Права другарка е таа што те убедува дека не ти треба дечко во животот И грешни пријатели имате ако барем малку не го имаат ова размислување.
Да немам ниту една блиска другарка би се запрашала шо е проблемот со мене искрено, не можи ниту една личност да не ти одговара.
Некој истото би го рекол и за сингл луѓе што чекаат друштво да ги занимава и ги зборат зошто не ги дружат нив. Овие ќе речат да нема дечко/девојка при 8 билиони луѓе нешто со него е проблемот, што не замара нас да го дружиме. Најубаво секој да си гледа своја работа, правете си како сакате, но не осудувајте други. Едноставно не ни е на сите толку гајле да имаме пријатели. Доволно ни се познаници на дистанца за по некое излегување или ете гужва на прослава да ни прават и си тераме живот како ни одговара.
Некогаш фамилијата колку што можи да те зафркни, никој не можи. Баш со другарка го праевме муабетот, човек што нема пријатели, треба да се запраша зошто. Не мора секогаш работите да се гледаат низ призма на корист. Баш вчера во автобусот седеа до мене друштво, учеле заедно на факултет пред 10тина години, сега со сопругите и децата заедно патуваат. Цело време мајтапи, смеење, милина да ги гледаш. Се' со луѓе бива. Не морам да ги гледам секој ден, доволно ми е да знам дека утре ќе се тука за мене, и јас за нив. И уште ова, спомнав разбирање. Ако другарка ми има нов дечко и и' е ќеф овај викенд да е со него, баш ќе ми е мило. Нема да се лутам и никогаш повеќе да не ја побарам ради повредено его. Многу подлабоко е вистинското пријателство.
Од шо толку сакаш да изгледаш исполнето, дури очајно изгледа. Да ти беше се’ супер, немаше на неколку наврати да пишуваш како се чувствуваш осамено оти немаш ни една блиска другарка. И не знам зошо упорно ми реплицираш, погоре пишав немаме исто мислење и нема потреба да влегваме во дискусија. Продолжи да ни се ситиш на тие шо сме сингл. Кутри душички еј, никој не нејќи па сеа чекаме другарките да не занимаваат.
Сингл бев тогаш, а и во тоа време другарката за која рака во оган ќе ставев, ме избриша за 2 секунди откако не и требав. Од тогаш во никого не верувам и си гледам за себе. Од дете за некого се си давал, а тој од корист бил. Научена лекција. Let them taste their own medicine. И вие на ист начин напаѓате луѓе. Ни вашето не чини. Реков како некој би рекол за вас, не дека мене ми е гајле што и како правите. Чим пишувате и плукате, сепак значи ве замара и копка тоа.
But why? Сакам само ова да разберам. Другото го разбирам иако ми е апсурдно. Море на прослава, неќам некој шо вистински нема да се радва за мене и саканите мои. Гужва ич неќам. Среќа би делела само со некој шо ми значи, не ради рада. И зато ме интересира зошто гужвата е важна, шознам. Пошто #cantrelate П.С. за пријателство вс партнер, со пријател првично учиш да градиш ( здрави) врски и тие вештини ги пренесваш на интимна врска. Во пријателства се гледа како кликаш со луѓе, и интимна, романтична врска е "последен чекор" со некој. Лично сакам партнер кој пред се ќе ми е другар, после се останато. Пријателство и формирање на исто е основа за секој тип на врска шо го градиме. И способноста да градиме пријателства е голем показател за какви врски градиме околу нас.
Убаво е да слушнеш и вакви мислења за утре секое неуспешно здружување или одржување другарство со некого да не си го припишуваш како твоја вина . Колку и да се приоритизираме себеси, ако тоа нема граница, мое мислење е дека еден ден ќе ни се одбие од глава, на овој или на оној начин.
Дека некој рече требало луѓе за прослава, иронична бев. Не правам прослави јас инаку, па да ги користам вака луѓето, секогаш оскудни сме биле со финансии, научена сум да не славам ништо поради тоа и се да е само скромно во круг на семејството. Кажав што кажав, носете си какви сакате заклучоци, сепак навистина не можел тука човек свое мислење да си има, на глава ќе застанете да го разубедите. Се едни исти борци за човекови права по темиве никнувале.
Сум растурила пријателства поради мои несвесни грешки, значи моја вина, ама сум растурила и пријателства поради туѓи грешки. Значи некогаш сум била во право, некогаш не. За пријателство требаат минимум двајца и кога ќе измешаш барем две различни психологии, два различни ума, различни комуникации и сопствени проблеми и грешки, претходни искуства, секако дека некој може некого да повреди. И затоа колку повеќе се анализираш и сфаќаш што можеш да поправиш и на што можеш да работиш, толку подобри врски ќе имаш. Секако, ако и другата страна го прави истото, зашто пак сѐ се сведува на обостран труд. Затоа, кукања(што пречесто ги гледам на форумов) од типот абе сите се злобни, сите ми мислат лошо, сите се ужасни, само мене ништо не ми фали...се ништо друго освен самосожалување што не води никаде.
Ама не се сите такви, ете таа се погодила да е кучка и поарно шо се тргнала од тебе пред да ти направи некоја штета поголема. А ти упорно тврдиш дека е супер да немаш ниту еден близок пријател оти сите се од корист со тебе. Небулози. Па ќе ти правеле гужва на прослава, ќе зафаќале место, зошто ваква злоба? А јас никаде не реков дека е супер да си сингл долго време, секој во одреден период почнува да чувствува потреба за партнер. А време за се’ стигнува, само желба да се има. Барем додека немаме деца сеуште немаме право да се жалиме дека немаме време за едно или две кафиња во неделата. Не работиме по 16часа дневно побогу.
ја мислам, за Дубаи да си уплатиме еден лет, ќе не` собере некој шеик, сеа 100 жени ќе сме, ама серии под цел ден ќе си гледам
Имам три другарки. Зошто? Затоа што јас така одбрав, дали ми фали нешто? Јас не мислам така. Едноставно преку глава ми е од лицемерие, корист. Пола од другите со кои се дружев откако фатија партнер, се повлекоа од секаква дружба и со мене и со другите, а кога ќе се скарат со дечко веднаш мистериозно се појавуваат. Да не се лажеме имање партнер не значи дека треба да си врзан со него ко со папочна врвца па се да ти се врти околу него, и секој ама баш секој има време ако не еднаш у ден, барем у недела да пиша порака или да зазвони. Сум имала врски, долги и кратки ама секогаш сум наоѓала време за другите. Ако ме бараш кога ти е досадно само, дечко ти има обврски и слично, тогаш ти не си ми вистински пријател а јас си го ценам времето за да изигравам кловн и да го пополнувам времето кога другиот нема каде. Треба да има баланс за се.
Од многу пријателства, нема кој да ми се јави да ме праша КАКО СУМ, иако јас секогаш сум била тука за нив, сум купувала подароци без повод од срце, сум ги сакала како себе.
Мирно небо професорке, никогаш нема да ве заборавам, секогаш бевте насмеана, ведра, секогаш несебично го пренесувавте вашето знаење, секогаш ќе ве паметам поради вашиот пријателски однос кон нас.. Точно 4 предмети ми предававте, 4 семестри поминав слушајќи ве вас, ако еден ден станам добар инженер тоа ќе биде поради вас и поради се на што ме научивте вие..
With all due respect, ама не знам како ви се купуваат џиновски дедо мразовци, џуџиња, nutcracker војници, елени, фејк подароци кутии и други дрндувки. Ај елка, ај сијалички, ај и некое украсче за на маса, ама такви големи сезонски ствари што патем и коштаат бајаги, не можам да разберам.