Може Нина неќела да навреди некој Ама некогаш треба да се бираат зборовите коа е у прашање форумов. Некој може да се навреди Факт е дека источните дијалекти се потешки за разбирање, но не и невозможни. И јас некогаш не ги сфаќам колегите на факс сѐ, ама пробувам во себе да најдам логичка замена за некои зборови, карикирам : јадевме полнети френки за ручек. Значи полнети домати* А баш е фан онака да знаеш некој интересен збор на друг дијалект Мене пример ми е хит, чакмак
Не ми се верува дека се уште има вакви луѓе со вакво размислување кои прават поделба на својот т.е сопствениот народ со предрасуди на "провинцијалци, градски, селани, скопјани" итн.. Ама убаво рекле, од блиските страдаш тие ти се најголемиот душман и затоа сме на ова ниво на кое сме сега и пополека ќе изгубиме се, а следно е јазикот. Македонија е земја со различности, најмногу вклучувајќи го јазикот, а јазикот се формира од дијалектите на кои зборува еден народ и е составен дел од националната свест. Да си го мразиш јазикот значи да си ја мразиш и државата а и себе си зошто си дел од овај народ. Сигурно ќе ти смета доколку некој зборува на кумановски, струмички, струшки а нема да ти смета некој што користи англицизми затоа што е "тренд" и е во "ин" урбано. А сигурно би ти сметало комшијата и комшивката да се од источна Македонија а нема да ти смета да се мигранти. А се надевам дека вака не би размислувала доколку живееш во Германија, Франција, Белгија и комшијата да ти рече "добар ден" на арапски, ама би ти сметало комшивката да ти рече "добар ден" на акцент од источна Македонија зошто е од провинција па не ја разбираш. Дали ти зборуваш чисто литературно? Литературниот македонски јазик е склоп на формираност од битолскиот, прилепскиот и велешкиот акцент а потоа и останатите. Убаво рекол Гоце Делчев, "Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - (цензура) како македонскиот.“ За мене лично убаво мие и мило мие доколку некој зборува на својот дијалект и го негува истиот, пример кумановскиот итн.. Срамота.
полнети домати. Френки = домати Чушки = пиперки И мене како личност од истокот ми беше тешко на почетокот кумановски да разберам, ама ете, ќе прашаш, ќе ти кажат. Ќе се разберете.
Упс ХАХАХАХАХЈА каков лапсус Е да И битолски со кумановски не се сфаќаат Ама тоа е интересното во различностите Ќе беше досадно сите да се сфаќаме од прва
Ништо тогаш, за да нема следни недоразбирања најдобро на сите настани да бидат одвоени провинцијалците од скопјани.
Нина не е од Скопје, нели имаше пишано дека живеат нејзините во друг град. Што по некоја логика и таа е провинцијалка.
Ама стварно не е нишо лошо да не си од Скопје, големо такво. Јас годинава па на факс повеќе се здружив со деца надвор од Скопје, него од Скопје. Некогаш може ќе ме носи патот накај Штип, Кавадарци, Тетово, Прилеп, сакам да иам со кој да испијам кафе Башка многу се повоспитани од нас скопјаништа. Затоа и не нѐ сакаат у другите градови Мислат дека се умишљаваме
Чоек ја у 2017 мртва пијана иам искршено неколку пепељари и тањири у станот кај шо славевме, ги бркав другарките со нож, машките го искршија брачниот. -си плативме штета секако Ама сакам да кажам, под дејство на алкохол све се дешава. Еве и ја сум од Скопје па сум знаела да демолирам ете нешто. А веруј се повоспитани. У однос на понашање со женски, со начинот на кој зборат
А мислиш дека само од провинција се собирале за нг и кршеле во студентскиот? Нивните колеги гратски од скопје не биле?