Зашто на некои луѓе им е толку шокантно ако кажеш дека не читаш книги и општо не сакаш книги? Па ти прават цела анализа на карактер, дека ти не знаеш да уживаш во животот, не знаеш што е добра книга, дека сигурно нешто ти фали ако не сакаш да читаш. Јао...
Може да се работи за литературни снобови кои читаат квантитативно зошто слушнале дека паметните луѓе читаат. Може да патат од нешто и низ книга бегаат од реалноста па мислат сите се така. Ама во суштина, не е чудно, но е штета да не читаш макат и умерено.
Па нека си читаат од моја причина сакаат ама не мора да се боже сачувај со реакцијата ако не читаш Јас не читам, еве стварно си кажувам не уживам во читање. Ама затоа во други работи уживам.
Јас читам ама знам и луѓе кои не читаат. Не ми се ни чудни ни смешни. Секој нека си живее и нека си прави како му е убаво. Само да се судело, и критикувало.
Останало од дедо Ное дека преку книга се учат работи и автоматски се асоцира со интелигенција. А не е точно. Исто како што постојат пример документарни филмови и филмови за пасење мозок, постојат и едукативни книги и такви за пасење мозок. Само различни медиуми се, ама книгите се величат зашто така се восприемаат традиционално.
Или многу често среќавам реченици од типот: - Жалосно е ако телевизорот ти е поголем од полицата за книги. Еве мене ми е поголем, мада што ни телевизија толку не гледам Инаку секако читам едукативна литература оти само такво нешто ми држи внимание каде учам нешто (стварно да учам) а така романи, поезија и слични не ми се интересни да ги читам
Дефинитивно не ми се останува во контакт со луѓе кои ќе згрешат, па не се ни извинуваат за згрешенотo, a ако јас згрешам носот во вис. Ми се одмили и дружба и муабет и сѐ. Сами си правите.
Денес било неработен ден... како сум се залетала до маркет. Кај не се сетив синоќа да земам што ми треба. И сега how to, how to веган мајонез со две состојки на гугле Да имаше уште и како да ми никне салата за неколку саати, готов ќе беше ручекот.
Абе аман уживај што се замараш.. Пролитале 2 книги и мислат господ за муда го фатиле. Книгите сега се како романчиња, лесба литерафура, белетриатика која денес е на полица утре ја кинат да вртат шољи за кафе да си гледаат. Терај си како ти одговара. Пс. Читам ама и мене телевизорот ми е поголем од полицата за книги )
Коа станувам у 7-8 денот ми лета. Денес станав доста покасно, не тече времево бе. А цел ден праам нешо, не е дека гледам у таван. Едвај е 6 ипол затоа мрзам зима, се` е наопаку да му се невиди
Шок како шок За некој шок е кога ќе слушнат дека не пиеш ни капка алкохол, за други шок е да родиш 4 деца, ама во случајов читање на книги секогаш и во секоја смисла има бенефит, ти се збогатува речникот, имагинацијата, дознаваш за други времиња, простори, култури, начин на живот во дамнешни времиња, и тие филмови се инспирации од книги а не обратно. Не читаш книги? Океј ќе правиме друго муабет место да паѓаме во несвест и да се вреѓаме.
И вежбање и движење, пешачење има уште поголем бенефит ама колку луѓе знам што не уживаат во тоа па еве не ги замарам лично.