Треба еднаш да не остават на форумов да се испукаме Скопје наспроти други градови. Демек многу коректни сме ау бау. Остајте нека се искараат раат луѓето
И јас ,можеби и дека гени музикални имам,додека правам палачинки и играм и пеам(добро за глас немам баш, се извинувам на комшии).Многу сакам музика. Да има некој журка на баби,растур ќе направам,ама само забавна музика каков перфоманс ќе направам ,народна јок, монотоно ми е оро.
Дремнав малку да сум свежа за вечерва.. Зимајте ласото идеме https://gfycat.com/altruisticcapitalbluefish
Зошто сите модели долна облека што се посекси и не се бапски модели се само мали броеви? Ние што носиме икс ел или поголеми броеви не треба да сме секси облечени?
Не само долна облека, кај нас не можеш ни да најдеш парче облека што е убаво, секси, а да е помал број од M, најмногу L. Се некои гадни модели облека се поголеми. Во моловиве во 90% продавници, најголем број е xl од облеката. Најчесто одма ги купуваат, после само s и xs останува. Што да носат луѓе што се покрупни?
Знам, свесна сум. Многу не е фер што немаат во предвид дека има луѓе што носат и поголеми броеви облека и исто сакаат и тие да се облечат убаво, а не да носат само широки и демоде облека. Само тоа се наоѓа..
Во македонија да најдеш убава облека за плус сајз е како да копаш биткоини. Едно време нарачував од Yoursclothing, ама сега нема веќе опција за достава до мк. Остана само Асос ама и таму е за помлади.
Тиз ај! Со традиционалниот осврт на годината. Какви ли убавини не чекаат во новата, брзо брзо да ја испратиме оваа. Размислував, еден период бев толку полна со трпение, ги молев сите да се добри едни со други, да си помогнуваат, да се преслушаат пред да изустат... всушност одев како на трње. Тивко, полека, да не го разбудам ѓаволот. Требаше господ да го разбудам, ама да беше...таму...некаде. Ќе си земам за право да ја препишам оваа лутина, нетрпеливост, и гнев на другата јас што трпеше. Надевајќи се дека тивко кроце на прсти злото нема да ни ги изеде душите, и нема да не одвои. Све е тоа срање. Уште една година, можеби сега се чувствувам малку повеќе порасната. Се чувствувам и како да се враќам во паничните напади. Во ред е, сега знам што се. Се препознаваме. Ова зреењево во етапи, изгледа дојде до непосакувана реакција. Уште една година, враќање на конзерватизам, мизогинија до повраќање. Глуми девојка на филм лажен оргазам, вели глуп филм исклучи го, како може ли да глуми, такво нешто не постои. Секој ден се посилни, секој ден се поуплашени. Од сите работи што може да ти се случат затоа што си жена. Година во државава.. како воздухот надвор сега. ... Всушност.. имам за исповед. Прв пат оваа година, најдов волја за живеење. И покрај се. Да бидам искрена, беше тешко некогаш да станам од кревет. Кога не живееш, сеедно ти е дали ќе умреш. Тоа е многу страшно постоење. Знам дека не сум сама.. Сакам да ви кажам, има сонце што доволно е еднаш да ве огрее. И ќе ви даде желба и љубов за живот. Само посакувам многу многу побрзо да ви дојде. Нема да го реши ниту еден проблем, ниту да го сруши ниту еден страв, само ќе постои, и ќе сакате и вие да постоите со него До следна година исто време СДК, надежно со помалку драматизирање
Значи од една страна ете се нервирам кога на апликација за оглас за работа нема да добијам ниту повик ниту меил. Е од друга страна ред флег ми е и кога некој инсистира да те вработи иако си тазе излезен од факултет, досаѓа по меил и телефон иако на најможен учтив и културен начин веќе си ја одбил понудата и тоа одбивање го сфаќа премногу лично и е навреден до немај каде. Наместо едно културно "Во ред, благодарам" и да нема проблем во иднина да соработуваме, ако се пружи подобра прилика. Не знам еве дали јас очекувам превише професионалност од луѓе или стварно има безобразни како овие вториве.