Ако Шајла може да се смени на подобро и да стане свесен за срањата шо ги напраил, можеме сите! Послушајте си ја епизодава - https://open.spotify.com/episode/5s1wf4sUEr8wrl39WlyMIf?si=5E8xq0SBT-6OvKFYs7vvLw - баш е супер, се изненадив. Во духот на тоа што го збори тука, ми даде цел за следнава година: ако не можам да го утепам скроз егото, барем да го истепам, изгмечам, смачкам најмногу што можам.
На такви како тебе што не ценат гест туку гледаат колку кошта пакетчето ни чаша вода не заслужувате да ви даде човек.
Ние фамилијарно секоја година поклонуваме пакетчиња на деца кои што немаат толку средства, и може не сме купувале најскапи пакетчиња, ама секое од нив ценело и било пресреќно за добиеното пакетче. Мислам дека се е до воспитувањето од дома. А за дете ништо не значи цената на пакетчето, туку гестот дека си помислил на него и добило нешто.
Пакетче за 100 денари не сум видела, сметам дека постот е чисто претерување, но можам слободно да кажам дека цените се неспоредливи во однос на тоа што има внатре. Баш денес отворив едно пакетче, внатре крекери, едно чоколадо, медењаци и сокче. Пакетчето воопшто не е ефтино. Не е срамота некој да подари такво нешто, срамота е колку оваа криза е извештачена и децата за многу пари добиваат многу малку. Во мое време со недели јадев од пакетчињата, овие немаат ни за пола ден. Затоа и изреагирав во насока на она што се продава, а не кон оној што подарил. Никогаш не сум вратила или лошо изреагирала на даден поклон. Ако немам намера да го користам или не ми се допаѓа, што е сосема во ред и би било претерано да се рече на поклон маана не можеш да му најдеш, ќе прашам некој да не му треба или го сака тоа нешто. Дури и Милка пакетчето што го напишаа, е неисплатливо и сиромашко со производи. Башка нормално е за најблиските повеќе финансии да потрошам, за другите може и поскромно да поминам. Ако земам за сите исто да купувам, кај ми е крајот. Годинава токму од тие причини не купував пакетчиња. За тие пари, многу поубави поклони дадов.
Изненадена сум колку луѓе се зависни од шопинг, имаат ненормално многу алишта, шминки, козметика, домашни тракатанци. Не се сметам за минималист, ама стварно не знам која е потребата од тоооолку многу кармини на пример. Толку ли нема што да се прави па мора да се купува и натрупува сѐ и сешто. Според мене, зависност е и треба да се третира.
Може да се каже дека е зависност на некој начин На оваа тема има снимено филм Confessions of a Shopaholic(2009) доколку не ти е гледан препорачувам да го погледнеш.
Секој дава според можностите, мислиш некој не сака со повисока цена пакетче да подарва и да се удира во гради јас имам пари видете што подарвам ? За квалитетот на храна, високобуџетни и нискобуџетни друг пат немам време сега за таква дискусија, само ќе ти кажам многу грешиш.
Па зависи колку ти е битен карминот да речеме. Ако си човек што сака да се шминка и носи често шминка, една нијанса кармин ретко е доволно за секој стајлинг. Мислам нели, зависи од стилот на човекот, но не мислам дека станува збор за зависност, мислам дека едноставно кога имаш пари, сакаш некои работи да си приуштиш. Да немаш пари, секако нема кармин да ти е приоритет, како што е кај класичните зависности, пример алкохол. Јас ништо лошо не гледам, твои пари се троши ги како сакаш. На многу полоши нешта луѓе трошат пари од облека и шминка.
Имам толку многу љубов во мене која само чека да излезе. И ја давам. Проблемот е што сакам на најсаканите да им ја згмечам главата, да ги смажам како алуминиумска фолија во облик на топче и да им се пикнам под кожа од љубов. Ви посакувам во 2023 многу, најмногу од се љубов. Се е полесно така. Имајте убав дочек вечерва без разлика како ќе изгледа.
Добро магливо утро. М р а з а м ко ќе треба да одам негде. М р а з а м дека треба да се повијам сега и да одам. Искрено, на листата да не ми беа работи за мачорот - немаше ни да одам. *Се спрема ментално за излегвање*