Толку имале толку подариле.Важно е да е од срце,ама некои не заслужуваат ни една бомбона да им подариш.
Доказ дека на децата не им е важно колку чини нештото. Знам дека се осеќаш неубаво ако си бирала, а не и' се допаднало, ама не е виновен тој шо дал од 150 денари. Пример мене џабе ќе ми купиш Милка или црно чоколадо од 150 денари, поќе ќеф ќе ми напрај Рошен од 50.
Јас победив во животот со постов, не треба ништо друго. Знам дека не се знаеме лично, ама мене си ми еден од омилените луѓе. И на форум и приватно. Те сакам женче
Јас сум купувала алтернативи на познатите блакциња ко рафаело, баунти, марс што чинеле дупло поевтино и еве ме жива сум, без тровање и слични белји сум поминала.
Пошто марс и баунти се прездрави, гледам какаото органско го растат и масло од палма нема. И мусковадо ставаат, не шеќер Настрана од директното цитирано: Здравје во пакетче не барајте, толку ќе кажам. Ама и нека е нездраво бе, ајде, остајте ги децата да се деца. Никој не умрел од повремено благо шо каснал, а нема дете кое не се радува дури и на чоко бисквита да му дадеш.
Ми беше оти збори членкава демек поевтините биле неубави на вкус и можело да се отруеш. Не за по(не)здраво. Во стокомак има едни такозвани рафаело за сиромашни. Преубави се.
Јасно де, во суштина не дека оригиналните се здрави или добри. Уствари се е тоа штетно и вака и така, не гледам како може да е уште поштетно
Ако @нина122 ја учи сестра и од мали нозе да го цени подарокот спрема вредноста, во животот девојчето многу ќе пати.
Не рекле за џабе:Ситиот на гладниот не му верува го кажувам ова во контекст на сите оние големи сестрички, мамички, тетички и бабички кои се чукаат во гради дека на децата и внуците не им давале да јадат нискобуџетна храна, чоколади кои се ''бош марка" да де, дека грото од нас пораснавме со чоколатца од ебени 5 денари, еве сите сме со разни болести И не знам како уште не сфаќаат дека баш во познатите брендови од млека до чоколада, најмногу беа откриени чудни супстанци, ама чекај, изгледа па и во посиромашните и поанонимните брендови има бактерии, ама па, никој не се занимава да ги открие, нека умираат сиромашните бе
Уште не почнале коментарите од типот "Де бе обична вечер е, сонцето направило уште еден круг, големо чудо ееее"
Љубител сум на поклони, а не пари во плик. Не е дека јас тие пари нема да ги искористам, но, возбудата која ме обвзема од незнаењето што има во поклонот ми е многу повредна од тој плик со пари. Спојлер: . Освен ако во пликот нема клуч од автомобил или € чиј збир е со повеќе од 3 нули.
Кога сме кај чоколада, само сакав да кажам дека јадам многу благо. Јадам ѓубре пошто и сама сум ѓубре.
Денес бев на интервју за работа, останува на мене да одлучам дали ќе работам до после празниците имам време да размислам