Саκам зимсκиии ρаспуст аааа не е феρсκи бе Си виκам,ај моρи Стρшκе,последна година ти е ова пρед фаκс (fucks милувам да си го виκам) па исκоρисти ја маκсимално. Ама κаκо ми беше тапа летово,не ми се оди во шκоло туκу на неκоја жуρκа лом да се напρавам Сунце ти κалајсано бе,пρви септемвρи! Сρам те и стид било! И сега,пρвиве денови ќе се лицκам пицκам κинџуρам,па ќе имам пρибоρ со пенκалца,па посебна тетρатκа за сеκој пρедмет па после еден месец ќе ми сκуρчи и ќе си доаѓам во што пρво видам за облеκување па маκаρ и сκафандеρ,ташната ќе ми биде полна ѓубρиња,ќе баρам пенκало сеκој час и ќе имам една тетρатκа за сите пρедмети и тоа испишана цела и исцρтана,па богами и листови ќе баρам Почнува еρата на пρепишување,пρдење поκρај κатедρата на омρазените пρофесоρи,мρазење од дното на душата на оние κои ќе ни позајмат пенκало и нема да ни вρатат,пρавење сеκаκви глупости и смеење на истите,и понеκогаш,учење на пρвата ρеченица од леκцијата,по што следува фантастичното чувство деκа знаеш се,и не пρавиш ливчиња и добиваш κец СρеЧна шκолсκа година. Κамо да бев Иван Исцелител па да го пρодолжев неκаκо ρаспустов И извинете на фонтов,од телефон сум уκлучена.
СДК дека боли кога самиот ќе си ја научиш лекцијата по потешкиот пат дека не вреди секогаш да бидеш добар,се си има свои граници дури и толеранцијата моја.
И јас како прваче возбудена сум за утрешниот ден. Почнаа припремите. Коса, нокти, скубење, замазнување, што да се облече (испегла) и сите останати припреми, ама за на работа после 1 месец одмор. Деновиве се чувствував како Робинзон Крусо. Ич не ми беше гајле за ништо. Мустаќи почнав да сукам како Гоце Делчев, фризура баш ме брига, легнувам кога сакам, станувам кога сакам и сега одеднаш Бргу ќе се влезе во обичното секојдневие Куча посо-Посо куча. Ај со среќа.
Eхх времиња,некој ќе скапува 4 метри под земја а виновниците ќе си го сончаат г*зот на Карибите Бахамите или шо ја знам. За џабе не се рекло тешко тој што ќе си отиде. п.с сеа ај иди и верувај дека имало правдина на светов
Aaa значи утре почнуваат многу интересни постови од типот „денес во школо вака - денес во школо онака“... Супер... да знам да не ја отворам темава извесен период.
Сакам единствен проблем да ми биде како ќе станам сабајле за во школо, после целосно пореметен биоритам во текот на летото. Утре да ме чекаат испеглани алишта и да отидам на прв школски ден со едно пенкало и тетратка за да запишам распоред на часови.
mene edistveniot problem mi e sto da oblecam utre za na uciliste... haha znam deka mnogu bi sakale da go imaat mojot problem
Годишно време коешто ти е омилено, плус најголемиот период без обврски се поклопува со истото - се знае, предодредено е од чичко Марфи да минува најбрзо од сите годишни времиња. И така, го заокружувам и овој летен распуст, последен кој ќе ми трае само до 1 септември (барем единствено со тоа се тешам со мојава фобија од завршување средно од се` што сум слушала за тоа како е на факултет). Ех, пак ќе звучам како носталгична теткица ама не ми се верува колку брзо минува времево бе, како вчера да беше кога влегов во гимназијава како изгубена Германка, уште го памтам оној 1 септември пред три години кога, како по дифолт со мојава возбуда, си ја погрешив училницата и се обрукав. А сега, пуф - утре ја почнувам учебната година која ме дели од матури, повторно цмиздрење над алманах, прашања од типот „што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“ и триста чуда. Иначе, по природа сум си мрзливо суштество и одамна ми поминал периодот кога минимално се радував за почетокот на школската година, ама оние мали радости околу подготовките за истата - уште се тука. Верувале или не, за тетратките сеуште ми е повеќе мерак дури и од комбинацијата што ќе ја носам првиот училишен ден. Да ме сретнете во некоја книжарница овие денови, ќе помислите дека гледате девојче што тргнува максимум во 6-7 одделение, а не толкава магарица што за една година ќе треба да се качи на Fax детергент. Укоричени, со спирали, со пејзажи на корицата, вакви, онакви... а потоа првите два - три дена заборавам на поспаноста и пореметениот биоритам што треба да го враќам во нормала, со распоредување на истите по предмети. И така, да ви посакам на сите ученичиња да ви тргне со лесно годинава (замислете си тука едно виртуелно истурање вода ), со многу успеси и фалења за истите, а и многу нови пријателства за новопечените средношколци. Ајт чиао рагаци.
Имам едно прекрасно деденце по дома, со седа коса, брчки на челото, ситни мили зелени очи како џамлии, подгрбавен и лека полека си се движи. Фала Богу уште е на нога после се што дочека, полн со волја и вреден како пчелка. Просто не може да замисли туку-така да дреме и да безделничи. Но без разлика на темпераментот и милоста што си ја носи сепак годините го стигаат и си влијаат. Не кажав, има полни 84 години И жал ми е ама гледам дека почнал да станува малку сенилен, па не догледува, не дослушува..всушност се' она си носи таа длабока старост. Од кога знам за себе омилено хоби му е да оди да пазари и по цели денови да не гости и да ни тутка во раце разни овошја и зеленчуци. Нормално не треба да кажам и дека за жива глава не се откажува ниту ден денешен. Туку муабетот ми е всушност дека се' повеќе приметувам во последниве неколку години, а особено па периодов дека постојано се враќа од пазар букавлно прелажан. Му продале зелени јаболка тврди како камен, помеѓу праските и доматите му промешале некои меки, скоро скапани што не им се продаваат, му дале некои безвезни исушени благи пиперки наместо лутите што си ги побарал и тн. да не набројувам затоа што вакви случки ги има безброј. У контектст на муабетов, неколку пати кога се возел со такси се правеле на будали и посакапо му наплаќале и тоа буквално без усул. Значи буквално сардисување од сите страни, да не испадне дека само пазарџииве ги напаѓам. Не ми е јасно стварно каде ќе им оди душата, ама најсериозно. Како не им е жал да видат некое такво мило деде, згрбавено и стуткано, едвај се движи, па така да тријат раце кога ќе ја здогледаат приликата за да се мајмунисуваат? Сериозно, не ли осетиле таква милост и љубов па малку да се сепнат уз тоа пресметка за како тоа да заработат дополнителни и бедни 20 денари? Можеби кога ќе размислам и не ме ни чуди сето ова, гледајќи според тоа како повеќето луѓе околу мене ги доживуваат бабите и дедовците, но ете пак успевам да се ужаснам и да ме здоболи секогаш кога ќе видам нешто вакво, а особено па на мојот дедо, мил најмил на светот. Ебате гнилиот народ што едвај чека да начека некој далеку послаб од него за да му се изживува и за да си лечи комплекси докажувајќи си на себе си колку е најјачи у маало Гарант тоа се истите оние фраери што у маалска тепачка влегуваа 5:1 и се фалеа дека на некој му го удриле ќотекот. Стварно за возхит и пофалба, нема што. Мочковци бедни. Бесна сум многу, премногу дури!
Многу сум нервозна, од местото каде најмногу обожавав да јадам палачинка, Амати во Верото. Добро тие кому служат на животни? Јас на моите две Тоби и Марли и ги измивам работите од кои пијат и јадат по сто пати, а тие не служат нас со полуизмиен прибор и замастени тањири од кечап и чоколадо? Немам коментар, само не знам каде да се пожалам. Овој е стоти пат и кога побарав замена на приборот бев погледната со некој иритирачки и саркастички погледи заедно. Искрено, ако знаете каде можам да се пожалам, пишете ми. Ниту се траат ниту ништо. А парите битно уште при нарачка ќе ги зимат, за да не заборават после. Ахх бре, само кај нас го има ова.
Зошто наместо да се жалите дека завршува летото и дека ке ви недостасува не пробате да си ги направите школските односно есенските денови поубави,па секогаш со мерак да живеете а не само за летото ?
Пред точно една година бев пресреќната личност што ќе заминам на факултет во Скопје. Каква глупачка сум била, не можам да си поверувам. Сега се би дала да не морам да отидам. Кога ќе ми текне дека треба да ги оставам моите, мојава собичка, креветов па дури и мириот на манџа што ме нервира кога мама готви... Убаво ми викаше тато "Иди си Битола на факултет, ем ќе си бидеш дома, ем факултет" ама јас не "Скопје ќе одам"... Ете ти го тоа Скопје, пати си сега Се надевам дека депресијава ми е само од проклетиов ПМС, дека нема да ми продолжи и понатаму и ќе се смеам на мислењево кога ќе го прочитам.... Мада не верувам
MME утре 1-септември а?Е кога стигна,ми се чини вчера боев и решавав синуси и косинуси?Ќерка ми ми ја забибери оваа школска година уште непочната.Прво не и се допаѓаше смерот,сега не и се допаѓа класот.Ми го изеде џигерот,ако се разбираме.Успеав да ја префрлам од смер во смер а ова за во друг клас ми е срам да се појавам кај директорот ќе рече аман само ти ли имаш дете.И потполно е во право и се фаќам дека ги правам оние работи кои никој за мене не ги направил.Си велам па добро клас како клас,можеби ќе и биде подобро и експресно ми излезе мојата слика од средно и како ми беше кога бев неприфатена од богатиот клан на ученици.Сама самцијата.Е баш затоа потегнав некои врски за преместување од клас во клас.Срам ми е да признаам,ама ете,јас сум само една обична мајка која е слаба на својата ќерка. Штом времево залади малку ги повлеков шерпите и плеховите од годишен одмор.Денес се наготвив како луда.А и можеби сум,зашто се изјаснив на маж ми дека ќе го оставам на стари години.Тој се витка од смеење и ме прашува дали и швалерот,кога би го имала ,би го оставила.Ма се би оставила ,доаѓаат моменти кога се заситуваш од се и од сите. Значи,среќен почеток на новата учебна година
Незнам што чудо човек сум бе кога е лето седам на фустан и се потам длабоко во себе посакувам да е зимо да седам до печка и од прозор да гледам како вее снег, омилени парчиња ми се капутот и чизмите а пак кога е зимо и се тресам од студ посакувам да е лето кончено да го облечам омилениот фустан , да излезам на сонце , да заминам на одмор Иначе преокупирана сум со некои планови за свадба , цел ден немам излезено од соба одкако сум станата на компјутер жмијам знам се уште е рано ама сакам се на време да видам да проверам да прашам сакам се да ми е под конец. Иначе ова летово колку брзу помина , мислем дека брзо ке ми поминува само додека идам на школо но не било така ете пак ми помина за еден час и како од утре да ме чека школска клупа . Ајде среќен почеток на сите ученици нека ви е со лесно годината. а на вас првачиња најмногу среќа
Среќен почеток на новата учебна година за тие што сеуште учат, а за тие како мене што денес им завршува одморот и утре стартуваат со работа со лесно нека е, иако мојата работа не е поврзна со образование
Нече мочи ове ночи. Лелелелел главата ми ја пукна. Инаку голема е во 1 ва година ќе оди средно, јака штикла. Абе цел ден да се брмчело, облека, најк ранец, убав прибор, тетратки со тврди корици(ќе ги снема за 2 дена), боици вакви такви онакви. Таа и онаа биле во сити мол купиле криви краставици и ЈАС САКААААААМ оффф. Згора на тоа ќе се нашминкала малку за утре, мислиш на модна ревија ќе оди. Притисокот ми е 300 со 200 срцеви откуцаи.