Несомнено, ова е најубавиот период во годината само кочијата е вистинска атракција годинава за сите. Лани не ја видов.
Колку и да звучи чудно на прво читање, требаше да изгубам личност за да се најдам себеси. За да се засакам себеси, повеќе. По толку време. Уште не сум таму каде што сакам да бидам, ама ќе стигнам, верувам во тоа. Односно...не верувам во тоа. Звучи апстрактно, како да чекам да падне од небо самото. Верувам во себе дека ќе успеам да ја остварам таа слика што си ја створив за себе како идеална. И, неповрзано директно со ова горе; она кога велат „ако не се сакаш себеси, нема ни некој друг да те сака” или нешто слично на ова... Не знам како го интерпретираат ова луѓево, веројатно секој има различна перспектива, но разговор со блиска личност, а и некои настани ме натераа да размислувам во следнава насока: не е можеби толку до сакањето од таа некоја друга личност, туку она што можеби човек дозволува да го дефинира нечии внимание и љубов што ги добива, до тој степен што кога овие ќе ги снема-што потполно е нормално некогаш да престане, живот јбг-оној што овие ги добивал не знае што и како сам со себе. Губи вредност. Или така си мисли. Оти без тоа внимание и љубов од таа личност-не знае како. Жално... А е секојдневие за многумина.
Со Инста страни скоро секогаш имам ок комуникација и према начинот на кој комуницират прам нарачки и до сега без промарш, до сега ми е супер. Ама не знам како мајка ми од фејсбук измамници да ја тргнам. Ми се запна последно за едни патики, и ај нарачав и за неа и за мене. Смрдеше профилот скроз на фејк. Предупредив. Не ме послуша. Ај шо беа грд квалитет, јас барем не очекував, туку скроз грешен модел. И нормално ме блокнаа после испорака. И ѝ кажав вика океј, ти нарачвај од кај шо мислиш. Од некни за едни други од слична страна сака да нарача. Во најмала рака странава Феминка шо кажа да ѝ ја дам бар да знај кај не треба. И ѝ викам ако нарачаш, нека е на мое име, јас ќе подигнам. Ако низ бош карго ми ја пратат, без да ја видам одма му ја враќам и не ја плаќам. Ама како така, срамота било.
Другарка ми раскина со дечко и со кој се тегнат со години. Викам тегнење пошо типот е ѓубре од многу причини, ама тЕшКо и бИлО да го остави. Ми се жали, ми кенка дека не се еден за друг и супер е што раскинале, од друга страна сака пак да си продолжат иако она знае дека ја вара по сто пати и нема респект. И реков блокни го инаку ќе тонеш у тага а за возврат добив една убава навреда дека сум кучка затоа шо сум кажала така. And just like that, *poof*! I'm gone Остани глупа.
И на Инста има, само немам таму профил па од Фб сум порачувала. Не гледам воопшто за цена, што викаш @buba4e89 за поевтино. Нешто што ми се допаднало и од кое имам потреба а, не сум го видела на друго место, тоа се нафаќам да порачам. Нормално, прво добро ја разгледувам страната. Облека немам порачувано од такви страни, два пати имам патики порачано, среќа па тие не ми ги згрешија. Ама поради ова искуство последно, нема веќе да порачувм така. Се случило да порачам блутут слушалки и така некоја ситница, наместо преку карго да пратат, тие со нивна кола, од Ск дојдоа да ми ги донесат, така ги доставуваа пратките. Така доставуваат и од Office plus, ама тие се фирма, овие ни фирма ни ништо. Два пати ми се има случено погрешен производ да ми пратат, последно беше чај. Нели, има оние Natural bio, Bio shop, такви некои страни... Да не ја пишам вака овде точно која е. Е сега, чајот што ми треба не можев да го најдам на друго место па ај реков ќе порачам од таму. Друг чај ми пратија, им пишав, рекоа ќе ми го сменат па ќе видиме, ќе чекам деновиве. Во секој случај, ова за памет, да бидам другпат повнимателна. Ги одследив одма и нив и сличните такви сомнителни страни што ги следев, да не се лажам пак. @theowndemon некогаш и да немаме потреба да купиме нешто, онака низ скролање ќе видиме и ќе си речеме Е ова е убаво, ќе го купам. Најдобро разгледувајте на веб страни или станете и низ град прошетајте. Ова ми е поуката.
Може некој ако собрал сметки за ова тромесечие да ми праќа во Лп? Во темана не успевам да скенирам. А ни 1000 ден немам собрано
Многу сакам кога татко ми глуми дека имал пропуштен повик од мене само за да ми се јави да ме слушне без да сака да ми создава впечаток дека ми досаѓа.