Ти смета затоа што климите наместо на 20, се пуштени на 25? Ти смета зашто имаат грелки до нив? А не ти смета тоа што на 1500ден сметка за струја плаќаш +2000 за дистрибуција на истата, вкупно 3500? Ќе дојде период кога ќе имаш семејство и кога сам ќе плаќаш сметки, ќе видиш тогаш дека тие биле во право , затоа што свесни се дека државата ни е лоповска, а тоа дека треба да следиме препораки за штедење на струја е продавање рефус магла на народот друже, затоа што струја неможе да снема, може само со лага истата да ја продаваат 2,3 па 5 пати поскапо, исто како што е сега со нафтата во ЕУ. Додека во РУ 1л пропан бутан чини 1.26 ден, а во 1 цистерна имаш 28 тони плин, што значи х2, 56 000 литри плин, и нафтата 42 ден по литар, а во една цистерна има 26 тони поделено со 0.86 специфична тежина, тоа се 30 232 литри, види кај нас колку се цените.
Да не интервенираше владата 8 пати ќе беше посакапо се. Толку се дигна цената на нафтата на светската берза.... 800% Сега ќе паѓа... доправа... Картелот на фосилни горива ги дигна цените, кога Европа почна да бара увоз од други држави, пошто со Русија појде надолу работава
Сега паѓа цената затоа што САД троши од своите нафтени резерви и ги продава во Европа по пониска цена, буквално работат со загуба. И затоа што европјаните конечно се освестија и наместо да увезуваат три пати поскапа руска нафта преку кини, индии, кои им ја препродаваа сега увезуваат директно, само ќутат.
Грешка си. Европа е во поголеми го*на сега, отколку кога почна војната со Украина. Немаат обезбедено сигурни извори на дотур на фосилни горива. Се' им е изгор скапо. САД ни увезува природен гас, ама не ја задоволува воопшто потребата, пошто немаат доволно инфраструктура и технички можности за достава. 2023та ќе биди уште полоша од оваа... Баш гледав пред 2-3 недели документарец на Дојче Веле, ако го најдам, ќе го постирам тука...
Во право си. Ќе биде уште полошо, освен ако не најдат решение да имаат дотур од Русија. Што и го прават моментално со нафтата. Претходно ја мешаа со азербејџанска и други нафти 51-49% за да може законски да ја увезат преку трети држави кои ги дереа. Сега ќутенката руски танкери идат во Саутемптон со нафта. Моментално преговараат за цената со Русија која е 60-тина еур за барел. Пред војната Русија им ја продавала за 40. Ете тоа ти се вика глупа политика. Или сам себе убијал. Гасот е друга приказна. Има доволно САД, ама мора течен да го увезува, а нема терминали доволно за течен гас. Направија сега еден во Германија. И секако, повторно би бил поскап. Како и да е, мастер план е ова на САД и Русија за ослабување на ЕУ и ставање во тешка вазалска положба. Никогаш животот во Европа нема да е ист. Ќе паѓа стандардот во иднина. Оф топик сме.
Не бе каква Русија. Сега му е мајката да убрзаат со проектите за зелена енергија. И онака, еднаш мора да се направи тој пресврт, а ако не ... има да нема луѓе на планетава...
Почнаа Новогодишните сесии за фотографирање... Едвај чекаме да ја видиме и вашата фотосесија од 1000000000 слики по социјалните мрежи. Срцки
Мене малите прстиња ми се искривија од тесни чевли. Не знам дали има решение за ова или вечно вака ќе ми останат. Секој ден сум со плускавци од тесни чизми пример...
Постојат таканаречени barefoot чевли или wide toe box чевли само мислам ги нема на наш пазар или единствено на среќа ако начекаш такви. И овие баш го следат природниот облик на стапалото, најшироки се кај прстите напред. Ама ко што реков, ги нема секаде. Инаку има како помагала кои ги држат прстите раширени или искривен палец го враќаат на место и мислам да си земам
Кога подолг период се осеќаш ко г*мно и некој те пофали за нешто it hits different. Некогаш не сме свесни колку малку треба за некој подобро да се осеќа.
Не знам. Не знам ни каде воопшто се произведуваат во близина. Ама еднаш да обујам такви мислам ќе се преродам.
Не се лутам на деца ама кога особа што е малку постара од мене ќе рече за мене тетката Е тогаш старо се осеќам богами.
Чевлите имаат специфична ширина, G и H, не знам точно кои беа за поширока нога. Немаат тоа чевлите од Мк ваљда, ама Рикер на пример ги имаат ознаките.
Можда ама вакви како што опишав скоро никаде немам видено низ Скопје. И во една од спортските кога прашав, се чудеше продавачот што значи тоа. Barefoot чевли се напред пошироки, кај што треба, не по цела должина
Сакам да кажам дека неколку години работа со психотерапевт се исплатија и конечно го најдов коренот на моите проблеми со анксиозноста и сум пресреќна.