Во право си, нешто што е за продажба мора да е третирано за да се задржи подолго време свежо на тезги, рафтови и пред се да има убав изглед да те привлече да го купиш, за разлика од производите кои се за домашна употреба и не се хемиски третирани и го немаат тој изглед, таквите производи се садат во бавча и се за лична употреба.
Зависи кое странство. Германија, Холандија превозот точен до минута, луѓето културни в крај. Истанбул истото што го пиша и ти. Е сега застанува многу пати да, ама тоа е предност да можат сите да се возат и да не користат кола, затоа и колите не се ефтини во споредба со плати. Роднини и другарки што имам во Канада и Уса возат коли што за наш стандард се многу скапи, а со просечни плати. Ама јавниот превоз не е добро организиран, патиштата не се баш погодни за велосипедисти (ко во Холандија ) сите возат коли и колите не се толку скапи. Зависи каде, ама ко и за се друго, што покултурна земјата, толку и покултурен јавен превоз. Ние во автобуси сме такви какви што сме секаде кај што одиме. Топол народ
Хахахаха малку промо на Маја. Иначе врска немав како се вика, а гледав на тв даваа само нејзини песни и ми се виде баш убава девојка, а и убаво пее. Едит: сега гледам на Дарко Панчев жена му била. Јас ко од Марс падната
Можеби ќе ме нападнат мајките на форумот, можеби ќе се согласат со ова, но забележувам дека родителиве ептен нереално високи цели поставуваат за сопствените деца. Да оди на курс за странски јазик, да оди на фудбал/ракомет/кошарка/карате... и не знам какви други приватни часови, притоа на училиште ако добие четворка по некој предмет е казнето детево и не смее да излегува цел зимски распуст. Извинете, ама дали сте вие нормални? Што е со тие драми и казни ако детето добило, пази еј, четворка?! Не било со сите петки. Зарем мора да е совршено во сѐ? За да се фалите пред комшиите како сите петки ги има во сведителство? И тоа ова го имам чуено од најмала возраст до тинејџери 15 години негде. После зошто се под притисок, зошто од мали години се така огорчени и разочарани, зошто немаат самодоверба. За една ебена четворка. Просто за неверување.
Овие што носат мерки против загадувањево, шо укинаа бесплатен превоз оти се намалило загадувањето. Не дека е идеална мерка тоа ама... Во случај да ви ослабел мирисот ради ковид еве ви кажувам дека надвор КОРНЕ на чад.
Македонче со мало м, скроз исто, кај ме потсети. Инаку песнава од Маја ми била омилена ко дете, само што наместо мачка со девет животи јас сум пеела “мачка со бебе живо ти си”. Моите уште од време на време ми го спомнуваат тоа.
Од вчера на твитер се врти темава: 21 век се шири сексуално пренослива болест пошто очигледно кондоми не се користат. Јас не знам дали да плачам или да се смеам. Е затоа драги мои кај нас е потребно сексуално образование.
Сексуално преносливи болести се пренесуваат и со користење на кондом, пример преку орален, преку допир пред да се стави кондомот итн. По мене се шират болештии затоа што дел од популацијата не е информирана како да сд заштити правилно и дека треба да се оди редовно на преглед. Имам зборувано на темава, голем број мажи што ги знам, не знаат дека треба да одат на брис.
За мене, оној што вреѓа во дискусија, е оној што губи, и тоа е доказ дека ништо не може да направи за да ја сврти ситуацијата во негова полза. Па единствено што му преостанува од очај и огорченост е да ја вреѓа и пцуе другата страна. Поголем доказ за немоќ од тоа, нема.