Џаст сејинг.... Веста дека некои си таму го откриле полот на бебето не ме интригира. Ало, фаци биле. Па да бе, во држава во која нема повеќе луѓе - тие се фаци. Менаџерот и неговата женичка од свири.....! Многу се популарни. Или платиле за да се пишува за нив. И баш ми е мило што сум анонимус во оваа држава. Покрај вакви фаци ич нејќам да се експониран. Гасете нетот доста е за денес.
Или што би рекол Толстој, човечката злоба секогаш доаѓа од немоќта. Од немоќта да се соочат со фактите.
29.12.2022 13 степени не е дека ми смета лани мислам имаше снег ова време? или преклани невр мајнд битно не е кочан. Ама друго кажува, глобал warming има на најјако. Кај се видело ова у декември? Не сме Шпанија, Португалија...нека седи вака сончево, ама за арно да е
Болна и оставена сама на себе со мисливе ич не ми одговара. Секое ќоше во мозоков го превртев, триста глупости ми текнаа. Ма лоботомија мене не ме спасува од ова overthinking освен мозокот ако не ми го извадат цел
Знам дека е клише муабет ама, јануарската јас немаше појма што све и следи у рок од една година. Се е контра од очекуваното. And I love it.
Деновиве сум цело време по продавници за подароци, се осеќам како Дедо Мраз и стварно сум среќна кога подарувам само малце кон себе сум си строга у последно време тоа е лошо ...
Уште една легенда замина од овој свет… Фудбалска легенда, некои го викаат и Крал на фудбалот. Бог да го прости https://sitel.com.mk/pochina-trikra...BhjYkpcJN7E4_vKb_hYS8qqzjxnqY&mibextid=Zxz2cZ
Мене(може сум единствена) ми смета, месецов и празнициве ги асоцирам со снег бидејќи нели зима=снег. А не во март, април кога треба да почне пролет наеднаш гледаш паднал снег.
И мене ми се случи истото,со сопругот на закажан термин наместо специјалистот не пречека стажанка,значи стажанка не специјализант,со печат на специјалистот. Па матичната со 30 год искуство, со сомнително екг не ме испраќа сигурно да го види стажант,таа ќе завршеше работа ако не. Фативме магла и си отидовме кај кардиолог.
Исто и јас, сега дека сум бремена дури и ретко некој ми станува, ми се случува да чекам два, три воза да поминат за да имам барем место да стојам без да се плашам дека некој ќе ме удари во гужвата. Автобусите тие кои јас ги фаќам немаат многу гужва, ама затоа линиите кои се најдолги, во пикот не се ни влегува некогаш. Не знам каде е покултурно во Европа ама и тука е хаос.
Од никогаш не ми беше јасно зошто секогаш ама баш секогаш се бараат МААНИТЕ кај работниците? И сакате да бидат задоволни? Сакате да ви работат? Сакате да ги мотивирате? Преку к од муабети " Ама не се лути, ова е за твое добро, не дека не работиш како што треба, ама... Маани мора да се најдат, како ќе се подобриш во работата? Прими критика" Ај ок, ете прифаќам, не сум идеална, ама верувам дека не секој може и сака да работи како мене, оти сакам се да е гланц. Поздрав до тие како мене. И кога не е се под конец се нервирам... " Одма детски муабети, ќе си даваш отказ, бори се " За што? За малтретирање на работникот? Кога еднаш работникот ќе биде пофален бе? Кога? Едноставно, дај му бре пофалба, браво, ајде ќе успееме цел тим. Знаме дека никогаш нема да добиеме покачување, барем збор да се добие. Ех, зошто бегаат после
Знаеш шо, ЈуТуб?! После 5 полалитарски пива, и измеѓу две бугарски чалги, баш ме заболе ПАТКАВА за децата заболени ид менингокока ики као и да се вика на македонски... Ајтѓ
Јас како зиморлива што не сака зима и секогаш ја фаќа сезонска депресија многу ми одговара да не е поладно од ова, иако знам дека воопшто не е добро. Мада тука знае и под нула да се спушти некој степен навечер, ама преку ден на сонце е баш пријатно ко за ова време од годината. Од друга страна што вели Angie, снег асоцирам со празници, во декември и јануари, а не кога треба дрвја да цутат.
Не ги сакам празниците.. сите мора да сме весели, да сме насмеани, да сме дотерани, да ни се пее, игра скока.. не бре. Сакам да легнам и да се разбудам таму на 09.01 кога ќе помине ова глупост. Моловине преполни, луше трошат пари кои ги немаат. И после долг е јануари.. е долг е.