Кога ја понижуваш пред други, тоа кажува многу за тебе. Дека си глупав, наивен и слеп, па не си ги видел сите тие нејзини "недостатоци" што сега се обидуваш да им ги покажеш на другите. У ствари, тоа кажува уште повеќе за тебе. Дури и да е стварно толку за никаде, со исправна мотивација жената може и планини да помести, а не па себе да се промени, ама ти си се покажал неспособен да ја мотивираш да го постигне тоа. Свесен си колкава будала правиш од себе? Сакај ја бе глуп, мотивирај ја. Освој ја. Само така ќе го извлечеш најдоброто од неа. Фати ја за рака кога идеш по улица а она целата свети од што е сакана и почитувана. Да видиш после како одма добиваш на вредност и ти. Цареви има да ти завидуваат. —- Колекционер 1-5 Сите пет дела - 999 ден бесплатна достава низ МК www.dragantanevski.com/нарачки Ај речи не е во право.
Само мене ми се седи дома за Нова Година? Не можам да замислам да барам фустани, шминки, фризури и да се мрзнам по ладново. Се нервирам ко ќе ми текне.
Неблагодарни луѓе колку има, ќе им се најдеш ќе им помогнеш ќе ги извадиш од лајна во кои сами си влегле и на крај ќе кренат против тебе глас каква си ти и твоите. Ќе се препознае членката сама активна е тука.
До лани не ги разбирав луѓето кои мразат работи кои се поврзани со она што го работат... Како пример ќе земам работа во кафич. До пред некое време јас самиот би си рекол : "Ејјј види ги работат во кафич, а воопшто никогаш таму се немаат напиено кафе. Колку чудно.." ( ова е прост пример за мојата поента ). Поентата ми е што оваа година добив можност да почувствувам на своја кожа зошто е тоа така. Едноставно скурчено му станува на човек од работното место и целиот тој простор и едвај чека да заврши работа и да го нема. Интересно...
Денес официјално започнав со новата работна обврска, се собра еден куп работа но тоа воопшто не ми пречи, баш напротив. Сакам да има работа, да учам ново, да сработувам правилно (иако за тоа допрва ќе се види). Си идам дома и се осеќам исполнето и корисно и уживам во преостанатото време. Не можам да замислам луѓе кои од дното на душата ја мразат работата и ја бројат секоја секунда од работното време за да си одат дома. А поминуваме една третина од денот на работа, 5 дена во неделата (генерално сметано), кој стрес е тоа за работа која воопшто не ја сакаш. Од една страна знам во каква реалност живееме, од друга страна несфатливо ми е свесно да трошиш толку голем дел од животот во стресна средина. Во многу сфери од животот не ми оди, ама работата не е една од нив. И стварно се надевам дека нема ова да ми се одбие од глава еден ден, бидејќи сум навистина задоволна со оваа работа.