Не се разбираме. А и квантитет и квалитет не е исто. Само ти кажувам вака тие што размислуваат во иднина може да се најманипулирани од партнер.
Ама тоа е нормално. Се брка кариера, се прават пари, си гледаш да си создадеш фамилија, да си обезбедиш стан, кола, други работи се приоритет во животот. Вечно за излегувања со другарки/другари ли ќе живеат луѓето? Не сме 15 години, па да ни е интересно каде после школо ќе одиме на кафе и да си раскажуваме за симпатиите цел ден допишувајќи се. Секој си гледа веќе свој живот. Тоа е нормално. Свадба со 600 гости секако не планирам, селско размислување останато од праисторијата. Парите да си ги трошам на свадба за милион луѓе? Немам намера. Ќе си уплатам некој убав меден месец, станот ќе си го средам со таа заштеда. Една регистрација и ручек со родители и брат и сестра, 21 век е. Во странство луѓе работат многу и немаат време за излегувања цело време како тука на Балканот што се претерува и преувеличува за друштва, пијанчење и излегување постојано. Балкански менталитет не излегол од нас, па сега за свадба ќе се секираме кого ќе викаме, ќе се нервираме за луѓе што си одбрале други приоритети во живот освен тоа Балканското. Некој си сака да се посвети на кариера, некој си сака да си биде со дечко/девојка, ништо чудно и ништо срамота. Никој не е должен да занимава и да им пополнува време на други луѓе, па да го осудувате.
Ако почнам да кажувам какви искуства сум имала со личности кои сум ги сметала за вистински пријатели/другарки нема да има крај, а се личности со кои се познавам од пелени. Ретко има вистински, многу, денес е речиси се од корист. Инаку според мене свадба е непотребен трошок, се согласувам со @en5 само најблиските, регистрација и ручек а парите ќе ги искористам за нешто попаметно. Секако, кој се одлучува за свадба е негово право. Животот на крајот нит се врти околу дечко нит околу друштво.
Никој не ни кажа за свадба со 600 луѓе, ама добро Поентата ми беше сосем друга, а тоа е дека тие животни моменти се споделуваат со најблиски луѓе. И нормално е да ти се мајка ти и татко ти најблиски. Ама, друга блискост е другарки. Кога сме млади и така лета паметот па само дечко, дечко, дечко. Другарките се најголемо зло, сите љубоморат и тоа се. Како капак на се ако и дечкото е таков да го поддржува овој мајндсет, супер. Ама, кога животот ќе ти удре пет, шест шамари и кога ќе си скроз сам тогаш друго размислува човек. А, ако другарки се само за кафе тогаш... штета. Не знам што да кажам, на крај на денот колку пружеш толку и добиваш. Не само во љубовна врска, туку и во другарска. Како што може да те извиси другарка, така може и дечко и родители.
колку гаден, скапан ден главата така ме боли, ми иде мозокот со раце да си го извадам воља за живот, 0 елка накитив битно, налет елката, нека трепка и дали ќе се наспијам некад у мојов живот?
Па сум била и сингл и без искрени другарки. Сега сум во убава врска и без искрени другарки. Посреќна сум од времето кога бев без двете. Другарки се радуваат кога ти е лошо, а кога ќе ти е убаво осеќаш љубомора. Познаници имам, блиски луѓе што ги сметам и немам. Сосема друга разлика. Не дека за кафе немам со кого, само не ги чувствувам блиски луѓето. На прво место секако сум си јас, на второ фамилија, на трето финансиска состојба да си обезбедам, на четврто дечко ми, а тек на петто некој социјален живот кој и не ми е толку битен. Не ми е важно дали некогаш ќе останам пак и без дечко и без другарки, битно не ги ставам другарките на пиедестал кога сум видела какви се. Мој совет е подобро човек кариера да си гледа, да си гледа среќна врска да изгради, а не да прави друштва на другарки што кога нема да им требаш ќе те шитнат. Повеќе среќа и убави чувства од дечко сум осетила.
Имате грешни пријатели или грешен дечко ако мора да бирате едно од нив. Баланс треба за се' во животот. А да, и разбирање. Некогаш им блазесувам на генерациите од времето на татко ми. Останале пријатели 30+ години, ама толку спонтано, неисфорсирано, без корист.
Скараја да е. Треба да фатиш темпо иначе се останато е џабе. Само еднаш ли го смениш темпото толку е. @en5 Убаво си размислуваш, јас да ти кажам само. @Ugly Duckling тоа време е изумрено.
Буквално. Имам и јас другарки над 10 години и е имало ups and downs во повеќе моменти, како и секоја нормална врска. Па, никогаш не би ми текнало да ги баталам ради некој што го знам 2 месеци. Секако, свесни сме дека животот ќе продолжи и секој по својот пат. Ама, ептен е токсичен тој менталитет дека ако имаш дечко, не смееш да имаш блиски другарки и обратно. Мислам дека ова е причина зошто денеска ретко да има вистински пријателства.
Не се разбираме, џабе. Не би да продолжвам да дебатирам. Ти посакувам многу среќа со дечко ти, дај боже никогаш да не ти притребаат вистински другарки.
Во животот не можеш да бидеш опкружен само со дечко/маж. Истиот не мора да значи дека цел живот ќе е покрај тебе. Исто така, луѓето сме социјални битија. Потребно е да имаш бар неколку личности со кои што ќе споделуваш, и добро и лошо.
имам темпо ама, немам нерви веќе, ни душа некад така ме мрзи да живеам, или еве у вакви утепани денови, стварно ми иде да се убијам пошо ме мрзи да живеам некад, ни ми се учи, ни ми се работи, ни ми се искача, сакам да лежам само и да гледам серии, а знам дека така не се живее, и си викам да се утепам.
Во темата за пријатели и партнер. Ни пријатели се вечни, ни партнер е вечен. Амбиција ми е да ги имам двете. Секогаш жена ќе ми си, дур и маж да имам @sweet-cherry
Ете моите немаат такви пријатели. Кога ни било најтешко, никој не се нашол да ни помогне, освен баба, дедо. Кога останале без работа, пари ни позајмила фамилија, не ни позајмил Стојко другарот од средно. И не ме терал дечко да бирам никого. Па и пред да го запознаам исто ми беше. Тој е повозрасен од мене, близу 30, кај него другари/познаници и оженети се пола веќе, сам си кажува дека не се лути што си гледаат фамилија и што го викаат најчесто за прослави и родендени на децата. Не се дружат како кога биле средно, факултет, многу нормално. Секој си има свој живот, нормално дека се оженети луѓето, деца, жена имаат, нема него да му прават друштво. Сингл бил пред да сме заедно, па си работел, си гледал негова работа, не ги плукал што не го дружеле толку. Свесен бил дека сега си имаат други приоритети фала богу.
Во поглед пријателства подетално. Имам блиски пријателства. Сум имала и блискост со партнер. Ако немам блиски пријателства стварно би преиспитала зошто. Ова е исто ко, еден да ме повредил, и да неќам друг партнер. Неќам да сум одземена од било кое пошто јас сум засебна индивидуа. И партнер и пријателка би имале поинаков вид на лојалност ама во секој случај посветеност и љубов. Јас и претходно пишав, и то во СДК, дека за другарка ми сум праела се. Без да ме праша. И та прај за мене се. Без да ја прашам. Та има партнер и докажа дека можи да држи баланс. И со кој и да сум држам баланс со неа и други пријателства. Или со @sweet-cherry неслучајно си ја викам жена ми. Ми значи. И некогаш ми се чини ѝ досадвам за глупости ама знам дека ѝ е грижа. И не можам сега утре да имам партнер и да заборам на другарките ( и другарите!) кои толку ми се нашле. Башка шо сите имавме некоја шо си фати дечко и не заборај. Пријателството е флексибилно, ама исто така негувано од двете страни. Ако ми значиш, а јас не ти значам исто - ќе ме повреди. Исто така во иднина ако се затворам во мал круг, и немам перспектива за остатокот од светот - ќе се повредам.
Па ако пријателство сведуваш само на пиење кафе...што да ти кажам, јасно е зошто немаш другарки. Не разбираш зошто би бирале измеѓу дечко и другарки. Стварно не гледам причина, кога тоа се сосема различни врски кои ги формираме. И една другарка да имаш, и да се гледате на еден месец пак може да си бидете тука една за друга. Стварно ете не гледам логична причина зошто некој би бирал дали да има друштво или парнер, како да тоа се две спротивни работи во животот. Башка што ова твоево размислување многу е незрело. Сите се љубоморни и лицемерни, само јас сум супер.