Маче,куче ,птица,можат да умрат од инфаркт,од стрес од петарди. Психофизички здрави деца ти се будат,а како им е тек на родителите а и на нивните дечиња со аутизам,борба водат наместо да се радуваат сега,зато пишав погоре. Себични се луѓево,тоа најмногу ме револтира.
Среќна Нова Година 2023, форумџии и форумџики! Да имате многу здравје, среќа, љубов и успеси во новата година.
Само што се вратив дома од надвор, а не е тоа Македонија, високо развиена земја е, и ова со огнометиве ни тука еве да се реши. Јата птици како споулавени летаа, мачката дома како и секоја година зад фриждер испикана, брза помош вие нон стоп од повредите од пиро.т средства.. Земја која важи за една од еколошки најнапредните го дозволува ова ете и ужасно е, а што е најстрашно во анкетите предничат оние за огномети. Замислете колку би било убаво наместо ова сите да си честитаме по улица, да се прашаме како сме, да испиеме пијачка надвор, да пуштат по некое балонче децата во воздух.. Не сакам да влегувам негативна и во оваа година ,ама за жал човекот не умее и да прослави без да наштети. Среќна нова на сите ! Само убавини!
На сите присутни, а и отсутни форумџики/ии ви посакувам среќна Нова година, секоја желба да ви стане реалност, животот да ви биде убавина и среќа
Надвор не се дише од петардите. Зошто на некои луѓе им е тешко да слават нормално и мора да им уништуваат на други?
Петардите во отворот на газот да си ги напикаат. Ете така. Последен круг во пеколот за родителите што им купуваат петарди на децата. А тој мочкото од најгоре што му дава на синот од тераса да фрла петарди, да му се исуши. Така ми почна новата година. Прекраснотии. Ајде нека е среќна на сите.
Среќна Нова година, посреќни, повесели и поуспешни во новава година. Нека 2023 се памети по убави работи.
Среќна нова година до сите со желби за понадежна и посветла 2023 та и позитивни исходи од она што самите сме си го замислиле, а и заситеност од случувања што ќе ни помогнат да растеме личносно, професионално, ќе ни ја потхрануваат етичката интелигенција и ќе ни донесат подлабок џеб и бајковни љубовни доживувања!
Најпрво , нека ви е среќна на сите новата 2023 година . Да имате пред се здравје , да сте сакани , да сакате , да имате среќа и се што посакувате да остварите . И најважно од се , сите кои ви значат да се на број , до следната 2024та година ( а и потоа ) ! Јас не барам многу . Само добро здравје , за себе и сите кои ми значат . Другото може да се поправи , купи или заборави . Не си сама . Кај мене најмалото се плаши од пукањето на пиротехнички средства . Деновиве само ми се пика во скут , плаче и вели " ја пашим , пашим " . Луѓево се без осет ..
Море у пм и петарди и огномети. Таман легнав, си викам да склопам око, ме разбуди пукање и цела ноќ не спијам, плус бебево ми прета, кенка. Пукнав.