Ima edna narodna stara pravi dobro da ti se vrati dobro. Ova ustvari vo deneshnicava ne funkcionira. Denov mi e od koza da si izlezesh
Апсолутно го поддржувам ставот дека не ти треба диплома за да успееш во животот и дека не секогаш оценките во школо се реален приказ за знаење. Ама стварно, онака малце олабавете како сте вие посебни и неразбрани и премногу паметни за конвенционалното образование и да им плескате на тие со дипломи дека нема за ништо да им притребаат и дека ќе се видите за 10 години кога они ќе рмбаат за минималец а вие ќе поминете со ферарито покрај нив. Уште кога ќе видам дека Ендру Тејт ви е идол или оној што не ги пушта вработените по мочање, е уште толку ми се згадува. Што знам, исполнет човек поддржува секого во неговата работа и цел и амбиција без разлика што сакале да работат, без да се возвишува себеси. Слободно лечете се кај доктори без дипломи ама со ферариња и хациенди, слободно.
Колку убав ден, си се наспав убаво, си направив едно кафе и сега спремна сум (и мотивирана) да се фатам за работа Пукнете душмани
Не сакам да мрчам ама -хорор- ми се оние кои се зачленуваат на форумов и за 10 минути успеваат да ја тероризираат секоја можна тема за секс, да заследат 30 членки, на 15 да им пишат и да лајкнуваат се можно пишувано од жена за секс.
И јас понекогаш се прашувам вака, што ли имаат у тоа мозоците.... Што мислат дека ќе постигнат, каде брзаат - ќе стигнат ли негде.
Искрено, се плашам дури и да ги отворам тие теми понекогаш, а да не зборувам за ако пишам нешто... За жал, нема како да ги спречиш освен на секое да ги пријавуваш, иако прават нови акаунти.
Најсмешно е кога ќе почнат со прашањата: Од каде, која си, каде работиш? Што сакаш во се*от? Со која мозочна клетка мислат дека некоја ќе одговори на овие прашања? Еден ден паметот да им го имам, да одморам. Или прашање:Што има ново?
Многу лошо... понекогаш навистина ми требаат интимни совети и секојпат добивам совет од МАЖИ на женски форум за женски проблеми. И најгнасни ми се советите како "не си напалена", "пробајте нешто ново тројка ова она", "смени партнер". Не знам како воопшто дозволуваат вакви членови да егзистираат.
Јас, психичкото здравје го ебав од што гледам какви створови како горенаведените постојат. Жими се некад од што читам низ што врват поедини жени овде, страв ме фаќа јас на што ќе налетам во иднина. Она не се луѓе, она се безмозочни мрзливци што не знам еволуциски како е можно да се создадат.
@Feminka22 и @Памела77 јас сум добар супер, и пациентот е добар, фала му на бога. Не беше ризично, само малку трауматично. Се помина во најдобар ред
Море ме уплаши Мислев ти ќе се оперираш Хирург си? Или анезтезиолог нешо? Честито, браво И уште многу успеси да имаш на тоа поле. Само смирено, пуно себе, амо можеш влези у салата, ако не, немој. Браво
Ах јас имав оперативен зафат, 8 конци , ма не беше за кажување. За секунда можеше да ме нема меѓу живите. Зашо се уплаши? За мене? Јаоо Каков хирург, врска немам на тоа поле, нема допирна точка. Блиска личност имаше 4 часовна операција, се е ок.
Бегајте подалеку од луѓе кои не прават мајтап на своја сметка, кои се' сфаќаат буквално и секој момент може да ви ископаат очи ако не бирате зборови како им се обраќате, јер инаку круната ќе им падне