Според упатот и шифрата за дијагноза што е пишана. Што знам, специјализанти се сепак, не студенти. Јас на пластична за мала интервенција бев кај специјализант и супер поминав.
Со присуство на прегледот кој го врши специјалист. Збориме дека не треба сами да прегледуваат пациенти. Оти па и не секој спевијализант значи дека стварно знае во областа, може не му оди нешто нај.
Може еве на упатот пишува дека има чести болки во стомак и те праќаат на интернист. И знаеме дека треба убаво да знаеш на ехото што е што оти еве мене ко недоктор све ми е исто. И може да има не знам, камења или тумор ама да не ги види оти нема искуство. Нека ме прегледа интернистот а нека му објаснува и на специјализантот. Ама сам ако е тој, сумња ми е.
Стварно не знам што да ти кажам за хипотетички ситуации. Досега моето искуство е тоа, кај тебе не знам за што се работело. Секако ти можеш да побараш да те прегледа докторот на кој гласи упатот или да не се согласиш на преглед воопшто.
Присуство на преглед е за студенти. Следно е да вршат специјализанти преглед под надзор. И со тек на време и без надзор. Мора да стекнат пракса и искуство за да работат сами, а не еден ден рандом да ги фрлиме да прегледват луѓе пошто "официјално специјализираа", а до тогаш 1 на 1 не биле со пациент. Специјализант не е некој веќе завршен, лиценциран и честопати со претходно работно искуство? Пошто колку шо знам - е.
Да, они може да работат и пред да запишат специјализација. Уствари голем дел од нив и работат како општи доктори измеѓу студиите и специјализацијата.
Ама како општи доктори е друго. Ете може специјализантот да прегледува а специјалистот да е присутен. Ама ако одам кај понатамошен преглед кај специјалист, сакам да е кај специјалист.
Твое право. Ти кажав, ако не се осеќаш сигурно, побарај го докторот. Ако не може да те прегледа докторот, одбиј го прегледот. Како пациенти имаме права, ама сигурно и тие имаат своја политика за работа. Едит: не верувам дека од прв ден на специјализација одма ги ставаат во амбуланта. Значи сигурно имаат веќе претходно искуство со пациенти во присуство на докторот. Инаку од каде би знаеле да извршат интервенција, конкретно во мојот случај.
Taka e. Не ги стават сами уште на почеток. Потоа кога ќе видат како им оди ги оставаат и сами. На ехо ако видат нешто сумљиво го викаат специјалистот. Специјализантите не се некои што допрва се сретнуваат со медицината, тоа се доктори. Башка ако дијагнозата е потешка го викаат специјалистот.
Точно е, треба да имаат надзор, и имаат. Ама ако спезијализантот е веќе последна година секако дека може и сам да е препуштен за некои работи.
Исто и обратно. И тој доктор некогаш е бил специјализант. Како ќе надгледува доктор кога имаат повеќе специјализанти?
За одредени “покомплицирани” интервенции мислам дека мора да има надзор, баш асистентот на вежби, кој е при крај на специјализација, ни кажуваше дека сеуште не смее да ја прави една поинвазивна процедура сам, додека прегледи од мој термин и сл. си правеше сам.
Па и да те прегледа специјалист, тоа не ти е гаранција дека ќе добиеш точна дијагноза. Повеќе искуство не секогаш значи и повеќе знаење. Специјализант може да има повеќе истражувано за ретки заболувања и дијагнози и повеќе да слуша кога пациентите се жалат, па порано да препознае што им е и да му каже на специјалистот. А, специјалист може да промаши.Се случува. Ти барај си да те прегледа специјалист, ама обрни внимание на тоа дали те слуша и како те третира.
Дека две години сум дома и реков дека ќе научам германски. Летово 2022ра толку убедена и решителна дека до крај декември ќе знам течно германски и ќе зборувам со самодоверба и без страв, што потраја тоа дури 5 дена, зедов еден курс од 5 недели кој го поминав за 5 дена, значи трпение НУЛА и тука и завршив. И сега дојде декември, се враќам на работа и пак со страв. И сега дали е смешно на 27ми декември да речам дека до 1ви јануари ќе извежбам до толку што со самодоверба ќе отидам на работа? Не знам кај лежи зајакот за да се остане доследен на кажаното…
Најпрво, треба да се поставуваат реалистични цели. Потоа, треба да се направи еден општ план како да се оствари целта, па еден подетален план на месечно ниво, па уште еден подетален план на неделно ниво. Па да се работи на случајот на дневно ниво, колку се може. Треба да бидеш конзистентна во работење на остварување на целта, и трпелива зошто резултати не се добиваат магично преку ноќ.
Ова ми е слаба страна. Единствено конзистентна останав кога реков дека шеќер веќе нема да користам и еве повеќе од четири години се држам до тоа. Ќе пробам со планови и ќе ги закачам по дома.
Ме нервираат персони што си го бутаат носот кај што не му е место за да искочат фаци, ин, у тренду. Као, никој не побарал од тебе да се ангажираш за тоа, бидејќи не е твоја работа. Ама сакаш да се направиш фаца, дека си инволвирана во сѐ, ама смешно е и нема потреба.