Да може. Ама кога бирам специјалист не идам кај било кого. Слушам искуства од други луѓе и бирам по тоа. Или ја прашувам матичната да ми каже според искуства од други нејзини пациенти. Ама кај било кого не. И сеа ми нема смисла сум се надевала на уреден преглед од докторот кој ми го фалеле ама докторот го нема туку некој друг таму гледам. Еднаш отидов на очен лекар така што го избрав на тепка и се покајав 10 пати.
Имаш право да го бараш тој доктор кај што имаш закажано. Но, не е толку ретка појава специјализант да работи наместо специјалистот. Тоа се веќе искусни доктори и успешно ќе ги дијагнозираат повеќето ситуации. Пример, јас за протеза отидов кај најдобриот ортодонт во мојот град. Бев кај него за консултација и од тогаш го немам видено затоа што целата процедура ми ја води специјализантка, а со негов потпис и печат. Едноставно така функционира и сум задоволна. Гледам дека знае жената. Се надевам дека и тебе ќе ти се погоди твојот специјалист. Поентата е, нема потреба да се плашиш до толкава мера дека некој ќе ти ги промаши лековите. Да не одам во крајности да зборувам за доктори со 30 години искуство какво незнаење можат да имаат, ама тоа е реалноста.
Тој доктор што ти си го избрала гарантира за специјализантот што е оставен да прегледува место него. Сепак, негово име и презиме стои на извештај, покрај името и презимето на специјализантот - лекарот што те прегледал. И станува збор за специјализанти кои се трета/четврта/петта/шеста година на специјализација. Секогаш може да се консултираат и со специјалистот, ако забележат нешто што не е вообичаено или ако има некој проблем. Имаш право да не сакаш да бидеш прегледана од специјализантот. Ако не ти се допаѓа, не се прегледувај таму или барај го докторот специјалист и разговарај со него.
Читам синоќа пред да заспијам стари мислења во некоја рандом тема, и за едно си викам wow кој го напишал ова, колку паметно Јас го имав напишано. Ај што сама себе не се познав со нов аватар, туку скроз сум заборавила дека воопшто сум пишувала на темата.
Посебен круг во пеколот за оние луѓе кои се шетаат во автобуси, без никаква причина, туку само зошто е бесплатно.
Зошто ги слушаш во автобус како си коментираат, ееееее колку се изменило Ѓорче и сл. Еден дедо прашуваше луѓе до кај оди автобусов ? Можеби не се возиш по автобус, ама ваквите луѓе одма се приметуваат
Сиромашна држава сме, дале бесплатно и сакаат луѓето да си искористат превоз и да одат до некаде можеби. Кога има опција зошто да не, кои сме ние да судиме? Наместо да ги осудуваме нив, жално е колку сме сиромашен народ што нема пари за превоз да прошетаат кога не е бесплатно. Не се луѓето криви, немаштијата на се ќе те натера. Политичари бесплатен превоз да не ќе користат што се нафатирале пари? Некој сирот човек ќе користи, кој друг.
зашо да не? еве ќе ти кажам зашо и онака линиите им се ХАОС, автобус нема коа треба да има, каснат, и кога ќе дојде на постојка е веќе ФУЛ, и уште се шетаат безвезе. А за сметка на нив, ние шо треба до факс да отидеме, некој на работа или у школо, не можеме да влеземе имав постирано прошлата недела баш овде. еден дедо карши мене у 2ка си ги седна марулите на седиштето до него, ЕДИНСТВЕНОТО празно седиште, 7 души стоеа во пролазот. И си ги возеше марулите до Ѓорче Нема пазар Буњаковец? Нема во Тафталиџе? Во Ѓорче? нема марули во пиљари? или тие од Битка се позлатени? мене ми личеа на обични марули. Пола Скопје го пројдоа тие марули на седиште. и ќе каеш дека не се шетаат? па ја на 21 гледам од шо поблиску да испазарам да не се мрцварам и акам по продавници, они со 70+ го шетаат Скопје за скапани марули и праз. ај ние шо идеме на факс, у школо и на работа со автобус, да не идеме, за они да се развозуваат
Не си ништо попривилегирана од другите луѓе. Секој има право да се вози и кај сака да оди. Да шета или до работа, школо. И тие "скапани" марули и праз мора некој да ги продаде и некој да ги купи, од тоа леб вадат луѓето. Помалку себичност и гледање само за свое гајле, подобро место ќе беше светот. На Битпазар е најевтино, затоа таму купуваат луѓето. Нема тебе да те прашаат со свои пари каде да пазарат.
@Feminka22 ти го сфаќам револтот, сум се влечела по автобуси и возови цел живот и знам како е. Дека сме некултурни, сме. Ни нема рамен во некултура. Ама не се криви луѓето. Не можи во главен град каде имаш милион жители да не ти е организиран јавниот превоз. Никаде го нема тоа. Лотарија е дали ќе дојди автобусот или не. Само сакав конкретно за сликата да прокоментирам, баш беше пример колку сме сиромашни, во право е Радлер. Една слика илјада зборови. И некултура, но и сиромаштија. Можи грешам.
не знаев дека имаме волку филантропи на форумов нема везе, ми ја утна поентата на муабетот батали сум ѕвонела во ЈСП, кажував ја прашав госпоѓата шо е проблемот со автобусите, и ми рече ,,сакаш да видам кога ќе ти дојде автобусот?’’ фала. Откако ќе смрзнам 30 мин чекајќи и не, не е оправдание да влечеш марули од Битка до Ѓорче. Не зезајте и јас имам пензионери дома, ама сегде идат пешки, за да не закачат корона у автобус, за да не се буткаат.
Само имам разбирање за луѓето. Не живеам сам во општеството, живееме во град со скоро милион жители, па нема за мене празен автобусот да биде специјално сигурно. Ти како некоја што се прави дека сака правда по сите теми, треба да имаш разбирање и за овие сиромашни луѓе, а не само за себе да си гледаш.
чоекк чекај малце, ми праиш глич муабетот беше дека е ЗАТКА во автобусите бидејќи се возат луѓе безпотребно никој не збори за сиромаштија, шо мешаш баби и жаби и да, баш пошо се борам за правда, сакам и да има место во автобусите сериозно не е океј торбишта да се влечат по автобус. Не е практично прво. пред некое време една жена, немаше повеќе од 50, носеше две торби поголеми од нејзе, и не можеше да ги качи пошо ќе се превртеше со нив. И` помогнав секако, и ги тупна до мене, и не можев да мрднам од нив, она од едната страна, торбите од другата страна. И онака се ЈСП идиоти, и не пуштаат автобуси, не мора да се полнат со глупости. И јас имам денови кога шетам онака бесцелно, ама го праам тоа пешки. Ќе искочам, си ставам слушалки, си пешачам, си размислувам. не се возам од дома до Аеродром бидејќи неам попаметна работа. Или место во маркетов доле што ми е, да идам карикирам во Кисела Вода да пазарам за дома. Зашто би? прво себеси си отежнувам, второ со кесиштата зафаќам место. не моеш да ме убедиш у ова и крај не е океј.
Да си гледаш повеќе за себе, а не за другите, тоа е решението. Не знаеш кој каде бил и што мака има. Јавен превоз, значи превоз за сите, не само за тебе и одредени луѓе. Колку право имаш и ти, толку и тие на него. Толку. Се друго се глупости и себичност. Малку автобуси се проблемот, а не луѓето што користат јавен превоз. Како и тебе, така и на нив им треба превозот. Преголем град, многу луѓе, малку линии, тоа е целата работа. Тој проблем не може да се реши со тоа што нема да се возат луѓето, ќе се реши ако пуштат повеќе автобуси ЈСП.
Па баш пошто и гледам за себеси, коментирам студирам на Општествениот кампус и можам со двете раце и нозе да ти потпишам дека у период 13-15ч има по 1-2 двојки, и кога ќе дојде, не можеш да влезеш а дру автобус, не ми врши работа, и јас до вечер ли да чмаам таму? кога ќе дојде на Бит Пазар, е полуполн, и се полни до крај од старци, бидејќи буткаат за да влезат, а не сум кобила да почнам јас да ги буткам. И се повлекувам. Прошлата недела смрзнав ко врабец И прошлата недела исто, пишував овде за една баба шо буквално ме избутка со раката за да влезе у автобус. Тоа океј е? ја неам 300 денари секој ден за фрлање за такси да ме извиниш. и пак се вртиме дека НЕ не им треба да пазарат од Бит Пазар, ако живеат во Карпош или Ѓорче. прво е бесмислено, малтретирачки. џабе дискутираме, ти си решил нешто и тераш по тоа а и јас.