Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.172
    Пол:
    Женски
    Има членови кои живеат странство и такви кои прошетале. Баш ме интересира дали таму има гужви по автобуси? Чисто за споредба, бидејќи мислам дека можи да се искористи некоја добра практика од светот кога веќе сами немаме решение.
    Таму каде што сум била и сум се возела со јавен превоз, можам да кажам дека е бетер од тука и покрај тоа што има превоз на секои 2 минути. Истанбул беше кошмар, на секоја секунда имаше автобус, а не можиш во ниеден да влезиш од што се преполни. 31 постојка, 3h патував на сред корона. Имаше луѓе толку многу шо мислам дека дм го изневерив едно 50 пати од што бев толку блиску до луѓе залепена.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  2. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    26.293
    Пол:
    Женски
    Не го споредви Истанбул со други земји.Истанбул е џунгла без ред :D
    Доста сами се калабалак и од цел свет одат на прошетка и нема шанси и да сакаат да средат не можат страшна гужва е 8-|
     
    На elimkd, crimson, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    :rofl:

    Од Чиркева до Валета 3 часа патував :sweat: Ај тоа башка првиот автобус на пола пат се расипа и сите не симна и тоа баш во најголема гужва. Три автобуси пропуштив оти не сакав да се бутам во толпата.

    Ај ова, наутро во 5:30 на постојка наречена Бомби ( одлично име ) :worried: ќе дојде бус, ако застане пред тебе ќе те збијат толку многу да не можеш да пуштиш нога да се качиш,па ако можат да рипнат врз тебе,да те изгазат ќе го направат тоа и око нема да им трепне. Сега го направија од Октомври бесплатен превозот за да го намалат сообраќајот оти дневно по тунелите има по 5 сообраќајќи. Значи бомба. Тепачка за седиште, за ако не отворил врата, ако не застанал. Лудаци!
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    Не е проблемот у чичето со марулите, проблемот е шо никој не му рекол ај те молам прибери марулите да седнам.

    Чарето понекад пет пари е.
     
    На Just.do.it, Biljarkata, LiliBoz и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    21.209
    Легендата вели дека вработени од државните клиники некогаш ќе научат да пратат резултати на меил/вибер, да не мора да им идеш пак лично.
     
    На Just.do.it, cresa-jagoda, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Marble

    Marble Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    На клиничка биохемија за некое чудо ги испраќаат.
     
    На cresa-jagoda и Angie1432 им се допаѓа ова.
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.097
    Пол:
    Женски
    Ќе мкнам цела гајба јаболки до дома и плус 2-3 кеси и ташна, ама двапати до долу не се симнувам. :muscle:
     
    На fbaby, Lella, Alm. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Како најдобро средени каде што сум била се:
    1. Дубаи - одличен метро/автобус систем, чисто, лесно се прави картата и е со седиште, ако нема седишта нема карта на автоматот и нема влез. Има на секои 2 мин. Абу Даби/Шаржа исто.
    2. Доха, Катар - и тоа во време на светско супер уреден метро/бус систем со истата карта бираш метро/ бус/ tram, колку седишта толку патници на секоја 1/2 минути. Има дури и ВИП ложа во метро 8). Чисто и уредно.
    3. Сите големи градови во Швајцарија (Цирих, Женева...)- метро/бус/tram - јас користев бус и tram - автомати за карта, ретко некој стои, чисто.
    4. Скандинавија (Осло, Копенхаген, Малме, Стокхолм, Хелсинки) - автомат за карта, ретко кој стои, користев метро и тоа од аеродром значи има луѓе со куфери, но доста висока цена за стандардот.
    5. Амстердам и Брисел - користев бус и метро, попристапна цена од скандинавија но сепак висока, чисто и уредно.
    6. Њу Јорк, ЛА, Сиетел, Далас, Вашингтон, Мајами - користев метроа и бус, лесно се вади карта, добро организиран, навремен, чисто и уредно но има часови кога навистина е гужва. Како и дел од квартови каде се почувствував небезбедно.
    7. Сингапур и Јапонија - исто како и погоре.

    Од друга страна лошо организирани, доцнт, има гужва и турканици, лоша хигиена, слична слика на МКД, (некаде повеќе некаде помалку секако)

    Париз, Лондон, цела Кина (со исклучок на Жен Шенг и Тајван, тука не доцнат но гужва е огромна што е сосема разбирливо), цела Русија, Италија, Шпанија, Источна Европа со исклучок Словенија и Чешка (овие две се задоволителни), Турција, Алжир, Египед, Мароко, Бразил, Јужна Африка, Кенија, Танзанија, Нигерија, Тајланд.

    Најлоши од најлошите каде што не ни влегов бидејќи не се чувствував безбедно: Bombay, New Delhi, Lahore, Islamabad, во превод цел Пакистан, Индија, Непал, Ирак, Иран, Индонезија, Малезија.

    Бали, Малдиви и Пукет зависи од буџетот и организацијата, јас имав приватен превоз.

    Се на се, зависи од како е уредено од страна на властите, свеста на жителите, свеста на туристите, а и висината на казните. Пример Сингапур, Катар, Дубаи не смееш да имаш мастика, бидејќи си има казна. Затоа и е чисто.
     
    На Ahoy, molikaMk, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    2.952
    Случајно ја сретнав песничкава , таман за Лека ноќ.:hai: Screenshot_20221227_234100.jpg
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.588
    Зошто не одам на обуки кај секого?
    Затоа што не можеш да си тренер за комуникациска алатка, автор на детска книга и да не знаеш културно да се однесуваш. Не можеш да не знаеш да комуницираш и да не кажам како дрско да враќаш на нормална комуникација само затоа што си одлучила некој да не ти се допаѓа зошто си си одлучила така без особена причина или причината да е измислена само во твојата глава.
     
    На Zhukov и Lot им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    21.209
    Можда:D
    На друго место бев баш вчера.
    Прашав за меил се напраи наудрена таа. Вика лично само.
    Океј
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Имаме порано купувано овошје, зеленчук демек поевтино, ама бидејќи не можеш сам да си одбереш, пред тебе наредени поубавите овошја и зеленчуци, а од страна на продавачот со најлош квалитет, па тој става во кеса, повеќе ќе ти стави што не чинат, отколку добри. Па дома кога ќе видиш повеќе ќе фрлиш, отколку што ќе изедеш, па ќе сфатиш дека поскапо те фатило. И кога ќе се изгориш повеќе пати нема да ти текне пак да купиш нешто од Бит Пазар.
    После купувавме од пазарот Буњаковец и од Зелено Пазарче, бидејќи дозволуваа сам да си одбереш. Ама сега откако пазариме само со картичка, од маркет си купуваме што ни треба овошје и зеленчук, зашто и на пазар цените не се нешто многу поразлични. Човек ако сака убаво и квалитетно каде и да е дали на пазар или во маркет ќе мора да си плати поскапо. А јас секогаш викам подобро нема ништо да купам, нема да јадам овошје и зеленчук, ако е нешто евтино, а со лош квалитет, барем нема да фрлам пари за скапаници кои ќе треба да ги фрлам и пак ќе излезе ништо да не каснам. Ако треба нема да купам едно кило, туку пола кило спрема парите што ги имам, ама барем да чини. Секогаш бирам квалитет, наспроти квантитет.
    Моите ми имаат раскажувано како порано кога биле деца, сиромашен скромен живот живееле, па ќе се израдувале кога мајките на пазар ќе начекале и ќе купеле поевтини банани на пример, ама потемнети, помеки. Јас сум им рекла посреќна ќе бидам ич да не ми купите ако немате пари или купете ми една, две, не мора цело кило, ама да бидат убави зелено жолти, вкусни, а не некои од кои гледајќи ги ќе ми се згади, а не па да помислам да каснам.

    Муабетов што се надоврзав нема врска со ЈСП туку со пазарењето на Бит Пазар, од кој и да ми е блиску до мене па не би купила веќе ништо, а не па од друго место да одам до Бит Пазар и да се товарам. Автомобил да имам па не би трошела бензин, а не па да се гужвам во полни автобуси и да се килавам со роба што не чини.
     
    На Окситоцин ❤️ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    И? Браво, добро што да ти речам. Нема пак луѓето да ги спречиш на Бит Пазар да купат. Таму пазариме, голем попуст даваат, си знам од кои луѓе си купувам што имаат добро овошје и зеленчук, ми даваат и попуст, ми даваат и да бирам зошто ме знаат. Со години од истите пазарам. Сигурно дека во маркети е многу поздраво. Кој знае од каде го носат таму. На пазар луѓе го одгледуваат од скопските села, поздраво е и не е ГМО 70%. Во маркетите, не би рекол.
    Свои пари, твој избор кој каде ќе троши. Не може да наметнувате на луѓето да прават нешто. Најголем пазар е Бит Пазар и имаш избор за се.
    Од маркет овошје и последното да е на свет, нема да купам.
     
    На Alm. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Не треба никој браво да ми рече, само сакав да си кажам свое мислење и искуство, затоа што рече дека таму било најевтино.
    Јас не наметнувам никому ништо, ама како ти да си тој што сака да наметне некому дека нема никаде да најде подобра роба од Бит Пазар.

    Секој нека си ги троши своите пари како сака, ама имам право да си кажам свое мислење, не знам што толку те засегна, па саркастичен да бидеш демек браво ли треба да ми речеш...
     
    На hermosa, Окситоцин ❤️ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Било кој пазар ти е подобар од маркетите, барем домашно одгледувано ти е. Во маркетите не е така.
     
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    И тоа ,,домашно одгледувано" е третирано со хемикалии, за да порасне, да не се расипе. Значи дека не е нешто многу здраво. Затоа што тие што не употребуваат никакви хемикалии, си одгледуваат колку за нив за домашна употреба да си имаат, ама не и за продажба на пазар.
     
    На emiliana, hermosa, minne992 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Еве јас, во Лондон. Не се возам пречесто со автобус, ама имам начекано и гужви да не можеш да влезеш, и луѓе со по 3-4 торби, ќеси, куфери, и чекање автобус 40 минути, и сељаци со гласна музика на спикер, и такви што цел пат се расправаат на телефон, и такви што го пцујат шоферот. Апсолутно се што имам видено во македонски ЈСП и тука имам видено.
     
    На Alm., 1209, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Скраја да е од ,,пријатели”
     
    На Waverly Raven, Gosh, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Peppermintka

    Peppermintka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Мојата најголема лекција во 2022 е ова.
    Ќе ти глумат срцки, најдобри пријатели, ќе те бараат за дружба, ќе ти пишуваат, кога имаш нешто да им помогнеш први ќе те најдат, а ако немаат корист од тебе веќе ќе те заборават и ќе те множат со 0. Будала сум што се растажувам за вакви луѓе, не се вредни, ама ајде.
    Освен мајка, татко, искрено веќе во никого не верувам, во "пријатели" ни малку.

    Најмногу ми е криво што помагав на луѓе, цели семинарски готови лично свои сум праќала за да не се мачеле, нели пријатели ми се, сум завршила пред нив со нешто, зошто да не бидам добра и да им помогнам пример. Сум била другар и фер, во лошо и добро, сум ги тешела, сум давала совети, што и да требало сум била тука. Кога немаше веќе што да добијат од мене, со брзина на светлината ме исфрлија од животот. Од муабети цело време со мене, почнаа да стојат до мене и да не ме рецкаат, со други да си зборат, јас како да не постојам зошто веќе не сум им потребна.
    Многу одвратно, но и многу ми отвори очи се ова.
     
    На MeowMeow, tamche995, Waverly Raven и 7 други им се допаѓа ова.
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    5.567
    Пол:
    Женски
    Тим Пазар. Од маркет купувам само она што неможам да го најдам на пазар или направам сама набрзина, гледам што помалку да зависам од маркети за било што у глобала. Да, и домашното од пазар се произведува со хемикалии, само Господ Бог може да знае што навистина јадеме и внесуваме, ама кога ќе ставиш на вага каде каде квалитетот е подобар од пазар од колку од маркет.
    A ГМО лепотаните (позастапени по маркети) што лично изгледаат, можат триста нелични работи да ти направат со здравјето.
     
    Последна измена: 28 декември 2022