Дечко ми го измами лани со иста приказна, овој мојов наивен 300 денари му дал од што стварно мислел дека е изгубен турист, па на гугл мап му нашол каде има полициска станица најблиску му објаснил како да стигне таму.. Денес ми праќа линк од објавава и ми вика види, ме измамил.
Некогаш ја отворам категоријата канта,за да се посмеам,и да видам човековата глупост до кај може да оди.
Колку е чуден животов.. Нешто што мислев дека го има само на тв, кај другите луѓе низ светов, ми е случи баш на најблизок член од семејството… Господе те молам прати најголема вреќа со здравје прво на тие што им е најпотребна па после кај сите нас… Морам да бидам силна најмногу на свет, да бидам најголема поддршка затоа што господ дава секаде искушенија за да види колку сме јаки. Да ги тргнам лошите мисли ии да завршам факс како знам и умеам затоа што знам дека тоа ќе ме направи пресреќна мене а уште посреќни моите најблиски.
Утрово ми почна со овие стихови на Ана Бунтевска … И секоја жена од нас верувам тука кон ова тежнееме Има мажи заради кои ќе се подистајш од патот по кој одиш и ќе ги пуштиш напред пред тебе да одат без помалку жена заради тоа да бидиш Има мажи чиј збор ко планина тежи и кои залудно зборој не фрлаат низ ветар не ги растураат ниту со нив ко пауни се дујат Има мажи во чија сенка се навалуваш и се препушташ оти заштитена си ко дома после долг пат да идиш кај него а како кај себе да стасуваш Има мажи кои од аждер-мачка прават та наместо оган да блуеш и правдина да тераш околу него се вртиш и на сиот глас мјаукаш и со глата в раце му се пикаш Има мажи покрај кои мала сакаш да бидиш толку ситна за да можиш на гради да им легниш и во ритамот на нивното срце, твоето да чука дур не си појќе сигурна чие срце слушаш Има мажи...ах, простете ми има маж за кој песни везам и кој сонот ми го зема за кој матката ко улава ми вие и телото ме боли кој ме тера да мислам колку ми е мака што помлада не сум за чедо да му родам Има маж има маж кој знае како маж да биди и кој ме застанува кога безглаво некаде одам чиј збор ме замислува чиј глас ме растреперува и кој не дека некојпат не го плашам или дека не се касаме ко песој на зима ама кој знај да кажи оти му фалам и кој мојот инает го скротува без камшик чие присуство ми треба за да сум своја без да ми е мака што негова станувам Има маж има маж кој ме буди и кој ме успива со вистината кој тука е и тогаш кога сама сум и заради кој во боја сонувам Има маж...го има заради кој ѕидови рушам без збор и како кокона пред огледало висам има таков маж, има...мажот што го љубам
Да како ете прави што сакаш, оплескај само да не сум виновникот јас после . Подобро да каже не ме прашувај нејќам да ти дадам мислење или совет,крајно ме иритираат такви луѓе.Или голема си ,и се ми кажа со тоа како да не се знае дека тоа што е проблемот треба јас да си го решам на моја одговорност ццц а први се да бараат се од секого ако се работи за нив самите.
Одамна немам нешто олку добро прочитано. За прав маж... дефиниција. Со исправена глава да шета. Па да го сакаш да не знаеш од кај почнува до кај завршува. Убајни. Иначе дојдов друго да кажам. Онда кога највеќе ќутиш и не прераскажуваш, ете тоаш најубаво ти е. И се ти вреди. И исполнет си. И животот има смисла. И утрата имаат логика. И пораката на тел знаеш каде води. И детето го гледаш среќно како расте. Зошто не може ти да си среќен а тоа да не е или обратно. Тоа е или себичност или жртва. Па не ја бива така. Јас велам ако под ист кров различни работи ве прават среќни, тој кров или ќе ви се сруши на сите над глава, или некој константно ќе пати. А не си човек ако нанесуваш болка за своја среќа. Тоа сакав да кажам де.
Место да го наследам талентот од мајка ми за готвење превкусни јадења. Јас ја наследив љубовта кон ракијата од татко ми. Катастрофа
Дечкиии Ви благодарам најмногу што бевте тука и што ми го правевте убав денот секогаш. Ама моето време на форумов помина сепак,и сакав да ви се заблагодарам на најубавата година(помалку) што ја имав. Ве сакам сите до еден
Не,само доволно беше на форумов.Сакам малку и социјалниве мрежи да ги оставам и да се концентрирам на факсот и мојот физички живот.
Изгледа Јас ќе бидам таа (богата) тетка немажена. Спојлер Сигурно тајно омажена и разведена барем еднаш.