Избришав социјални мрежи и не планирам уште долго да ги вратам. Можеби и засекогаш ќе останат избришани. Многу ми е поубаво. Тие што ми се битни си се тука, имаат и знаат како да ме најдат, тоа е најбитно Останатите ако им требам нека се потрудат да ме најдат.
Исто како што сите наеднаш почнаа да "играат" шах после The queen's gambit додека не стане популарно нешто друго и се така до недоглед.
Мислам улицава на Битпазар плаче шо одмара конечно вака кога одам и е празно, чудно ми е многу. И језиво
Само сакам да земам и да пцујам да пцујам да пцујам. Не затоа што сум од "големото добро утро" него затоа што државата ни е таква да џабе е се и факултет и учење и магистратура и сите пари и нерви фрлени. Ако немаш врски....
Знам, но, не губи надеж, те молам. Јас за мене ќе кажам. Врски имав во две ПРИВАТНИ училишта во родниот град, се познавав со газдариците. Во првото школо платата ми беше 3000,00, зборувам за период од 2017-2018 А,во второто, 6000,00 и достигнав, 9000,00. И во двете не бев пријавена. Не ми е срам да кажам. И друга работа која ја работев, бидејќи моите се знаеа со газдите на еден бутик, работев продавачка. Таму земав 15000,00 Пријавена. Оттаму па наваму се сама си барав и најдов. Тешка борба, тешка. Депресии, анксиозност, психолог, психијатар, терапии, стресови. И денес сум на добра работна позиција, секако, приватен сектор. И не ми е срам да кажам и знам дека повеќе вредам од оние што се на државно и работеле само една работа во животот. Чекаат од маж им пари и се зависни од него ( имам и пример каде што, мажот им забранува да работи ништо друго освен струката за која што учеле и најстрашно е што и тие го прифаќаат тоа како да е во ред, со деца, куќа во која буквално се им е во тон, коли, веспи, приватен бизнис кој го води сопругот, во кој за жал таа нема компетенции да се вработи ) Секоја чест на исклучоци.
Да, искрено затоа и прифаќам да работам нешто за што реално факултет не ми треба само и само за да колку-толку не зависам од никого и затоа што психички ќе отидам ако поседам дома уште малку. Не е срамота да работиш, срамота е да чекаш од други. Сите сме го пришле тоа и јас сум работела за 10,000 (мноооогу оддамна) кога толку беше минималецот. Баш ми е драго што си успеала ќе успеам и јас знам. Ова е само привремено скршнување од патот. Добро ве најдов
Женска, имај на памет дека не сме го прошле тоа сите, има и луѓе кои воопшто не осетиле како е да менуваш работа и се имале на готово и не работеле воопшто. Ти ја посакувам цела среќа на оваа планета, да бидеш среќна и исполнета во секое поле, а најмногу ти посакувам здравје.
Мажи над 40 со жена, деца што дремат по интернет и заследуваат и пишуваат на млади девојчиња од 20 години што може да им се ќерки се најодвратно нешто што може да постои. Некои па одат до крајност што заследуваат и средношколки што имаат популарни профили, веќе и педофилија ми е тоа. И тука ми се крипи толку постари мажи кога во секс теми со млади девојки си дискутираат. Колку и да се полнолетни, татко-ќерка години за муабети такви не ми е нормално. Среќа што родителите мои немаат социјални мрежи и не се ни разбираат многу со интернетот, да гледав така татко ми да заследува девојчиња на мои години, ќе ми се згадеше за цел живот.
Ако едно нешто ме иритирало во светот на студирањето па и на работата, тогаш тоа е оној комплекс како да се богови овие поискусните, постарите професори/колеги. Оние недопирливите, земја што се тресе кога нивното Височество гази по трошнава ни земја пред очите на нас, обичните смртници. Навистина е за восхит нечие долго искуство, нечие знаење, стекнати стратегии и „финти“-што само по себе доаѓа само со искуството. И пак, дали ќе си 5, 10 или 30 години искусен-ист си со оној што воопшто нема искуство. Пак си само човек. И си бил на некое почетно ниво кога врска си немал на каде се движиш во животот. А не си бог. Нема ништо поубаво од скромност, спремност да се помогне и покрај толкугодишно искуство. А за жал е преретко.
Тепајте ме ако сакате Ама исламските земји се каде каде поназадни од сииите други. Со две раце потпишувам. У 2022 да враќаш назад народ у 15-16ти век. Болни умови Од кај ќе знаат дали живеам со дечко/девојка? Ќе се пријавам ја на една адреса, он на друга. Да не ќе ме проверуваат дали сум дома? Да ти се плукнам у психопатите https://netpress.com.mk/indonezi-a-so-nov-zakon-go-kriminalizira-vonbrachniot-seks/
Феминка знаеш што те приметив, дека многу читаш за се и сешто и дека секоја тема те интересира. Тоа е супер ама мој НАЈдобронамерен совет е да не читаш толку и да не ставаш при срце лоши вести и црни хроники. зошто гледам како да се нервираш малце така осеќам
Chill треба да е и да ги батали тсквите теми.Да си гледа факс, живот и да не се замара.Многу и со политика се стресува.
Ги знаете ли оние што секогаш зборуваат само за себе? Значи, ај ќе си речиш да поправиш муабет, општо и одма.. Јас вака, јас така. Јас се знам со овој, јас се знам со оној, тие ми се другари, па како не. Знаеш ти јас одев на нивни свирки, прв другар ми е пејачот. Мрш таму
Настинав и мило ми е што овојпат не трчав по тестови, не седев дома јутра до сутра и не бегаше никој од мене. Раатов ми фалеше.