Не верувам дека еден човек може да изеде и испие повеќе од 1000 денари за три саати, плус музика, ете 1500 денари, повеќе не се исплаќа..
Имаше една тема на форумов за позитивни вести, ама не можам да ја најдам, така да туку ќе споделам. Браво за госпоѓава, човек што направил сериозна позитивна промена во светот.
На радио крисм'с сонгови, ја замишљам мараја дали и' се оди во сабота на работа по ладново, и си велам" ај не се лигави, со убер те носат"
Сега ми излезе… Нова Година 4500 денари???????? Од особа??? Алооооо што е работава со овие смешни цени?
Имам 15 врсти чај дома. Сум била поснабдена од многу продавници, може да се прогласам за колекционер. xD Билки, богатство од природата.
Некни вечер сум седнала да гледам како да разгалам животните. И најдов трева и едни стапчиња за едното синче. Пиво за другото синче. Како совесна и грижлива мајка - нарачав. Ама некој по џанки животни од мене расти пошто одма следно утро ми јавија да ми кажат дека ништо немало останато. БОЛКАТА еј.
Баш. Инаку денес денот ми го разубави девојченцево,иако надвор не е баш убаво. https://youtube.com/shorts/17AuZc4yWKE?feature=share
Е така, испратив маж за Македонија ( мораше да замине бидејќи во вторник ќе ја прават операција свекрва ми во Систина па сакал он лично да појде) Ред солзи, ред гушки , се прибрав дома, пуштив перална и го светнав цел стан генералка. Уште утре ми завршуваат 15 дена одмор , па од понеделник арбајтен пак. Последен пат на @Tajnaotrovna и пишав( во делот форумски игри заборавив која тема беше , брееј старост ) дека ќе идам Мк, ама не бе , кај ќе одиш со болки и главоболки и баталив, Македонија здравје Март или Април 2023 На форумот многу ретко пишувам , ама на фемина четот секој ден се дружиме , па ме оттргнаа од нервозиве мои што ги имав со синусите и состојбата пред умирање за да не ми се усере одморов. Си сварив чајче, да свртам дали има нешто по форумов оти некако монотоно ми е, нема еуфорија, сите ко скарани да се. Демек јас се сметам за Хителеровско недружељубиво дете, ама бааги имало на форумот што не сакаат да се дружат , се сме леви , тоа е Јен два, да развртам 10 - 15 минути ако има нешто, ако не здравје, па четот не ми бега