Леле пред да отворам сликата баш ми се причини ко возрасни да позираат Иначе да, ту мач е стајлингов за деца. И капутот ѓавол и пол посебно што две сезони ќе го носи само.
Знаеш дека е вистинскиот за тебе кога не се карате за печеното пиле оти сте погодени- ти го јадеш белото месо, он копанчињата
Денес барем е лесно да најдеш секакви алишта за деца. Мене повеќе ми се допаѓа ова од пеперутки и диносауруси.
И мене. Има огромен избор за детска облека, кој што сака може да си купи. Кога ќе потпорасне ќе ја оставам сама да си избира, ако и се свиѓа ова да носи, не и бранам. Ако сака принтови, исто не и бранам. Нека си го пронаоѓа стилот.
Точно, јас имам син и сакам да е шарено или неутрално. Црвено розово се му облекувам. Не сакам диносауруси или некои сини шпихозни. Потешко е да се најде нешто вакво, повеќе гледам пеперутки и застарени модели од мое време.
Доаѓа времето од годината коа мора да ја отвараш ,,Форумџики кои ја одбележаа 2022” бидејќи после петтиот таг, не стига известување, па да видиш во шо те сместиле
Да но не мислиш дека им го одземаш детството на овој начин? Јас разбирам тебе да ти е убаво, но дали му е и на детето. Не сметаш дека треба да се инспирира од цртаните? Да посакува да биде како неговите супер херои? Да размислува дека светот е розов и невин како него? Ако детето се облекува исто како родителот, го поседува истиот телефон како родителот, ги прави истите движења, не гледа цртани и нема супер херои, дали сеуште зборуваме за дете?
Ама овие погоре не се баш деца, веќе тинејџери се. Детските алишта до висина 140, се и со детски мотиви, тие нагоре, не. Ама па и логично е, кое дете од 5 то одделение би сакало диносаури и пеперутки. Јас памтам дека во 5 то одделение и забранив на мајка ми да ми избира облека, и тоа пред 100 години беше. Денес моето дете само избира па од прваче. И ептен точно знае што и се допаѓа, што не, еве, нека се ѕвонарки и земјени тонови модерни колку сака, таа ќе си најде хеланки и бои кои и се допаѓаат. Фала богу па не е само една продавница во градот, да не може да избере.
Па овие алишта се од 6ка до 14ка. Јас за внука ми која е 7години гледав 8/9ка. Баш затоа и искоментирав.
Мислам кило руска салата со мајонез да изедам нема да ми е тешко на стомак како од манџи и чорби. Љубител на суви јадења forever Спојлер Не, неам мака со запек.
Не знам како е тоа со броевите, детската мода по фаст-фешн ,,брендовите,, оваа сезона е очајна. Бар за нашиот семеен вкус. Ќе се носи облека од лани и од алтернативни брендови.
Никој не им е крив што не можат смирено и разумно да водат дискусија. Карање, расправии и дрскост секако дека ќе добијат санкција. Прибрани и нормални коментари нема да бидат избришани и нема да има банирање, ама такво ниво на дискусија ретко има.
Светот не е розов ни невин. Син ми не живее во таков свет. Не го воспитувам така. Не сметам дека цртани се соодветна инспирација. Детство за мене е многу игра со мама и тато, шетање во природа, играње игри за развој на моторика и мозочето. Има ист телефон како мој, иако е 3 и пол. Не сум од родители кои сметаат дека децата треба да седат на помала маса кога ке дојдат гости. Ни дека не смеат да кажат збор. На син ми му е убаво како го облекувам. Има денови кога сака да носи спајдермен маска од 1 април, и ја носи. И на игралиште оди така и секаде. Има денови кога сам сака да бира облека и бира. Носи кошула со пижами надолу. Не верувам во супер херои. Не ни пренесувам таква идеја на дете.
Можеби затоа што ти не веруваш не ни си пренела таква идеја ама тоа е малце тажно. Убаво е се што напомена горе ама супер херои се форевер и кога ќе пораснеш