Возрасни женетини од 30+ години во брак и со деца на млади девојки им мудруваат како бракот треба по секоја цена да го одржиш, како е нормално после години брак да се изневерувате, како е океј да те удри маж ти ако чорбата се оладила. И нормално ако кажеш нешто против, добиваш одговор - ќе видиш кога ќе се омажиш, млада/незрела си уште. И после еј неќеле да се женат/мажат луѓево. Е еве и јас се чудам зашто. Па ја не знам срам како не ви е. Не мора пред нас незрелите. Пред сама себе такви идиотски работи да си кажеш треба да ти биде глупо.
Голем дел од животот се борам со ниска самодоверба, како и голем дел од девојките. Медиумите постојано пласираат неодржливи стандарди за убавина за реалната жена, а ние споредувајќи се со истите постојано целиме кон нереалното. Најново, прочитав дека повторно било тренд да се биде нездраво слаб, моментално промовиран и од самите Кардашијанс, откако Ким ги извади BBL имплантите под мотото thin is back baby. #thinspo(It refers to internet content that promotes or encourages unhealthy body goals, disordered eating, and similar “pro-eating disorder” habits) влијае како на физичкото, така и на психичкото здравје. Екстремни режими на исхрана, пиули и чаеви за слабеење, фотошопирани слики по социјални медиуми само ја хранат 'the diet culture' и голем дел од младите, а посебно тинејџерките потпаѓаат под истата. За жал сведочам на тоа колку многу има подем на нарушувањата во исхрана, a ние како општество скоро и воопшто да не ги едуцираме младите за истата. Затоа и постоеше она body positivity движење, за да се прифатиме онакви какви што сме, ама толку беше извитоперено што го направија да биде нормализирање на дебелината, што не беше целта. Се надевам дека еден ден ќе живееме во општество каде што нема да се осудуваме едни со други врз база на бројка од вага, а со тоа и ќе се намали бројката на луѓе кои се борат со нарушувања во исхраната. И дека изгледот на телото ќе престане да биде тренд.
марулите на седиште, а 7 души стојат у пролазот… Марулите станаа повредни од луѓето. И после зошо сме безобразни према постари у јавен превоз?
Heroin chic не ни знаев дека постои поимот. Значи цел живот сум си heroin chic. Инаку што е нездраво слаб? Ако изгледаш неухранет а уствари си совршено физички здрав? Нема врска дека ако си преслаб е нездраво. Ти со твојот пост исто намалуваш самодоверба на луѓе "нездраво слаби". Види, не е нереално. Да си јадеш убаво, да вежбаш, да го формираш, моделираш телото. Ајде ради некои проблеми ама кај млади, здрави луѓе се друго е мрза, незаинтересираност, недисциплина. И оние што изгледаат "нездраво слаби* и "нездраво дебели" доколку немаат здравствен проблем си се одговорни за својот изглед. Чим не менуваш ништо, значи сепак си се прифаќаш таков и што е важно што е "во мода". Па модата само им дава лажен комфорт.
Се молат ЕСМ да го ПОЈАЧААТ парното до пред 2 зими, дома седев по прерамки луѓе, седев и се потев буквално, лани го свртеа малце вентилот, ама денес свежо е, и мама вика радијаторите ладни биле
Ама сето тоа кошта, цената на гасот пред две години и сеа не се исти. Добро е што воопшто имаме парно...
210 илјади евра за 100 м² стан во дебар маало... Ало бре Скопје е ова... Боље ќе купам куќа во факинг ФЛОРИДА за 70-90 илјади долари... Ако ништо друго плажи има. Овде Tribeca било близу бреј се усра...
Ова ти е дефиниција за изразот: Модели и славни фаци што се најчесто зависни од кокаин и слични стимуланси за да го намалат апетитот не знам во кој свет се дефиниција за здравје....не мора во сѐ да се пронаоѓате и да сфаќате лично....
Видов да, океј може светски модели. Тие кај нас не верувам.... Мада нез дали им е за намалување апетит или од што имаат премн пари
Штотуку прочитав текст во учебник во кој се вели дека е во ред понекогаш да се лаже, да се мами ако не те фатат. Што се случи со образованието? Што учат децава? Ние кога учевме беше задоволство да се чита од учебник, разбирлив стил во однос на возраста, точни информации и темите обработени како што треба (добро со мали исклучоци со оние бројки колку овци има Аргентина ). Особено за Македонија, беше задоволство да се чита, сега и тоа ми е некако унаказено, 2 реда за сопствената земја, важно поимот на с во секоја реченица потенциран Жално
,,Ако сакаш да уништиш една нација, уништи и' го образованието'', не знам кој паметен ова го кажал ама реченицава добро ја запамтив.
Инспирирана од тековниот муабет на темата "Сè што сакате да знаете во врска со религија" сдк боље мозок на пасење него ли мозок на перење.