Кај мене дополнителен проблем е што воопшто немам сонце во станот,па комшиите леле што убави зелени ти се сарделите а едвај по пет-шест цвета цело лето,ама важно зелени, нема сонце да ги пожолти. Башка тие што се читави им се допаднаа на огромни зелени глисти кои осниваа семејство
Леле јас би се радвала да се зелени. Сакам зелени растенија. Дома многу имаме ама главен caregiver е мајка ми, јас сум та шо ги бриши и му збора оти ги сакам. И ги галкам. Еднаш на три месеци, ко ќе ми текни дека ги имаме и се сопнам од нив дур одам. Зокуми 5-6, во три бои. Јас периодов кога немаат цвет ги обожавам. На лето омилени на мајка ми ради цветовите. Фикуси, монстера и адам. Монстера и Адам се мои бебиња, нив најмногу ги чистам и галкам. Цвет ко цвет убав ми е али поќе ко за во вазна. Инаку зелени преферирам, листести растенија. А и папратот. Јао колку се размножи од прв пат ко го земавме, се гордеам со него. Т.е. се гордеам со способноста на мајка ми да се грижи за цвеќиња. Оти сум јас ветроглава а не ко неа е прашање шо ме мачи.
Дојде тоа време од годината кога, за да излезам надвор, треба и психички да се спремам, оти изложување на овој студ не е лесна работа.
Нит сакам да излезам од дома после девет навечер, нит па сакам да бидам излезена од дома после тоа, уше помалце па планирам ако сум излезена, да продужам даље после тој некој временски период. Си идам дома, музика ТУШ, мачкање од глава до пети у серуми, у кревет да прочитам некоја книга или да фаќам сеир на ЈуТуб, плус некој чај или супа од коцка у голема шоља да загреам коски, и тоа ти е од мене.
Пиши уште еден плус за Јутуб Нема друга социјална мрежа што може да ми го задржи вниманието , освен Јутуб, па знаат последниве 3 месеци да ме изненадат со некој мејл ко следниов Ептен се души американците , дарежлив народ , па им се бутам у друштво ко стримаат Толку позитивна атмосфера прават и Трилоџи медиа тимот, на човек да му е мило да ги гледа , максимална позитива на годината
Ја 10 години телевизор неам уклучено, од сабајле до вечер врти воа ЈуТуб. Се шо те интересира има. Музика, документарци, подкасти, крими, шоубиз, филозофија, заебанции, вести, туториали.. Дури и некои филчиња чат пат си глеам, ќе си изнајмам за 3 еура. Нема боље, искрено.
Паметно Ние пуштивме ТВ ко беше светкото првенство. Да ти признам искрено , се погоди да сум у нужникот да се туширам и едно време слушам воздишки и мислев маж ми има пуштено порно оно ко гледам коментаторот на фудбалот воздивнува нешто ( германец коментатор) Туку арно ме потсети да си го завршам часот по Зумба со весела латино музика , јен два
Јас не можам да си замислам живот без тв, од сабајле до вечер ни е вклучен. Сите можни дополнителни програми ги имаме отклучено и никогаш не е досадно има свашта да се гледа ... Онака само да си кажам
Да се приклучам на не кабловска тимот. Си имам претплатено Нетфликс и Дизни+ за цела година. Ко ќе сакам нешто пуштам таму. Има и за позадински звук работи, има и ко ќе сакам нешто конкретно. Да би живеела сама воопшто не би ставала кабловска. Телевизор ко телевизор сакам, ама Нетфликс да поддржва.
Ама па не ни има сѐ. Јас си размислувам како што гледам од секаде треба на сите можни места да се претплатам и да плаќам не знам колку месечно. Неколку реклами, ќе ги исклучиш и готово.
Јас почнав да пуштам тв кога ќерка ми се роди, првите 10ина месеци само BabyTv беше пуштено. Овака тв користам да спојам со лаптоп за симнат филм или серија, или понекогаш ретко ако има нешто на ХбоМакс, тоа ми е беспари па знам да пуштам. Врти-сучи, џабе плаќам кабловска. Ама Spotify растурам па.
Искрено, Нетфликс е ок, али Дизни+ нема никаков избор, само Марвел шо изглеав, и тоа новиве филмови се тапа се, а цртаните како и да е ги иам сите изгледано. Едино некоја ретро серија да те мавне носталгија, ма да пола и јаче и на Нетфликс ги има, а за филмови катастрофа. И шо е најтрагично, Дизниво и бесплатно ми е цела година, и пак не го глеам. А тоа АмазонПрајм превара жива, да глеам серија, да плаќам по епизода 3 евра, ахахахахах, да ти се плукнам у тоа ќелаицата Безовска. Ајде, не спамирам веќе.
Јас од Дизни+ исто не сум најзадоволна, за разлика од Нетликс, ама секогаш наоѓам нешто ако влезам. Дали од навика прво Нетфликс отворам - не знам. Дизни не ме бендисва од технички аспект, треба некои багој да си средат и ДА МИ ДОЗВОЛАТ ТО ШО ПОЧНАВ И НЕМА ДА ДОГЛЕДАМ ДА ТЕГНАМ ОД ЛИСТАТА ШО МОМЕНТАЛНО ГЛЕДАМ. Исто и морам дел да гледам само од телефон, оти ако отворам и од ПЦ за да продолжам да гледам, се багнува. А за материјал наоѓам. Искрено и ми се исплаќа зато и годишно платив фемли пакет шо делам цена. Ама овие ситници прат радо друго да отворам ( читај Нетфликс).