Нели не ти беше гајле, што сега ,,многу загрижен''? xD Пофалба повеќе мотивира и влијае работникот да стане попродуктивен отколку укажување на маани. Трудот многу често не се цени. Кога ќе му создадат незадоволството на работникот, самите губат. Таму каде што работодавецот ги цени работниците и знае да ги мотивира, таму има успех.
Една од побитните работи што ги научив изминативе неколку години е тоа дека е тенка линијата помеѓу поддршка и толерантност и битно е да препознаеш од кого што добиваш.
Колку сум му работела јас на еден,буквално заслужна бев за привлекување на нови клиенти,пофалена од нив.Ама залудно,една грешка да направев во работењето ,при работа под притисок,абе ќе пукнеше ако не ми ја споменеше.
А овие што носат пакетчиња од 100 денари колку само да се рече дека донеле.. Па треба да сум надвор од здрав разум да дадам на дете да јаде од тие некој нискобуџетни чоколади со 1 недела рок.. Подобро купи му на дете една блуза од 150 денари него да му носиш нешто такво неквалитетно и нездраво, и да се тови со шеќери..
Па и блуза со тие пари не е некој квалитет. Искрено што има да се замерува колку кошта пакетче? Кој колку имал, толку. Во ова време на криза да ти подари некој пакетче е внимание. А, кој сака милка пакетче од 700 денари нека си купи сам. Доста неблагодарно е некој да помисли на тебе и да ти купи во рамки на својот буџет. А, од страна да се кенка зошто било 100 денари и се трови со шеќери небаре во тие од 700 денари има чоколади со друг вид шеќери.
Дале според можностите кои ги имале. За една недела ќе ги изеде, поготово ако ги дели со некој и за помалку. И нискобуџетно не значи неквалитетно. За нездраво е ако се јаде премногу одеднаш.Неколку коцки на ден не е страшно.Ако е да се мери, човек и со овошје не треба да претерува.
@KateKane постов ти е посветен тебе. И не зошто си форумџика на годината или што ти јас знам, оваа титула ако мене ме прашуваш е смешка за тоа што сé ти заслужуваш. Планирав да го пишам мислењево тука, а не на чат, зошто сакам некогаш во иднина, да ти стои тука да можеш да го прочиташ. Квалитетите си ги знаеш, нема зошто да образложувам за твојата интелигенција, емпатија, разбирање и елоквентност. Јас сакам само да ти кажам дека за мене лично си светла точка на 2022. Зошто покрај сите луѓе кои ме сакаат и ги сакам, кои се и беа физички до мене, само ти беше тука да ме разбереш. И уште неколку членови од тука, што нема потреба да ги набројувам, се знаете кои сте Но, сепак, немаше никогаш да помислам дека ете, некој човек кој не го знам, кој не ми е физички тука присутен, и не ме знае и ликот не ми го видел (добро освен виличниот агол де), во целиот овој хаос од годинава, ако ништо друго ќе направи да се насмеам и да не се осеќам толку осамено. И за тоа нема да можам никако да ти се оддолжам и вечно ќе ти го памтам. И секогаш ќе сум тука за тебе! Знаеш дека многу те сакам! Имам чувство дека 2023 ќе е твоја година, а јас ќе сум тука да те бодрам за сите твои успеси, на сите полиња!
Не правам обично, ама прееска се загледав во memories на fb... Чудно како животов мој, наместо во нагорна, ми иде во надолна линија. Колку посреќни денови, периоди сум имал. Чудо.
Ме занима, не и давам на сестра ми да јаде од тие косовските евтини чоколади со сомнителен квалитет со рок од две недели.. Ама дете, повеќе се израдува на пакетчето од школо, што нема ништо корисно и квалитетно, отколку на моето, кое сама и купив се што има внатре и внимателно одбрав..
Секој според своите можности ќе даде.Битно е вниманието.Ако нешто мразам кај поедини луѓе е што не знаат да ценат што некој се потрудил за нив.
Ако мислиш на тоа пакетче од градинката што самите родители си го платија, можеше и да одбиеш. Битен е гестот, симболиката и не знам навистина какво пакетче очекуваш од градинката.
Жими се денес ќе го исклучам телефонот и ќе се скарам со сите поштари. Значи г о н е т е се поштарите. На ептен скриено место ми е куќава. Секогаш преферирам од база од карго да земам работи, порано една жена од пошта ми јавуваше ко ќе имав нешто за од пошта за да не ми носи поштар оти то ми е преференца. Во последно иди поштар. Ама упорно е на 15минути, ако не и 20 оддалеченост ко ќе ми јави и као кај сум била. И секогаш јас треба да излезам. Неодамна еден ќе ме закаснеше за на работа иако во инструкции со нарачката напишав дури и временски лимит кога сум дома, ама „зА пЕт МиНуТи ТаМу сУм“. И обично ако можам, ќе одам оти неќам да се маткам и сакам побрзо да ги откачам. Ко ќе е со карго, пишам дека преферирам карго експрес чак и поќе да ми наплатат само оти сама можам да го подигнам. Никогаш не ми слушат преференцата и пак по некои бош ми праќаат шо мОрАт до дома да идат. И сега пак ми јавува „еј тука сум“, не не си. Од старт знам дека не си. Не ме остава да докажам, нормално. Секогаш такви се ебате ропаци. И од ко докажа, страв му било кучиња да не имало и фамозното „ај подизлези“. Не. Болна 20 минути да одам оти ти не си способен да слушниш инструкции - нема. Или едноставно јави ми, ко ќе можам ќе го земам. Дали ќе стигни до мене нарачкава моментално и ч не ми е гајле. Дали звучев малку грубо? Hell yeah. Дали се осетив како Славитза? Апсолутно. Ама пред се се осетив како Пес чувар шо неќи поштари. At this point кучево мое поќе сака поштари. Башка шо ова е 4ти повик од сабајле. Поќе не кревам на телефон сите нека се гонат одвај зборам имајте милост.
Многу се потрудиле, ептен.. Дури 150 денари одвоиле за пакетче да му купат на детето, и не ми е муабетот само за од градинка, туку општо.. Само јас се потрудив пакетчето да биде убаво, да има корисни и добри работи, и моето пакетче највеќе не и се допадна..
А шо корисни и добри? Брокула и целер да не и спакува? Се израдувало детето, тоа е најбитно. Или те погоди шо не и се допаднало твоето најмногу? Очигледно не и ги знаеш желбите.
Па на оваа криза и скапотија треба да бидеш среќна што воопшто ѝ дале. Се потрудиле според можностите. Сестра ти не гледа цени.Ти потруди се подобро да ја запознаеш.