И јас така прочитав. Учи ја сестра ти да ги цени малите работи. Така ќе се радува и на твоето пакетче, без разлика на вредноста внатре. Учи ја да го цени твојот труд да и склопиш убаво пакетче. Не е важно пакетчето, туку вниманието што и го даваш. Патем, дете е, нормално дека поклонот од градинка/школо има голема вредност за неа. На моиве им дадоа тегли набоени за боички да чуваат внатре. Среќа радост, ко божем злато добиле. И ние им земавме скапи поклони, ама ене на работна теглите им стојат. Нема ништо страшно ниту лошо во тоа. Напротив, убаво е кога знаат да ценат.
Му е гајле на дете пакетчето колку пари е. Ко бев дете, гледав само да е со слика од Дедо Мраз на него и се радував на се' што има внатре, од крем бананче до смоки, макар и најевтините. Значи, кога некои луѓе ќе пораснат, забораваат како е да си дете.
Ние шо иаме вечно ослабен вкус после ковид и кило сол не ни е доволно Еве ја годинава у све ставам повеќе сол и оцет. Ги отрув дома моине од солено и кисело.
Да прашам, ова со пакетчињата е некој тренд да си разменуваат на училиште децата или му ги дава училиштето? Оти ако е нешто ко сикрет санта, тогаш е глупо. Во сиромашна држава, пред празници тешко е да се издвојат пари и за тоа, па биле и 200 денари.
Шала на страна, ако имаш вишок зеленчук нешто компир, грашок, свари и додај. Ќе се измеша и ваљда ќе е поокеј.
Не знам за Мк како иде, ама тука кај што сум јас, школите и градинките за Божиќ и Нова година, во соработка со родителите имаат акција "деца помагаат на деца". Што значи дека пакетчиња или поклони, најчесто гардероба, добиваат и посиромашните категории. Јасно е дека нема за сите доволно, ама барем се трудат да направат нешто. Најмногу ме свиѓа, што децата од мали ги учат на хуманост.
тоа е баш слатко и ние на факс имавме претходната недела таква акција Сите однесовме работи од кои се направија 150 пакетчиња и преку ЦК беа донирани на повеќе дечиња. И сите беа прерадосни
Божем доби нова плишана играчка, голема, па да намалиме од тие што ги има во кревет. Не, ова малово куче е многу битно, од учителката ми е. Деца, колку се полни со убави емоции
Едно пакетче од училиштето доби сестра ми т.е од градоначалникот тоа не го плативме, плус лотарија, секој по нешто да донесе, до 200 денари, наставничката им давала бројчиња да влечат и на кое дете што ќе му се падне, и плус на претстава со дедо мраз и пакетчиња им даваа и таму, и тоа се плаќаше, за превоз, претстава, и пакетчето..
Сикрет санта е, барем кај нас во училиштето. Меѓусебно си купувавме поклончиња до 200 ден. и децата многу се радуваа бидејќи беше изненадување, едвај чекаа да видат што им спремило другарчето. Плус торта нарачавме, крофни, грицки и сокчиња за сите.
Годинава решив, да го прескокнам кафето со другарките или " другарките". Прескокнувам муабети од типот "па ти не заборави нас, многу си важна. Секогаш не креваш кога јас ти ѕвонам, што ти станало на тебе? Зошто не ми креваш? Можи те барам за нешто итно. Леле карминот ти е преубав, зошто не носиш кармин кога излегуваме? Секогаш идеш без кармин, аа нешто ти си убава, ммм види види ти, што има ново? Ааа морам да те пофалам за стајлингот. Срцка моја најуба. Која срцка бе? Те нема цела година да кренеш телефон или титкаш за да ти се прејавам. Што напраи со дечкото? Се скаравте, м? Ооо, ајде ќе си најдеш нов па де те мажиме, време ти е. станав у 10 и пол, и, помагав на мајка ми ( беше во болница за покачен притисок, вчера) Идам сеа до продавница, да докупам тоа што треба за да јадеме вечер. И си легнувам. Мака ми е, одам само втора смена на работа. Денска, да одморам. Вечер ако најдам со некого да киднам до плоштад. Понеделник, работам и така.. И Бадник. Сите други можат да факнат офф. Па, па
Јас на 8,10 години - *радости сум кога ќе остане вишок од филот за торта/шлагот да го дојадам со лажица. Јас, крава од 24 години - *исто така сум радосна ако остане вишок од филот за торта или шлагот. Some things never change...
Не ми значи ништо новата година кога го направив тоа и своеволно без грам совест сакано мое одлучив да не се родиш. ќе глумам среќа, ќе се забавувам, мојата маска со насмевка ќе стои на моето лице само поради тие што ме сакаат но во душата ќе биде таа болка за тебе, болка која никогаш нема да помине се додека не го испуштам и последниот здив, јас дишам но не ти ја дадов таа можност и тебе. Вечерва ќе ја прославувавме првата нова година заедно но јас не ти го дозволив тоа, прости ми. Те сакам