Немам проблем со тоа. Имам проблем со кринџ неавтентични работи. Исти. Каде е уникатноста? Лани сите со пижамите со мечињата. Пресмешно беше. И сите такви фотосесии со мечинг аутфитс, седнати чудно... Мадре мија ..
Секое сечење нокти сум изненадена колку не знам да пишам со ниски нокти. Треба да пишам едно мислење каде аутокорект не ме поправа.
На слава би требало да се оди за да се соберат луѓето и да се видат за да го прослават и одбележат денот на светецот за којшто е истоимената слава. За жал на слава никогаш не видов икона од светецот,не видов домаќинот да стане и каже зашто првично сме собрани на тој ден. Што има?Дојдени да се задоволат со храна и да ги наполнат стомаците (каде им е скромноста) Дојдени да се испијанчат до последната капка алкохол (каде им е умереноста на таков свет ден) Дојдени да оговараат други луѓе и да исмејаваат (каде им се зборовите кои треба да им се во постојана молитва тој ден) Дојдени да зборат за политика,да се фалат,да седат со саати зашто на запиениот не му текнува да стане дека има други гости што треба да дојдат зашто тоа е слава а не свадба.
Ти со вакво мислење исто така можеби не треба да одиш. Нема фејк слава, зборот не ти е убав. Купи им икона на домаќините следна година на пример или кога ќе им појдеш на гости следен пат
Зависи каков тип на слава е за нив.Дали за одбележување на нечиј именден или за денот на светецот. За првото не им требаат икони на маса. За пијанчењето да, не чини.Но, ако на домаќинот не му сметаат, негов проблем. Не се нервирај.
Името го слави по името на светецот кога се родил.Исто ти е.Па на домаќините не им пречи зашто и они ја прават славата од помодарски побуди: викаат само нивни бизнис партнери (нели на слава не се кани туку се иде непоканет) на последната слава што бев домаќинката имаше викнато кетеринг (холивуд не ни е рамен со покажување кој колку пари има) И најстрашното слава која се слави во ресторан
Не е исто.Знам по околината. И ок е.Секој си има право да бира начин на славење, со кого да слави и дали со сопствена храна или со кетеринг.
Си велам секогаш има полошо ама како заглавена сум во limbo, да ти се плукнам на животот, срање со години.