Од денес , една година постара и многу помудра . Изминатава година беше тешка , како целиот свет на грб да го носев . Стресови , операција на блиски луѓе , немање време за себе .. Не си го ценев сопственото време и сопственото здравје . Се нервирав што ќе кажат небитни луѓе во мојот живот .. Вчера се случи еден голем пресврт во мојот живот . Онаа последна капка , која ме натера да застанам и да се запрашам - зошто се нервирам , кога на некои луѓе јазикот им е побрз од мозокот ? Зошто јас да трчам за сите , а сите тие не ме прашале ниту дали сум добро деновиве .. Решив дека оваа година ќе ми стои како потсетник да се ценам себе си повеќе . Не одам никаде , доколку не се чувствувам расположена за да одам . Не одам кај луѓе кои ме сметаат за лажга . Не се дружам со луѓе кои ме лажат во очи . Ќе одам таму каде ми одговара друштвото со кое ќе седам . Не можам да поднесам ниту физички , ниту психички ниту органски луѓе кои веруваат дека се секогаш во право . Не , не сте . Cheers to that .
Ко се зачленив на форумов долго време не пишев. После пишев само во СДК и паралелно во Форумски Игри. И во она играта од кај го знајте членот сите велеа СДК. И тин јас као навредена. Изгледа 2017 беше ова. Пошто после то сегде почнав да пишам за да не сум „та од СДК“. Ама сите се враќаме кон верзијата која ни е најкомфортна, и јас пак СДК се осеќам најкомфортно.
Денеска во некој универзум можеби и немаше да стигнам до 27 години, и чувството е bittersweet. Годинава ми беше пеколна, имав среќа карциномот да беше од онаква врста каква што беше, меѓутоа целиот видик на светот ми го смени. Ќе си посакам само да сум здрава и жива уште многу, и конечно да живеам, а не да преживувам. И секако за крај на постов една виртуелна частенка.
Многумина сте смениле слики/ аватари како и да се вика тука, ми треба време да регистрирам кој што пишува. @sweet-cherry Среќен нека е, многу здравје пред се, да бидеш сакана и среќна
Среќен роденден @sweet-cherry! Прекрасен датум за роденден имаш. Уште долги години здравје, среќа, љубов и успех ти посакувам!
Ако читам декларации и нутритивни вредности немам анорексија нервоза, (не е исто со само анорексија) чил. Само не сакам да мислам дека јадам нешто здраво, а тоа да ти имало 50% шеќери. За така чоколадо ќе си земам, барем знам дека има шеќери однапред.
Многу интересен(и потенцијално опасен) феномен ми е: ако одреден проблем или појава нѐ прави да се чувствуваме неудобно/не сакаме да се грижиме за тоа/не знаме што е - само ќе се преправаме дека не постои и ќе се надеваме дека магично ќе исчезне.
Ми е смачено да слушам, ДЕТЕТО ЌЕ СТЕКНЕ ИМУНИТЕТ. Ова се однесува поготово сега, за периодот на настинки, вирози. 1. Дете од 1/2 години НЕ Е ИСТО како дете од 3-4 години. Самата разлика во годините, "искуството" минато низ нив, го зајакнува имунитетот. Суптилното изложување на самите вируси, алергени (не разболување) создаваат антитела. Мотивирана од последната глупост што ја прочитав - "детето треба мало да се разболува за да стекне имунитет. ". 2. Вирусот на грип е РАЗЛИЧЕН секоја година, затоа постојат годишни вакцини за него. Плус некои вируси знаат да мутират, или телото ги заборава преку годината кога не е изложен(не разболен) на него, и секое "преизложување" на тој вирус доведува до болест. И НЕ. Самата настинка, разболување, па до антибитици, лежење во болница, НЕ ГО ЈАКНИ имунитетот на детето, туку само се труи од хемикалии, го исцрпува детето, имунитетот, хранливите резерви. Ослабнува со 0 апетит, и можна одбивност за храна во иднина. Затоа мајки, чувајте си ги децата. Ако немате кој да ви го гледе детето, па морате во градинка, градете го имунитетот пред да почне. НЕ МЕЃУ БОЛНИ. Витамини, здрава храна, изложување на ладно почесто. Видете како самото дете реагира на обична настинка, што можете да направите да ја помине побрзо. Бидете спремни, бидејќи за мене лично, одењето во градинка е сериозна работа. Сведок сум колку мајки со децата завршуват во Козле и тоа често, или полошо на интензивна. Ако имате, подобро дома, безбедно, најадено (никој нема да го моли во градинка, толку како вас/блиска фамилија), здраво. А за социјалниот дел, можете секако да се договарате со други мајки кои имаат по 1-2-3 ЗДРАВИ ДЕЦА, и да се организираат заедно игри со нив, барем на 2-3 часа, исто како во градинка.