Не е гужвата од што се возат луѓе непотребно туку нема доволно автобуси. Да бе, нема друга работа некој и ќе се вози во преполн автобус. И колку може да се такви, двајца, небитно.
Кој ти рече такси да плаќаш? Другите да плаќаат такси за ти на раат да се возиш? Секој ден се возам и јас со автобус, фалат линии, луѓето не се проблем пак ќе ти кажам. Сум се нервирал и јас дека нема автобуси, сум ги кривел ЈСП, не луѓето. Сигурно и нив не им е многу желба да се возат така. Да сме имале можност за кола или да не требало да одам некаде со автобус, немало да одам. Сите луѓе имаат некаква потреба кога го користат автобусот. Многу стари одат и во поликлиниката на Битпазар, не одат само за на пазар, може тоа им е плус 2 во едно одење. Не им пишува на чело каде биле. Дискусија не се води со еден став имаш ти, еден јас. Не ни планирав со тебе да дискутирам, на друга членка јас и риплајнав, ти сама почна да се убедуваш. Во ред како и да е. Несозреано мислење од твоја страна и себично, како и на голем дел од луѓето. Само за себе да се гледа, емпатија за другите 0.
eпа дајте да превземеме нешто треба да им се ѕвони во ЈСП дур не им рикне телефонот сеа тек од коа стаија бесплатен превоз кој хаос ќе е а не е фер на ова загадено да се чека по 30 минути автобус да е потопло, може и пешки да движиме ама ем ладно, ем загадено, и уште по 20-30мин автобус да чекаме, па не живееме у Париз мајката а нив коа не им одговара нешто, блокирај го цел град ја мајката
Битпазар е подобро опремен од другите два.И некои ствари таму се со подобар квалитет. Не е само потреба за шетање во прашање, туку и за снабдување.
Сите исто зборате само во башка место проблемот го гледате лол. Јас се согласувам дека треба поќе автобуси, за секој да има еднакво право да се вози кај шо треба. Преѓе морав во бус, како сардини бевме со луѓето. Еден чичко вратата го фати. Јас стварно не мислам дека некој без потреба би се нафатил на то. Јас лично не би се нафатила да бидам таму во тој момент ако не морав и се симнав порано оти имав "луксуз" од вишок 15 минути време. И жал ми е за тие шо имаа подолго за возење така напикани. Жално беше. Али возачот срце. И музиче пушти и проба максимално организиран да е за никој да не настрада ( иако еднаш еден чичко на врата се фати).
За некултурата не би да зборам, за тоа ни нема рамни дефенитивно. Ама сметам дека не е во ред некој да доцни на работа зашто не може да се качи во автобус зашто е преполн, а некој да се шетка за без причина. Работникот може отказ да добие, ама нив тоа баш не ги занима. Конкретно, секој ден се враќам со истиот автобус во исто време.. Никогаш немало повеќе од 20 луѓе внатре. Денес немаше место да се качам и саат време чекав друг. Не за џабе е бесплатниот превоз. Воздухот е загаден и ако немаш причина не излегувај надвор.
Мајка ми не вози кола нема возачка и ете што да прави жената мкне ќеси од зелен, бит пазар зошто е таму поефтина зошто да пазари од маркетот кај нас и да плаќа плус кога има слободна? Не можеш да знаеш кој зошто каде иде. Крај краева и да сака некој да се повози ете разонода му е.....тоа државата го прави малце автобуси, претесни се со малце места,не ги чисти. Дава бесплатни денови одредени и ред други работи. Не оправдувам ставање само на седиште ако платиш еден билет. Но, дали ќе те турка тебе или мене е исто како јас што од школо со ранец сум буткала луѓе, така и мене до ќесите од пазар
Да, ама тоа и е поентата на бесплатниот. Да одат со него, а не со кола. Пак е виновен градот, џабе мерката бесплатен ако немаш доволно линии и се нередовни. Од друга страна ве разбирам.
Едно-две стварчиња на седиште не се проблем.ЈСП си има одредено колкав товар е дозволено да се внесе. Проблем е кога напнуваат помлади да им станат, а можеби помладите не можат да стојат(на пример и млади имаат проблеми со колената, или ете оперирани млади).
1. Беспотребно не отишле на пазар, отишле со намера да си купат продукти за јадење. Дури и да отишле беспотребно, едноставно имаат право да си го користат тој слободен превоз што му е даден. 2. Не купуваат по пиљари веројатно затоа што му е поскапо. Дури и да не е така, имаат право да купуваат од кај сакаат. 3. Носат големи торби и куфери, затоа што му е поефтино од плаќање такси превоз. Дури и да не е така, имаат право да си се возат со автобус. 4. Ако не ти се допаѓа, не се вози. 5. Не треба да им се лутиш на обичните луѓе, туку на оние кои го дозволиле таквото безредие.
1.Епа тие денови кога им е нив бесплатен превозот ние другите мрзнеме Боље да има тогаш повеќе линии тие денови бидејќи не е фер и ова не е од денес, ова е со години. Уште во средно кога одев, во 7 сабајле беа фул автобусите со пензионери. 2. За пиљарите, пак пишав дека во Карпош и Ѓорче има пазари. и да мора да е од пазар. 3. млади со куфер НИИКОГАШ не сум видела, само стари луѓе 4. хм, да можев, верувај ми немаше да стапнам во автобус. затоа и се бунам пошто мора проблемот да се санира
Па затоа викам треба да напраиме нешто ќе испоцркаме зимово не е фер јас и на сајтот имам пишувано и не одговараат секако ама јас една не можам ништо да напраам. Ама познато е кај нас дека кучињата лаат, а караванот си врви..
Извини ама ти почна да ги укривуваш луѓето кои си ги користат привилегиите кои им ги доделила државата. Јавен превоз си е јавен превоз и секој има право да си се вози кога сака, каде сака, како сака. Сега е такво какво што е, ако не ви се допаѓа секогаш имате опција да го прескокнете јавниот превоз. Идејата за промена е убава. Имате поддршка од мене за тоа.
Значи јас не реков да не се возат. Ама да е со потреба, бидејќи секако има гужва и не е фер да се шета некој пошо му е досадно во пензионерските денови. И посочив дека и јас акам така бесцелно, ама пешки. Од овде до онде. И ти кажав, да можев ќе го прескокнев, и јас се нервирам секој ден, ама не можам ете. Приморана сум уште некој месец да го користам не викам дека СИИИИТЕ гоправат тоа, ама има такви и не може да ме разубедите. Поготово у 7-7ипол сабајле. У бош време
Феминка, јас многу добро те разбирам. Треба да се има разбирање меѓу луѓе. И да треба да се отиде на пазар да се купува, нека одат подоцна, еве во 9 да речеме кога нема толку гужви по автобуси. А не накрцани уште во 7-7ипол сабајле чиниш ќе го затвараат битпазар денеска Ова ме потсеќа на времето кога ги воведоа вторник и петок како бесплатни а пензионери. Па тоа беше ПЕКОЛ за останатите луѓе. Сите дотерани, намирисани (чат пат и по некој кој корне на лук во 7 сабајле) и ќе се шетаат низ Скопје. Оние луѓе кои не се возат во автобус не можат да ја сфатат фрустацијата. Качете се еднаш во пикот 7-8 саат сабајле и 4 попладне и видете што се дешава, па ќе праиме муабет.
Не ме сфаќаат Мислат од инат или злоба го зборам ова Ама стварно ми е преку глава. Сееекој ден истото ми се случува Утре или задутре ако одам до факс, баш ќе сликам. Значи прво, стварно нема линии, и кога ќе дојде двојката се туркаат кој прв да влезе, и меѓусебе се караат. А не сум до толку да буткам баби и дедовци за да влезам во автобус. И после си чекаш уште 20мин за следниот. Еднаш така каснев на важен состанок. На време бев на автобуска, автобус чекав сто саати, и на крај пак не влегов
За линиите те сфаќам. За недоволно автобуси им пишав и јас.Ама, треба многу да се побунат за главните идиоти да сменат нешто.