар на форумот. По преголемата борба за тава од големите форумски раце на крај ќе заврши кај некој член со едвај 100 мислења во годината. “Ве надитрив сите” - завршува наградениот член. *Текстот е од хумористично-сатиричен жанр без навреда кон никого. Малку да се нашалиме.
Да ви кажам срам ме изеде на каса, ми паднаа јајцата од тоа лентата глупа, а јас уште поглупа на ивица ги ставив и така
Не знам зашто толку популарен топик е што само модели промовирале облека а не е никаков топик никаде тоа што 90% од произведените чевли не се соодветни на човечкото стапало. Поголем број на облека ќе земеш, ама за второво поголем број не го решава проблемот. Еве стварно не знам. Палецот ми е отиден у три лепе од тоа што очигледно за правење чевли земаат отпечаток од кокошки. И не. Не е проблемот што носам тесни чевли. Мислам тесни се оти не знаат да ги направат, не оти јас сум избрала такви да носам.
Дефинитли не си од СК А тоа за полицајката, не е уапсена за тоа. Си имала колешка со која работеле проституција надвор од работно време, работа која ако ја работиш на црно е казниво дело. Таков ни е балканот, за жал. Ако биле пријавени на второ работно место во некој клуб, можда ќе биле исправни