Кај и да е за еден час треба онлајн да полагам испит, ми се повраќа многу ми е лошо. Не знам дали заради испитот или ми се повраќа нешто општо од кога станав ама едвај чекам за завршам.
Дали се нормални салониве за кучиња со цени од 1000 денари за бањање на минијатурно куче и сечење нокти?
Преспав сега главата толку ме боли што ми иде да си ја удрам од некаде не можам да ја поднесам колку боли
А дека ЈСП(читај владата) мисли дека ќе го намали загадувањето со воведување на бесплатен јавен превоз на ден, два..
Преку глава ми е од политичарите се криви за состојбата во државата. Да политичарите се криви заради нивните политики и кражби, ама и народот е крив немаме право на изземање од вина. Бидејќи знаеме какви политичари имаме 30 години иста прикажана и додека не им се затресе столицата ќе уживаат. За жал служам имам деца, па напротив заради тие деца да живеат во нормална држава и нормално општество, ама кукавиците бараат изговори, и за жал филтерот е одење надвор. Се додека немате храброст да излезете на улица државата ќе ни биде во ваква состојба, повторно ќе повторам немаме право на изземање и ние самите сме си криви.
Ако закажам преглед кај специјалист Др. Трајче Стојковски кога ќе отидам во установата, очекувам да ме прегледа Трајче Стојковски. Не стажанти и студенти без присуство на доктор да ме прегледаат и пишат дијагноза па и препишат лекови и стават печат од докторот, иако него жив го нема таму. Не знам ама сметам дека вакви работи заслужуваат пријава. Или мислат дека се доктори тазе излезени или уште неизлезени од факултет?
Како и да е, зошто некогаш сами работат со пациенти а докторот каде е закажан прегледот никаде го нема? Немаат уште завршено специјализација, не треба сами да прегледуваат пациенти. Што ако испадне грешна дијагноза или грешен лек препише, кој ќе одговара? Ќе речам па Трајче ме прегледа, а Трајче нит ме чул нит видел тој ден.
затоа што во оваа држава живеат луѓе кои не и мислат добро и работат на нејзино уништување. По принцип капка по капка, е токму оваа е една капка од тој процес. Можеби си забележала дека се повеќе има кражби, уништувања, кршење, веќе никој не работи на создавање и градење на нешто ново што ќе остане за следните генерации ..
Познаничка беше скоро на ОРЛ и стои печат од докторот, а прегледот го извршил специјализантот. Докторот не ни бил присутен
@Munchmallow20 така е обично кога дијагнозата не е сериозна, па препуштаат на специјализантите. Гледаат однапред за што се работи, па ги викаат докторите ако има потреба. Барем досега моето искуство било такво.
Не знам, сепак уште учат, ти одиш на преглед кај специјалист, не некој што не е тоа. Бтв како ќе познае дека не е или е сериозно ако нема искуство? Може да мисли сѐ во ред ама да испуштил некој детал при прегледот и уствари да не е