Ни оваа година паричката во мене Ај има и друг пат За многу години Бадник, здравје, среќа и бериќет нека ве следи.
Pred 6 godini prv pat se padna vo maz mi parickata,se vencame...posle 6 godini ovaa godina vo nego... se nadevam zelbata za dete ke ni se ostvari
И за нас било празник. Седнаа се накркаа. Едниот избега, другиот заспа. Пак си останав сама со детето.
Мајкасекој нека замине од масата, ама не дозволувај детето да ги осети твоите тага, револт и празнина, бидејќи едно детско срце и еден пар очиња чувствуваат и гледаат многу повеќе од тоа што покажуваат. Нека ви бидат среќни празниците, доволни сте си заедно со детето
Се ежам Spotify колку ми го има научено слухот. Неделнава листа со предлози цела ја лајкнав и се опседнав накратко.
Се верува дека Господ доаѓа да јаде. @Rama ти благодарам,чувството на носталгија само го прават појако. Ми фалат оние времиња кога се собиравме цела моја фамилија ,се готвеше со љубов ,се мезеше полека. Сите заедно седнувавме ,заедно станувавме. За жал во мојот момински дом фали тато ,оттогаш веќе ништо не беше исто. Во мажениов да речам пак толку дисфунционално живееле откако починал татко му на мм ,што имаат заборавено како треба да се понашаат.
Христос се роди Навистина се роди За многу години да ни бидат Божиќните празници, Божјата милост да не води, да бидеме исполнети со мир, радост и љубов во срцата.
Христос се роди друштво За многу години да ни бидат Божиќните празници, уште многу години вака да си ги чекаме заедно со најсаканите
Од рани утрински мисли издвојувам заклучок дека кога јас ќе делам лепче со паричка, ќе делам само на членовите од семејството. Јер тоа е идејата, кој ќе биде среќникот цела година, кхм, кхм. А не куќи, пари, Господ. Барем не ми е мака што не сум дома вака.
А ако излезе паричката додека кршиш? Ќе ја вратиш назад во некое парче? Инаку, кога така ја наоѓаме, кршејќи, тогаш се смета дека е кај Господ, а за куќата и за други работи, тоа е сувишно.