Урлав сум се дерела како никогаш, некој ќе му удира шамар на моето дете и очекува јас да бидам имуна уште така ќе правела и јас да сум седела и да ќутам е нема и кажав ако те видам уште еднаш да ја удриш раката ќе ти ја искршам удри ја по газ ама по глава не давам
Два слободни дена и наместо опуштање јас ги трошам на размислување, стварно претерувам со овертинкинг. Следната недела ќе ми биде жал што не сум уживала. Би сакала малку да позборувам во лп, да ми го донесе паметот некој.
Тоа е тој балкански менталитет на воспитување на деца, удри да го боли друг пат нема да фаќа.. Ќе фаќа, и пак ќе фаќа.. Порано мислев дека така треба, сега имам попедагошки пристап кон сите глупости на сестра ми, земала да го излепи ѕидот со пластелнин, и дадов сама со шпатула да го вади, два саати го вадеше од ѕид, викам ќе лепиш пак, ми вика не.. Поголем ефект се добива ако на некој начин ги натераш сами да си ја поправат грешката, него да го плеснеш по раче, да го потегнеш по уво..
Точно многу ефективен метод е методот на реституција, кога вложуваат напор да си ја поправат грешката, нема да им текне уште еднаш истата да ја направат. Но, важно е и да се направи смирен едукативен муабет со детето, не само да му се даде да ја поправи грешката.
Мислам дека не ѝ ја сфативте поентата Се изнервирала пошо некој/а таму ѝ го удрила детето по глава. Пошо реално нели главата е посензитивно место, а и поише боли коа ќе удриш. Плус ако она (Маријана) не ја мава ќерка ѝ по глава, зошо друг да го праи тоа. И мислам дека е потрауматизирачки по глава да ја зафучариш А гарантирам дека никој од вас не би сакал општо детето да му е удрено, а најмалце по глава
Све тоа океј. Ама многу пати има родители што самите си ги удираат и сметаат дека е "ништо страшно" ама колат други ако некој им го чепне детето, оти кој смее мајкин да те удира. (само јас хехе) Јас те родив, јас ќе те убијам, друг нема. Така шо да се надаме дека стварно маријана не си го удира а не само да збори кога други ѝ го удираат.
Ја сфатија сите поентата, само поентата е ко да се налутиш дали некој те утепал со метална шипка, требало барем со бејзбол палка. Целта е секако иста - утепана си.
Синот на Рамиз Мерко купил автомобил од 150.000 евра (BMW 7 серија со највисоко ниво на опрема). Од каде тие пари? Како ги заработи? А за 25 годишниот Марко кој боледува од четврти степен на канцер за кој се потребни 150.000 евра за операција во Франција ПАРИ НЕМА !?? ДНО ДРЖАВА ДНОО !! КРИМИНАЛЦИ Кој е во можност нека донира, на нас младите дечки останува се, народот за народ
Деца се тоа ништо лошо не прават. Што е битно од која националност се празник е празник барем за мене и христијански и муслимански. Имам другари/ки од муслиманска вероисповед и секогаш славиме заедно јас со нив за муслиманските тие со мене за христијанските. Празниците не се за да си ги славиш со себе туку со другите а коледарите се дел од празникот.