Ми треба само една промена во 2023: нема жртвување на сопственото здравје за никој и ништо освен за мене и моите желби.
На патеката кај што трчам еден постар човек секое сабајле си ги шета кучињата, нешто измеѓу лабрадор и ретривер се. Едното е младо, другото постаро и дедо на првото. Мили се многу и се галат и ми се дополнителна мотивација за трчање таму
Сметам дека на секој граѓанин треба да му се даде да работи по 10 часа дневно, чисто да има со што да се бави во животот, затоа што повеќе слободно време дефинитивно не е на арно, два дена замарање со еден фустан дали е краток или долг, дали стоел или не стоел... Секоја чест на времето и обврските
СДК некогаш НЕ треба да бришете мислења, за да видат другите, кој каков е и треба некогаш да не` оставите да се искараме, бидејќи бесот и нервозата само ќе се акумулираат, и ќе се спукаме на друго место, дупло повеќе тоа е као да се караш со некој во живо, и некој упорно да ти става рака на устата за да те заќути проблемите се решаваат со разговор, дури и да е у форма на карање. не зборам сеа со навреди, колнење, пцуење.
Ко че се зборува за провинцијалки и провинцијалци ти се чини цела држава е опиноци, а само Скопје е град.
Разбирам поканети гости (на роденден, слава, веридба) да пробаат од се, не разбирам гости кои се прават префинети и мрчат на домашна ракија и вино. Као демек пијат само виски, коњак и слични пијалоци кои патем никогаш не ги порачуваат некаде кога треба сами да си платат.
Интересно е што постот го лајкнала особа што само пред неколку часа напиша жалопојки како некој вршел булинг. Да не знае човек дали да се смее или плаче. На тема провинција и Скопје. Да имаше живот во Пехчево, Македонски Брод, Делчево, Кратово итн. немаше во Скопје да доаѓаат. Немаат работни места, немаат настани, забава, кино, дискотеки, молови. Мртвило. Скопје па убавиот град. Бетон до бетон, гужви, смрдеа, исфрустрирани ,,богаташи", ,,ти знаеш кој сум јас". Мене ми се глупави тие поделби. И додека вие се делите на вакви или онакви, оние двоглавине орли си користат.
Жално е шо ви сметаат луѓето шо зборат со различни дијалекти на истиот јазик на кој вие зборате, а не ви смета тоа шо низ цело Скопје се збора албански, вистина кога сум во Скопје ко да не сум во своја држава.
Дали рефренот на Jingle Bells на македонски е "Дедо Мраз, Дедо Мраз дојде и кај нас..." или "Ѕвончиња, ѕвончиња..."? Доживувам Мандела ефект дека одеше ко првото, а не можам да ја најдам ко таква на YouTube. Или се мешам со пародијата шо му удрија два шамари и клоца в газ?
Денов катастрофа! Или што вика братот мој од Индија: "When you have a bad day, give up, go home and sleep, fuck it, some days are fucked and cannot be unfucked" Треба да си ја урамам оваа мисла на ѕид и да ми биде светла водилка низ овакви никакви денови. Listen to the universe Billy, go home, save your energy and fucking chill!