И мене нигде не ми се оди, веќе неколку години ми е така. Кога ќе ми текне дека сум одела во кафана ми иди да си пукам во колено. Сега сакам мир, топло, не ми се бара облека за негде, не ми се шминка, не ми се седи во рано наутро.
јас сум на пола пола, пример и дома ми е убаво комфорт, топличко си јадеш си пиеш,со блиски ама убаво ми е и негде секако и во кафана да сум, акфич пак би одела како што одам и вообичаено облечена. Некогаш со фустан, некогаш не, како ми се носи дента така. Пеглање и шминка сама. Исто така добра опција ми е и да се шетне некаде, кога работиш пример од 8-16ч немаш нешто многу време за шетање. Па зошто да не ја искористиш приликата да се шетне, секако ако сака некој
Секој како што сака така ќе прави. За шетање во друг град, држава сум прва. За тоа пари не жалам ама затоа да фрлам 100 евра за една вечер ми е too much, а и самото договарање каде за нова, што ќе носиш, со што ќе се оди ми е прееенапорно.
А смрдени џогери од 50 денари што не менуваат,со смрдени сунгери од 10 денари мијат ,а во прехрана.И као чистат кутрите работници, а бактерии разносуваат по цел објект.Можда па затоа возат џипови шознам...
Зошто годинава сите луѓе што ги запознав а ми изгледаа како најголемите будали и идиоти на прв поглед и интеракција испаднаа најреалните луѓе што ги запознав и обратно. Тие што беа на место со однесување испаднаа најголемите кретени. Имаше тип што дојде кај мене на работа и ми спомна за "смоки диета".Идеа која уште ми е смешна btw. Мислев дека е комплетно откачен типот бидејќи и говорот на телото му беше необичен. На почетокот така убаво му се изнасмеав у фаца за тоа што ми го кажа со смоките за после скоро година дена кармата да ме фати и ја да ја практикувам таа диета... И на крај од денот тој тип испадна дека е премногу образован и ептен мудар лик. Многу чудна година
Не знам зошто кога бев помала мислев дека е кул да си саркастичен и таква и бев. Сега бегам од такви, сакам некој да ми збори... нормално.
Кој си ти и каде ја држиш Стајли киднапирана? Ми дојде желба сега да пуштам македонска народна музика. Да грми: "Распукала Шар Планина", "Тешко мина Докторе", "Свадба Голема", "По друм одам мајче" и да го извадам македонското од мене на најјако.
Зошто некои луѓе се зачленуваат на форумов,кога никогаш нема да напишат ниедно мислење и после некоја година-две само ќе се ,,отчленат,,.
Не се сите ти и јас некој само си чита Првата година јас од кога се зачленив после неколку месеци почнав да пишувам дур разбрав кај е што е Ново чудно ми беше
Кога прв пат се зачленив, поради сликата мислев дека си геј што демне нови зачленети машки и ги врбува. Секој лајк ми беше сомнителен, со дупло значење.