Треба да се најди некој Јапонец, студент дали на политички науки или економија, да дипломира на тема "Градоначалник на град Скопје". Ај ние во помалите градој сме пуштени по вода одамна, ама срамота е во главен град да не функционира ништо. Образовани, шетани луѓе, ако веќе сами не знат да решат проблем, нека го украдат решението. Превозот прв на листата.
Не може да функционира држава каде луѓето фрлаат ѓубре по земјата. ФАКТ. Каде е почисто таму има подобар систем и образование и се.
Немам коментар стварно . Шо ни е нас , обични смртници , гајле дали Кортни или Ким си ја јаде плацентата по породување ? Сериозно , не се сеќавам за која личност точно стануваше збор , но прв пат слушнав за такво нешто кога славна личност кажала дека ќе си ја изеде плацентата по породувањето . И веднаш тука по нашиве портали , ау бау , па ова па она . Од тој момент , до денес ми излегоа над 10 статии , каде жени се изјаснуваат дека ќе го сторат истото . И вчера , капак на се , ми излезе цела статија под име " плацентофагија - придобивки " . Мислам , да ме интересираше , сама ќе си пребарав на гугл , немаше потреба алгоритмот на фб да се замара .
Сега се осеќам старо.Пред Короната се договарав месец и пол дена однапред за каде ќе се помине ноќта за Нова година.Сега во последен момент или нема да се оди никаде за таа ноќ.
Пред неколку дена, на познаници, млади родители, двегодишно детенце, им загина во сообраќајна незгода..за време на несреќата детето се наоѓало во скут на мајка му, НА ПРЕДНОТО СЕДИШТЕ.. Изгледа сурово и не човечки ама кога ми кажаа каде било детето ми се идеше да и свртам на мајката да ја отерам во п.м. да им кажам ако во иднина има други деца, да не им го прави истото. Може ќе ме искритикувате дека сум сурова, но пишувам како што осеќам во моментот..а осеќам гнев..
Шо ви значи тоа ,,се правев операција” ,,се праеше операција” Сами сте се оперирале? Прибидејќи? најповеќе? Од кај ги копате овие работи?
Мислам дека инспекција сериозно треба да се позанимава со Тинекс маркети.. Човек не можеш да седиш внатре, една реа, една миризба на расипано, дека фтижидерите не ги пуштаат, особено тој што е кај хотел Карпош, ова е ван памет веќе..
Не практикувајте да порачувате од страни по Фејсбук, ако не сакате да бидете измамени. Порачуваш едно, ти праќаат друго и не секогаш имаш можност за замена. Вистински и сигурни онлајн продавници имаат свој сајт, работат одговорно и си ја регулираат правилно нарачката. Е само кај такви. Нема да се излажам кај измамници или несериозни работници пак.
Има една група ,,Ѕид за онлајн измами’’ добра е, јас сеа одамна не сум нарачала, ама секад коа се мислам да нарачам, отварам таму и во лупата ја барам продавницата и читам рецензии
Во животот сте победиле коа ќе достигнете максимално куроболие. Заследете ме за повеќе вакви Конфучиски мисли.
Штотуку имав таков случај со Mymoda бутикот. Купен фустан онлајн може да се смени, но само за ист таков фустан во однос на големината, но не сакаат да го сменат за билошто друго од нивната роба. Пари не враќаат, тоа однапред го кажаа но не кажаа дека неможе да се замени со друго парче. И промената мора да оди преку Инстаграм од каде што си нарачал, бидејќи онлајн нарачките ги води друга фирма. @Feminka22 не на фб, мислам да ги пријавам во агенција за потрошувачи.
Не знам дали е до мене ама не можам да слушам повеќе муабети од типот : Јас кога бев во....таму и таму..... Тоа и тоа се случи, чоече. Јас си ги сакам многу колегите... Who cares??
Не знам од каде си порачала, јас конкретно порачувам од сигурни страни и не сум имала лошо искуство. НО… Не викам дека ти туку општо народов се залетува по гардероба/производи со ниски цени и нарачува без да проверува од која и каква страна нарачал. И секогаш велам да се отвора пред да се подигне од карго службата иако не дозволуваат и во тој случај можете да не ги подигнете, па и да се врати гајле ви е, немате пари за фрлање ниту ги берете на дрво. За згрешена нарачка имав искуство со Молини, сакаа да ми протнат кафени чизми а уредно нарачани црни. Татко ми лично побара од курирот да ја отвори пред него пратката или нема да ја плати. Кога видел дека се кафени,веднаш ми јави. Ги контактирав им кажав дека пратката ќе се врати поради згрешена боја и ако сакаат можат да ми испратат црни,ако не тоа е. Ми испратија црни, ги поносив еден месец и пукнаа, колку пари толку музика. Друго,страна формирана вчера а 2000 лајка тоа е фејк страна, колку само нотификации ми стигнале дека таа и таа страна го променила името. Кога обична страна за турска серија ќе стане онлајн продавница е сосема јасно дека не штима. Така да, подобро порачувајте од страни со веќе постоечки бутик макар и малку поскапо да е, барем ќе имате замена на бројче.
Се случи нешто убаво и во исчекување сум на уште поубави вести, ама тешко се чека А скоро губев надеж зашто годинава ми е баксузна. Ајде, ајде нека биде Може и да не биде де, очекувам и тоа. Ама ништо не губам ако не биде, Терам понатака кон други можности. Сега можам само да добијам