А ти дане зборуваш литературно? Излеа... Ако намерата ти е да потцениш некого бидејќи ти си од Скопје, самата себе се ставаш во лошо светло. Не можам да ти опишам колку зло има насобрано во секој твој пост, зошто толкава омраза и негатива на толку млади години? Жал ми е за тебе што гледаш толку негативно и црно на животот.
Еее, треба малку да повежбаш слушање, ништо страшно... Ако си имала колеги од различни градови на факултет, лесно е тогаш...
Ти се има пуштано излеА, а ти на секој негов муабет си одговарала со ДА, е сега е само прашање шо ти велел
Имав јас од Гевгелија колега. По 3 пати го препрашував и не можев да го разберам. На крај викав само: "да, да, да". Еднаш ме праша колку е часот, му одговорив со "да". Струмичани исто така тешко се разбираат, поготово кога зборуваат побрзо од рапувањето на Еминем.
Нов ден, нов бисер од тебе. Со една друга од темава под рака, па ќе си мрчите по цели денови како вам сѐ нешто ви смета.
Една од најарните работи у Немачка е шо коа ќе помине Нова Година, сите божиќни благи се на пола цена и помалце, па ќе си лапаат у Мк Линдит со кила моиве за неколку недели. Вујна од Германија.
Некои членови посакувам да се тролови. Пошто ако се такви во вистинскиот живот цело време се несреќни и животот само во мрчење и негативности ќе и помине. Ајде среќна Нова, само на 24 часовните мрчатори не. Нив и тоа им смета. Cheers
Не знам како ме разбравте, се си испревртевте, јас кажав дека не ја разбирам што ми збори ама неќев да испаднам некултурна и само со да одговарав од култура..
Преиспитај се какви зборови користиш... Ако не си трол, во реалниот живот апсолутно никој нема да сака да се дружи со тебе. Тргнувам од мене, да имам колешка со ваков карактер која дискриминира се живо и цело време мрчи и шири негатива ниту добро утро нема да добие.
Смрда на предрасуди и расистички навреди, ти се чини се со сина крв и којзнае во кои фантазии живеат. На вакви не би му се ни испулил и си карам мајки и ја гризам перницата сеа шо се замарам на рандом форум, наместо да си пуштам Металика и рајат да чилам уз чашка две ЏекДаниелс
Срамота е да не разбираш дијалекти од сопствената држава. А и реално малку чудно, или не си била сконцентрирана или стварно не ми е јасно како може до толку да не разбереш дијалект.
Можеше да се вадиш на карта ,,ништо лошо не кажав” ако не го напишеше и она ,,преживеав некако”. Е, со тоа како се зафркна самата, не си свесна. Тоа многу зборува за тебе и твојата личност.
Прееска со другарка достигнавме досада левел правевме листа со песни за забавниот дел од нејзината свадба. За појаснување, нема свадба. Нема ни младоженец. Нема ни дечко. Ама ние сме спремни важно.