Како возрасна шо е облекувана типично за 90тите, дефинитивно навивам за "новава" мода. Јас до добри 8-9 години не бирав сама што носам, ми бираа нели, и денес кога ги гледам сликите... После бев рокерка Така што, дур се мали многу им е гајле во што се облечени, кога почнуваат сами да сфаќаат секако ќе си изградат стил сами. Ни јас лично не би облакала дете во принтови со не знам, Снежана пример.
Ова ме потсети на едно меме "Додека бев мала не ми беше грижа како сум облечена, мама ме облекуваше. Сега кога ги гледам сликите, сфаќам дека и на мама не и било баш грижа "
Јас имам голема двојба во врска со оваа тема. Дали на децата реално и што е можно порано преку дела па и зборови кога повеќе ќе разбираат да им објасниш дека светот не е розов или па да оставиш да се деца што е можно повеќе и да им дозволуваш, се разбира ако сакаат и прифаќаат на подолги стази, да си тераат во облека со розеви пеперутки, слончиња, херои, шарени принтови... Јас лично сум воспитувана и облекувана во духот на ова второво и колку сум за, има низа предности ова, сметам и дека има и низа недостатоци и затоа сум во недоумица вака или така како што е погоре опишано. Мислам дека би вовела и нашла некој баланс кога ќе дојде време за тоа, ама па и секоа дете е засебна приказна за себе и во склоп со тоа и соработка со него ќе се одлучи што и како по овие теми.
Сдк ич нема врска дали облекуваш розеви слонови или сив сомот, со објаснувањето и поимањето на светот. Можеби не е лошо едукативно да гледаат документарци, како нивни врсници копаат кобалт, за они да можат да висат на смартфон. Може и на поголеми деца да им се пуштат...како повеќе мислам, ми се чини дека задолжително треба да биде.
Се развиваат креативни и имагинативни способности преку визуелна стимулација, пр. гледање цртани со некои супер херои. Ама и ова е меч со две оштрици, ај да не споделувам во детали од фамилијарен пример зошто е делимично опасно ова кога доаѓа до толкава имагинација до степен со поистоветување со некои цртани ликови.
Незнам што е правилно воспитување. Ама до 14 години (денешно време до 10 години) си дете, остаток од животот ќе го поминеш соочувајќи се со неправдите во животот и неговата суровост. Бирам моето дете да биде безгрижно барем тие 10 години. Да мисли дека светот е розов и дека постојат супер херои. Ќе има доволно време во животот да биде возрасно и да се соочува со проблемите на возрасните. Ова е мое размислување, не значи дека е правилно.
Се развива нешто нереално. Пример дека човек може да лета и скока од зграда на зграда. Син ми не гледа такви цртани а има неверојатна имагинација и осет за игра.
Не ти се гледа нешто убаво https://forum.femina.mk/threads/Форумџики-кои-ја-одбележаа-2022-година.34164/#post-6432030
На ова мислев, ама ај да не го пишам детално. Да во најлоша форма до таму се стасува, нереални фантазии се развиваат, ама затоа се тука родителите за надзор и контрола. За другово што си напишала се согласувам дека и без цртани и на други начини може да се стимулира таков развој.
Не знам дали постои некакво истражување на темава, ниту сум компетентна да зборувам како влијае одредена облека на 2-3-5 годишно дете, можам само да кажам како естетски ми е мене поубаво. Пример бебе ајде, многу повеќе ми се допаѓа вака облечено, него во слонови и пеперутки. Ама тоа е само вкус, ништо друго.
Мислам дека го имам најубавиот поглед на зајдисонцето од моето топло работно место. Таква топлина обоено небо. Мераци
Дали само јас имам чувство дека есента трае предолго? Кога ќе дојде јануари па, тој трае како цела година. Златна пролет, каде си?
Јас за бебе па сакам пошарена гардероба, навистина прашање во врска со различни вкусови е. Другово да еве и јас не знам само облеката како влијае, ама не ми беше мислењето само за тоа туку како надоврзување кон членкава што пишала на што се фокусира во воспитувањето на детето. За тоа се мислам како е подобро, ама ете колку не има сите со свои ставови и мислења па и темава отиде надвор од првично пишаното мислење. Што е во ред, форум е да размениме мислења.
Месецот почна со помислата Виена гаѓа Лондон паѓа. Кога не оди не оди. Планот за работа наредната година ќе биде изменет 80%, вклучувајќи и ребаланс на буџет. Треба да почнеме да работиме пак со ќеш . . .
Низ разговор со другарка на тема неизлегување од дома толку колку што можеби треба да излегуваме за наши години, сфаќам колку драстично различна верзија од мене знае таа и останатите блиски другарки наспрема колегите. Мислам, нормално дека нема со сите ист однос и ниво на блискост да имаш, ама ако на една маса седнат една колешка и една другарка да зборуваат за мојов карактер и појава, ќе биде како за сосема две различни личности да дискутираат. И навистина, секој не' познава и знае онолку за нас, колку што ние дозволуваме да запознае. Во екстроверт се претворам исклучиво во друштво на овие неколку блиски личности. Затоа сум пребирлива, не може секој да се носи со мојот внатрешен екстроверт што не знае уста да затвори и мирен да седи во вистинско друштво.