Го имам доживеано ова сестро златна, главава ми е хаос, самодоверба ми уништи, психа и све по списку.
Воопшто не ја чувствувам новогодишнава еуфорија.....,не ми се верува дека за две недели е Нова година. Го сакам периодов пред празнициве,но фали она убаво новогодишно чувство,последниве години навистина како да исчезна...
Мхм, AI https://www.index.hr/magazin/clanak...i-pozdrav-zelim-trenirati-hajduk/2419339.aspx Се надевам разбирате хрватски ( или србски) многу е забавно
Не ја чувствувам уште од детство таа еуфорија. Последниве години е уште полошо. Годинава нема ни еуфорија низ градов. Се помизерно.
Секако дека не е АИ. АИ-то не е до оволку "глупо" Иначе не е ништо ново ChatGPT, има многу други АИ-ња кои се користат во индустриите и компаниите веќе подолго време, како на пример Jasper.ai. Дури и А1 го имаат "Славчо". Предност на OpenAI е што е бесплатно и може секој да го проба, што е доста напредно и може да помогне како алатка во многу области, од пишување на скрипти, текстови, до куцање на код, плагинс, скрипти, сортирања, лупови итн. итн. Уште од кога го имавме iGod, http://www.chatwithigod.com/ каде што може да пишуваш со АИ. Секако не беше оволку напредно. Годинава видовме експлозија кога се во прашање АИ-њата и за слики како што е Midjourney, а сега веќе има и на Canva. Многу ја олеснуваат работата во ИТ и било која Дигитална индустрија. Јас веќе си го користам ChatGPT и ми се наоѓа да бидам искрен. Со индиецот се разбравме на крај што сакал и барал, да не ме мислите.
Сеа дур пишував у темана за ССО, сфатив нешо. Колку се паметни мајчини Така сме го напраиле системов да зависиме од партии, шо треба искрено срам да ни е. Сакаш работа? Партиска книшка, врски И после, иди буни се, одма се закануваат со работното место Сакаш да се побуниш против режимот, ама режимот те држи у раце, од таму зимаш за леб дома да имаш. И така… и за кој кур има реклами на телевизија за брзи кредити, нормални ли се овие? Затоа сме испозаглавени
За овие луѓе кои не сакаат Скопје да биде украсено, што викаат подобро да ги донираат парите, не ми е јасно зошто го мешаат духовното, чувствата, емоциите со материјалното, значи имаме општествена свет нула. Иако пробуваат преку системот да ни извршат психичка туртура. Цел свет е во криза па секаде е украсено има атмосвера секаде само нашиве паметни не сакаат да красат.
Абе и ја сакам да е накитено, ама Скопје да го накитат ко што го китеа претходно, кошта многу, рачунај во 4-5 се стемнува, до 1 бар да свети сѐ. Тоа кошта. Прееска имаше колку пари досега отишле за струја. Плус и они за у џеб да си стават… Само не треба да се драми дат мач со анкети, глупости. Нека ја стават елката до Аце и светленца тук-таму и тоа е.
Зошто да свети, светлото е во нас, да го најдеме. Г-ѓата мудро збори, да стане вирален хит заслужува, да допре до колку може повеќе срца поракава (само јас како страствен обожавач на новогодишна атмосфера, сум за да го најдеме дополнително и по улици и плоштади ако може).
Барав некои слики од порано низ галерија и сфатив дека телефонот ми е преполн со спомени: луѓе и моменти кои најверојатно никогаш нема повторно да ги има така. И онака сега седам со кнедла в грло и насолзени очи, повторно сфаќајќи колку работите се сменети..
Знам дека кошта и тоа многу, цел свет е во криза па пак украсуваат. Си ги крадат парите и се вадат немаме. Ако ти текнува години наназад дека и Патризанска цела беше украсена барем елката да ја ставеа на плоштад
Нема потреба од украсување шо ќе ни е тоа, ни дома да не красиме ќе штедиме струја, само свеќи може да ставиме.
Иди Цирих види како е украсено. Ама не, ние да бидеме и од Цирих поукрасени за најлудата вечер во годината.
Да се надоврзам бидејќи не можам да направам измени. Не треба да има гладни и сиромашни луѓе и луѓе без основни услови за живот треба да им се помага. Жал ми е за тие луѓе, ама заради тоа што системот не работи добро, институциите не работат секогаш ние го јадеме стапот. Да работеа инстуциите да немаше луѓе без услови за живот ќе беше подруго граѓаните немаа да мислат така, иако сметам треба да се мисли и за другиот и да се помага.