Gledam zvezde granda so moite i nesvesno: de kroasan,de rum plocka,de portokal,de caj i edno vreme fajkam jabolko i majka mi: dosta breee melnico tolku sum opustwna so jadenjeto ovie denovi sto da se kacam na vaga osteta ke mi bara
Кон постот на @нина122 и сличните на неа. -Нити селото- ниту градот се барометри за добро поведение и литературен говор. Градовите главни или не, исто така имаат свои дијалекти и сленг кои нема да бидат разбирливи за некои од луѓето од внатрешноста и обратно, а терминот "провинција" во конотација за да направат генерална културна поделба, никогаш не го употребуваат луѓе со висока свест и култура. Во Париз не сите парижани зборуваат литературно или имаат добро поведение, ниту пак во село ќе нема луѓе за добри епитети. Патем, денес терминот -урбано кое означува нешто градско, а со тоа кај нас во минатото се употребуваше и за нешто поцивилизирано, попрогресивно, денес веќе го нема тоа значење! А тоа не е така зашто доста од "провинцијата" мигрирала во градот, и е друга тема за Скопје конкретно. Истиот термин -урбано во САД уште во првобитното значење алудираше на густо населените слоеви во центарот на градот каде отсекогаш имало СЀ , додека богатите живеат во предградијата или внатрешноста, хехе.. А денес со интернетот и селаните од најмалите села ако сакаат нема да се покуси за сета едукација и културни збиднувања што во минатото можеа да се следат само во урбаните подрачја ,така да многу родени граѓани со комплекс на повисока вредност редно е да поработат на себе и ги отстранат старите жаргони. Одамна по белиот свет не ги употребуваат! И да не заборавиме дека селата секаде по светот денес се сѐ пополни со граѓани кои мигрираа таму од разбирливи причини.
Природата нема раце да го исчисти ѓубрето кое ние го оставаме во неа. Затоа кесичките од смоки,чипс итн... Понеси ги со себе !!! Пријатно создравје
Штотуку дознав дека девојката што ме отсака откако дозна дека сум атеист се омажи, баш како што сакал господ. Нека бог им го осветли патот, да се заедно се додека смртта не ги раздели. Амин.
Како хард кор Христијанка си остана доследна на своите принципи и верувања. Имавме различни морални вредности, јбг
Како да ми текнува дека во рано основно образование по еден предмет Природа ли беше, или Општество беше, учевме дека градот и селото се тесно поврзани, дека ни градот може без селото, ни селото без градот Годиништа подоцна имаме багри кои се чукаат во гради дека биле граѓани на факинг метропола, а другите биле селани и провинцијалци, а реалноста е дека сме едно големо масовно село колку едно предградие од некоја светска метропола А да, ги имаме и багрите инфлуенСЕРКИ кои не пропуштаат можност да упатат навреди кон простото македонче, ова обавезно мора да биде потенцирано со мала буква Мераци народ сме бе
Сакам да кажам дека времето надвор само ме тера да седам внатре. И да ми брчи серија во позадина дур си галкам мачето и си пијам топло чоколадо под ќебе. Смачено ми е од зборање, смачено ми од мешање луѓе, смачено ми е од постоење во друг контекст.
Природа и општество. Две лекции беа, едната се викаше "Селото му дава на градот". А другата "Градот му дава на селото". Ама да ме прашаш вчера што сум јадела за доручек, тоа не памтам.
Сфатив дека стварно се научив да живеам со она ,,главата горе”. Не у смисла за срам или нешто такво. Него да се држам право колку и да ме шибаат таласи од позади.
На бившата девојка толку и ја зборев другата бивша што мислам дека и нејзе почна да и недостасува во еден период