Значи, за предновагодишни прослави цената се движи од 800 денари до 1000 денари, додека пак за новагодишна прослава со истото мени и истата музика, цената се движи од 2000 денари па нагоре.. Буквално исто мени, исто се, само од предновагодишна е сменето во новагодишна прослава и цената е зголемена двојно, па некаде и тројно..
Што дијагноза од детство е ако празници те тераат на карање? Или може кумулативен стрес, па да сме во духот со огнометот. За другарка прашувам.
Во склоп на муабетот 2022 ја заокружувам со истите срања со кои ќе ми почне 2023. Генерално, испраќам шит година, а и следната нема да е нешто подобра. Нека не служи здравјето само, другото вака или онака мора да пројде.
Јас ја почнав со корона, ја завршувам со (најверојатно) хеликобактер и остали маки Колку шо имав маки со здравје годинава, никад сум немала. Со очи ќе ја јадам само изгледа руската за Нова
Интересно е, гледам дека и на други им се повторуваат исти работи кои се случиле на почетокот на годинава. Мислев само на мене ми се случува тоа.
https://360stepeni.mk/nepoznati-litsa-ja-demolirale-planinarskata-kula-na-titov-vrv/ и зашто? која е потребата од руинирање планинарски дом? единствено нешто шо им нуди покрив на планинарите кои се пентарат и на екстремни температури. Единствено место кај шо може да се згреат, да стаат глава на перница, и тоа им го одземавте? вие сте го праеле тоа? на вашите е? не. него пошо не сте дале трошка пот, мислите дека можете да го руинирате, стока невоспитана. за нас не е ништо бе. остај две клупи у цела држава, и сите да се снаоѓаме стока народ
Џабе сите закони што ги имаме џабе и да влеземе во Еу да донесат кој знае какви закони, едноставно научени сме на безредие, на непочит, на уништување, ниска општествена свест 1000 години да поминат овој народ нема да се смени очигледно.
Јас годинава ја започнав со две личности кои ми беа меѓу најблиските и најважните во животот, а ја завршувам без нив. И општо со живот сменет за 180 степени од тогаш. Нека 2023 биде подобра, доста беше од оваа.