Зарем треба да заслужи? Да даде или приближно возврати? Зарем се мери љубовта? Подобро признај си дека не чувствуваш радост и приврзаност кога ќе го помислиш, отколку да бараш изговори за дистанцата која ве дели и за која не е битно кој е поголем виновник...
Среќна Нова 2023, нека 2023 ви биде најсреќна и најрадосна година до сега, исполнета само со здравје, љубов, многу љубов, големи успеси, радости и сите желби нека ви станат реалност, на сè што ќе ви се случува гледајте од позитивната страна и бидете храбри, истрајни и борбени во совладување на сите препреки
Срце ми се кине кога читам какви работи се прават после Нова година. Ете денес пак трагедија… Греота за родителите на тие млади деца. Ги испратиле да слават и никогаш нема да се вратат…
Драги форумџии од срце ви посакувам среќна Нова 2023 година дозволете си во новата година да бидете што е можно посреќни, исполнети, позитивни. Секогаш наоѓајте причина за да газете храбро напред и никогаш не се враќајте таму каде што не ве сакаат, не останувајте таму каде што постојат само зборови не и дела, никогаш не молете никого за љубов, бидејќи не секој знае да сака, и не секој треба да ве сака. Вреднувајте си го, негувајте си го здравјето. Нека новата година го избрише целото зло од старата година, дозволете си да бидете најдобрата верзија од себеси
На сите ви посакувам среќна Нова година, само убавини да ве пратат, здравје, среќа, љубов и сѐ што вие си посакувате да ви се оствари.
Никој не прочитав да биде негативен кон прослави ако во истите не се вклучени пиро.т средства, а фактите и статистиката за истите дека се опасни по живот не би рекла дека се лажни вести.. Има стотици безопасни спектакуларни начини за постигнување амбиент и некои од нив чинат дури помалку средства од овие опасните по живот! Некои земји веќе целосно имаат забрането огнени средства за прославите и ич не се покуси со безопасни визуелни ефекти во нивните цивилизирани прослави .. Не ви посакувам на никој да видите ваш сакан со последици од средствата за кои велите дека се прекрасни и камо да имало повеќе поводи за нивна употреба. Кога ќе видите дете без прст или окце на улица или сите оние птици испопаѓани на први Јануари кои обично се веќе собрани од комуналното (барем овде кај што сум ги чистат веднаш) сетете се на огнените човечки прослави кои се " преубави".. Најмалку би ве интересирало колку луѓе со астма и други белодробни болести можат да се најдат надвор не по нивна волја и да доживеат криза или дури да го загубат животот поради воздухот.. @cresa-jagoda Ме интересира како можеш да имаш бинарни ставови кон нешто што е апсолут, да ти се допаѓа моето мислење каде сум против и ова спротивното? Или зошто таков ти е никот?
После долгата и бурна славеничка ноќ, сега со трезна глава да ви посакам на сите Среќна Нова 2022 упс 2023 година, да имате шо помалку проблеми а шо повеќе весели моменти кои ќе ви останат во сеќавање, шо повеќе здравје, секс, кеш и се шо ви сака душичката! Уживајте во празниците
Маглава надвор може да ме натера да ги откажам цигарите зимово хахаха внатре не смеам да пушам, ако отворам прозор инстантно ми станува лошо. прво, не знам дали мене ми е така само, тешко ми е да гледам на маглава, ги напрегам очите второ, коа дишам ме болат градите.
Се согласувам со твоите ставови, а нејзиниот коментар го лајкнав поради првата реченица: ,,Среќна нова на сите".
Stotuku mi zvoni koleska ( sto 7 godini sme nerazdelni) da me prasa dali sakam da i bidam kuma ja zaprosil deckoto.... podobro nemozese da zapocne novata... ne znaev deka vo Srbija nevestata si ima kuma a mladozenecot drug kum....
Не знам дали прочитавте на доказ.мк мизерна статија дека намерно ги оперираат родилките со царски на 31 Декември точно во полноќ за да добијат награда и како демек за еден златник ќе се потепале. Уште пишале како намерно раѓале деца за да уживаат во награди. Абе да се позанимаваа малце со условите во родилиштата,со третманот. Само да се пише нешто, ко на лотарија по договор. Еве тебе баш ќе те извлечеме да те пораѓаме денес ќе добиеш награда.
Точно. Па дури и да се оди во екстрема да раѓаат со царски ради еден златник покажува колку сме сиромашни луѓе. Ама ете, мора од се да се прави сензација. Па дури и од скорашна родилка. Срамота.
Среќен роденден мамо! Ти благодарам за се што направи за мене,за се што преживеа.Ти благодарам што никогаш не се откажа од мене и што секогаш ми веруваше. https://www.facebook.com/reel/866621074646031
Незнам како дојде до тоа да гледам слики од мачки на плажа во Јануари, ама ете се деси. + И се здобив со информација дека во Малeзија има плажа за мачки и сега таа информација никој не може да ми ја земе, така што у глобала не жалам за ништо. Јас оваа ја имам ставено на листа и се мислам да ја нарачам. Спојлер: .