Две години пандемија и уште не научивме дека не мора цревата да ги истуриш во затворен простор и ни една рака да не клајш! И то не е изолиран случај. Мислам не треба да си којзнае колку образован ама малку култура не е на одмет. Во прво одделение го учевме ова. Имам огромна желба да ги научам, ич не ми е мака на еден по еден да им објаснувам, да имав можност. Мисијата во животот ми е таа, најозбилно.
Освен да не донесуваш одлуки кога си лут, многу е важно и да не пазаруваш кога си гладен И во пмс нормално
Се осеќам како заглавена во лавиринт, само што ќе си речам ти се насмеа и тебе среќата наидувам на слеп пат.Сакам само да сум среќна.
Баш оние што не ти го ценат твоето време, истите тие се најгласни кога ти еднаш нема да го цениш нивното
Сакам да кажам дека ништо не ми чини и си го признавам тоа. Ќе му ја живејам како му ја јас сакам и ќе наоѓам за се' забелешки. Епа таква сум де, ако не ви одговарам адиос!
Како женска што 25 години живеела во зграда, каде имс звуци од комшиите, крцкање, лупање, навикната сум си, не реагирам. И сеа, живеам во куќа и така седам сама дома, и слушам над мене крцкање едно 20 минути пред да сфатам дека Горе. Нема. Ништо. И така....ќе си поплакав вака страшлива.
Не ми се верува какви машки има, седи пред локал девојчево излегува овој и се доближува и сака со сила да ја залапа, и со сила ја бацува во образ девојчево му вика немој, па се гушкаа па правеа муабет и девојчево тргна да си оди и овој манијаков почна да ја брка.
Апсолутно си во право. За да биде натурализиран американец, германец, мексиканец итн треба таму да е роден и пораснат. Еве види нашиве родени во Америка како звучат. Или еве примеров со наша родена и цел живот во Австралија Имаш голем лајк од мене за коментарот твој. Сите што се дојденци и го учеле јазикот не звучат ко натурализираните.
Секогаш ко ќе имам лајк на стара тема или некој ми праќа скрин од старо мислење да се смејме, секогаш е 2017. Дали најспамер бев 2017?
Дали Интимисими ги извадија новогодишните пижами за сите ко јајце на јајце да извадат слики од прво новогодишно утро?! Многу уникатно.