Имам една познаничка, на мајка ми пријателка и е. Ај што од уста ја нема извадено и упорно пласира детали од нејзин живот кои дополнително се зачинети со невистини, има издадено работи кои мајка ми и ги има кажано во доверба, а дополнително плус и има правено гаслајт дека сама си е крива што има брачни проблеми. Од вчера истата госпожа ми ја потече по социјалниве мрежи колку е побожна, со пораки за мир, толеранција, љубов, верба, добрина, итн, итн. Од мене исто има една порака. Мрш у пичку матер. И блок. Ебате сељанката ебате, што чекав до сега ни јас не знам.
Христос се роди! За многу години нека ни е Божиќ, да имаме добро здравје, среќа, љубов и да бидеме благословени со мир и бериќет во секој дом
Hristos se rodi,srekjen Bozik dragi luge. Neguvajte go i slavejte go ovoj ubav den ! Sekoj prv den Bozik i prv den Veligden me fajka najmnogu nostalgija za mojata.rodna kukja i familijarnite.rucoci kaj baba i dedo ( nazalost.veke gi nema)
Среќен Божиќ Христијани! Христос се роди ! Навистина се роди! Осеќам дека вагата во понеделник ќе отиде две кила плус . Од понеделник се враќаме на здрава исхрана и многуу повеќе вежбање. Поздрав феминки и да си каснеме сега додека можеме
Исфрли од исхраната деновиве бомбици, баклави, пити, газирано, нашата македонска традиционална кујна може да биде и те како здрава во нормални количини, пример ќе си ставиш во чинија риба, сармички, гравче малку, една чашка вино ќе испиеш, салата исто некоја свежа(не туршија), за десерт парче тиква, и нема да имаш проблем.
Среќен Божиќ. Утре ми е роденден и годинава ги поминувам и Бадник и Божиќ и мојот роденден комплетно сама, така ми се погоди. Не се осеќам нешто посебно тажно, но самиот факт кога ќе го слушнам звучи претажно. Нека не се повтори.
Како мала, се допишував со над 10 девојчиња од разни градови во земјава. Шарени и миризливи ливчиња и пликоа, прекрано. Пред неколку дена бев во книжарница, ги видов шарените пликоа и толку посакав пак да се допишувам со некој, иако сум голема. Електронски пораки се ништо, една голема нула наспрема тие времиња и таквата комуникација.
Леле какви спомени ми врати, јас со две од девојчињата и се запознав. Колку бевме среќни само, ден денес памтам колку трема имав пред са се видиме.
Чек можевме да си запознајме pen pals? Јас само со едно девојче памтам дека пишев. Од она училишното списание "на оглас" се најдовме. Никогаш повнимателно не сум пишувала ни пак одбирала шарена хартија и плико, па стикерчиња внатре, поклончиња. Ах, носталгија. Ама запознавање ми беше стран концепт и никогаш не се спомна. И така еден ден се заборајвме.
Па ние ептен се допишувавме и татко ѝ на едното девојче реши да ја донесе на гости, радости! А за другото, случајно бевме во нејзиниот град, јас запнав и моите ме однесоа изненадно. Среќа се погоди девојчето да е дома, иначе сигурно ќе ми беше разочарување.
И јас сакам да се допишувам со пликоа! Само со една другарка имам така правено, одамна. И да сме во ист град сепак е преслатко да добиеш писменце од тој што го сакаш или пак другарка.
Од моето постоење, овој е единствениот Божиќ на кој не се прејадувам и не јадам нешто 24 часа по ред. Голем напредок е тоа за мене, бидејќи на ваквите денови никогаш не ја задржував скромноста, напротив, јадев како за инает, денес вака физички се чувствувам полесно, ама за да стигнам до овој денешен стадиум, морав да доживеам психички тегоби. Уште еднаш си ја добив лекцијата, на потешкиот начин де. Животиште
Ах спомени, се сеќавам дека се допишувавме така со едно девојче но за жал никогаш не се запознавме во живо. Патем сега има апликација за писма праќање, се вика Slowly, и пишуваш писма со луѓе од земјата и светот кои не пристигнуваат одма туку во зависност од растојанието меѓу вас. Имам пишувано писма со бааѓи луѓе, со неколку сум уште во контакт повремено. Интересно во секој случај како е комбинирано виртуелното и традиционалното.