Па тоа оти не знаеш да си го напраиш, или не ти го напраиле ко шо треба. Лимочелото ти е стандард со Просеко ака бело пенливо вино, и плус газирана вода. Али, оти ја не пијам бело вино оти ми има укус на желудачна киселина или поточно на оној укус у устата од коа ќе се исповраќаш, си ставам водка. Троа малку поеќе. Уствари, така и дознав за Лимончело. Почна желудник да ме боли од многу чиста водка со лимон... Пробај, па кажи шо си напраила.
Се надевам не замеруваш што те цитирам ама описот за виното ти е on point! Ми се чудат луѓе оти бело вино нејќам оди па објасни им колку е кисело и никакво. Отсега кога ќе ме прашаат зошто е вака ќе им објаснам. ********** Инаку, нешто ми се врти в памет деновиве. Кога ќе речат луѓе им треба време да помине за нешто... Времето нема да нѐ праша колку брзо ќе поминува, секако не чека, си тече. Ама да седиш со скрстени раце и да се надеваш дека одредена работа/состојба ќе ја постигнеш така што од небо ќе ти падне - мало сутра. Ја мразам фразава.
Е затоа државата на ова дереџе ни е. Оти народов нема ФАКИНГ муда да му каже на некој дедо шо му избегал на гробарот со лопатата марулите да си ги прибере, да седне, или па на двајца мочковци за куферот, а не па недај Боже за нешо посериозно. Ако ви е, и малце ви е. Гревови.
Ја гледам темата Совети од МАШКА страна за сите девојки и си велам кој ли помислил дека е добра идеја да бараш совет од маж и отидов на првиот пост и гледам дека е отворена од машко. Ништо против членот, ама пресмешно ми падна.
За мене нема поодвратно чувство од: 1. Добиено преку лето ама коа треба фармерки да носам 2. Добиено зимно време когатреба да носам хулахопки па фармерки Се осеќам како помочана или ко да ми претекло Одвратно
во Скопје фали само уште некоја зграда и да си умреме сите колективно, ем 2илјади евра квадрат, ем до 40 години со ваков воздух и вакви гужви би живееле. Ужас
Сериозно наместо да им кажат 2 збора на лице место земале на групи по фб да пишуваат? Ако им е, нареден пат и 10 места нека зафатат, овие нека стојат кога не им текнува да им кажат. Нормално дека не е ок куферот на столица ама на овие што сликале врзана ли им е устата за да не им кажат на место или како.... За место во автобус не может да зуцнат, а камо ли да кренат глас за некои реални проблеми во општеството...
Кога ќе се женам планирам овам да ни биде заеднички профил.Само да си знаете. Инаку у живот 2 пати сум бил исклучен од вајбер групи поради моја токсичност но со сето задоволство чекав да дојде Нова година да напишам на Фејс дека од 2023 се откачувам од сите токсични ликови у животот хех. Ај чао.Ќе одам да работам по малку.
Од личен аспект, сакам кога зборам на дијалект и ми зборат, мислам дека некои неразбирања се дури слатки и уз пат влегваме во културата на чоекот шо е пред нас, и се запознаваме на некое подлабоко ниво, од сосем нов аспект. Е сега лично, јас ако било кој, чак еве и на битолски, ми збора брзо - имам потешкотии за да разберам. Ама луѓе сме. И јас ќе го кажам то дека еј, сензорно сум сјебана, а многу ми си интересна личност и важно ми е шо имаш да кажиш, ако можи за нијанса побавно за да фатам се шо кажваш. Луѓе сме. Ако нешто не разбираш - кажи си. Ако нешто ти е тешко да се прилагодиш - кажи си. Мене то „провинцијалки“ лично ич не ме вреѓа, ама не е убав изглед кога го користите. Ова го пишав од аспект ако во иднина сакаш некогаш да се разбериш со „провинцијалка“. Ако неќиш - па и не мораш. Ништо не мора со сила. Се приклучувам на тимот „неќам бело вино, ију киселина“. И на крај пак никој не седна пошто објавија место да прашат ко луѓе дали можи да седнат.
Како што другарки и другари можат да те изнервираат, никој друг не може. Уште од сабајле само некои нервози, свака им част, за тоа треба да имаш талент.
Мрчење ко автобусите да се нивни, а не јавен превоз. Каква себичност? Многу луѓе не можат да си дозволат такси, па мора да мкнат куфери во автобус.Голем куфер не може да се држи во раце. Можеле да ги прашаат наместо да објават.
Мене ми е посебичен чинот, две седишта зафатени со куфер а некој да стои Од причина шо не е фер. Има дупки нели во двокатните, можела таму да го бутне, можел да стои до нејзе Ја да бев ќе ѝ речев да си ги тргне. Пошо автобусот е за сите. Сите ако идеме со куферите у автобус на шо ќе личи тоа. На хаос
Можеби немале избор.Поради тоа објавувачот требало да размисли пред да објави. А, можеби и немало место на другата страна.Или доколку имало, да ги праша.
Скоро секој нормален би отстапил место во автобус на бремена жена, родител со дете или стари што не можат да стојат. Ама човечноста ќе ја докажете кога ќе станете на младо девојче (или дечко) зашто ве замолил(а) оти не се осеќа добро. Зашто да, замисли може да си убаво облечен и да ти се слоши во автобус и да треба да седнеш.