Имам многу работи во животот, добиени од Бога, родена со нив, стекнато, заработено, баш баш многу работи, но, многу често на моменти знам да не ценам, во смисла да ми е досадно и да барам уште и уште. Криво ми е што сум таква ама во моменти знам да избувнам и после со денови да мислам зошто во одреден момент сум испаднала неблагодарна....
Денес после многу години сретнав поранешен семеен пријател. Професор е на еден наш факултет, а порано беше и декан. Се сеќавам како дете со моите делеа се. Добро и лошо, убави моменти, ноќи исполнети со интелектуални, интересни муабети, додека да стане тоа што стана. Потоа некако неприродно патиштата се раздвоија. Се поретко доаѓаа, се поретко моите одеа. Седенките станаа празни... ги немаше истите разговори, исполнети, поучни... Станаа исполнети со - кој со кого каде седел, кој со кого си го имал. Последната средба беше кај нив, поканети беа моите со други такви луѓе. Ноќта била исполнета со празни муабети, оговарани луѓе во отсуство, муабети кој кого и како зезнал... наместо разговори кои би се очекувале од тие луѓе, професори. Татко ми беше разочаран што дефинитивно го изгуби својот другар и реши дека пријателството нема поента и дека веќе не е истата личност. Одеднаш неговиот другар зборува гадно за жената на некој си професор кој не го ни познаваме... зборува за зделки... а по редот, би очекувале дека интелектуалноста ќе порасне, а таа стана простота Денес само ме праша, остарен ли е? Како да е мерило ... му реков само да. И вистина, ме препозна, не му ни климнав, поминав... колку убави времиња беа тоа... ни поминаа.
Истата сум, немам мое стекнато уште ама и кога ништо не ми фали јас пак сум неблагодарна и сакам уште уште и уште, исто и со пријателки, дечко имам премногу добри срца околу мене и пак мани наоѓам, после се каам колку сум неблагодарна и мислам на можноста заради мојата неблагодарност еден ден универзумот да се заврти против мене.
Депресија ме мава на најако иам самоубиствени мисли колку сакаш да ме ислуша нема никој сама сум скроз животот на некој е мајка на некој маќеа зашто го заслужив јас ова
Кога доаѓа некој сериозен проблем си викам еве ти за памет и пак исто....не знам дали е тоа човекова природа или е моја
Пиши ми кога сакаш тука сум Мислам човекова природа нема кој не е таков, или јас не сум го сретнала , сепак неблагодарнста ме јади некако и се плашам од бумеранг ефект.
Како би изреагирале ако некоја ваша роднина уз муабет ви каже дека подарокот кој што сте му го дале на нејзиното дете на роденден го подарила негде? Мислам, не беше сега 1000 евра подарокот, ама беше робот што се прави како кола и можеш да го управуваш на далечинско, 2000 денари дадов за него, и баш ми падна криво.. Знам дека е нејзино дете, што сака ќе му дава да си игра, и подарокот од кога ќе го дадеш не е веќе твоја сопственост, ама ми падна ептен криво.. Му се ближи на детево пак роденден сега, и искрено се замислив дали воопшто треба пак да купам нешто или ич да не одам..
Дека за Бајрам цела почетна на ФБ ми е ‘им го честитам на сите пријатели од…’, а денес Ниту Еден нема пишано ‘Среќен Божиќ на сите пријатели од католичка…’, околу 600 пријатели имам на ФБ. Не знам можеби само мојата почетна е ваква…
Истанбул.. Кога го видов ова срцето ми се стопли Затоа го сакам овој град, овој народ ахх колку би сакала да останам тука засекогаш..
Од ко оперирав мачорот сум "бордерлајн" параноична. Во наводници пошто не е бордерлајн. Целосно е. И една вечер само го имав остаено без мене од тогаш. И сега прв пат 2-3 вечери ќе ме нема, а порано пракса ми беше често да излегвам од град. И сега лежам в кревет и молам за слики од него. Мајка ми зеде ми бара слика од мене. Ѝ викам слика за слика. Ако сакаш ти твоето дете да видиш, ќе ми покажиш мене моето.
Само твојата е. Но, сепак далеку повеќе честитки има за христијанскиот, веројатно зошто има помалку католици.
Живееме во сон, се допираме, се лажеме, си нанесуваме болка пробувајќи да се допреме повеќе, да си пријдеме поблиску. Мислиме, па отпуштаме сѐ за момент, се предаваме на непознатото, на желбата, на комплетната случајност. Најубаво е тогаш, да се живее барем за момент во рулет машината. Во суштина сами сме. Никој никого не може да заштити, сѐ е во рацете на случајноста. Не знам само како се враќаме во другата реалност, во онаа во која со сета сила пробуваме да се убедиме дека е реалност, а не знам ни зошто. Веројатно е утрото или навиката, или знаењето дека ноќта нѐ чека пак да нѐ прегрне во својот фантастичен свет на игра во која сѐ е дозволено да се помисли и оттаму нема ни потреба да се направи. Би живеела вечно таму.