Многу ме нервираат луѓе што попуваат и ти кажуваат како треба, а самите праат нешта што си наштетуваат на себеси. Пример: не ги суши алиштата во затворена просторија, ќе вдишеш омекнувач...истите тие пушат по кутија цигари од најјаките у исто така затворена просторија кај што никад не се отвара прозор и кај што се гушат и стари и млади по дома.....па подобро да умрам со мирис на ленор, него со винстон мало плаво
иако сум страствен пушач, ngl колку се слагам. иначе одамна не постои винстон плаво мало ама Ленор>цигари пример моите се 8ца
Муабетов за влакната... Ете да ви кажам искрено јесте, гадно е, нема дилема. Ама во домашни услови ви се нема десено да ви падне во ваше јадење ваше влакно? Скроз несакајќи и со собрана коса? И тогаш ли ви е гадно? Не ве напаѓам, само прашувам. Eдит. Мене кога ќе најдам нокт ми е Од кој сака нека е, прегадно ми е.
Сигурно имаат искалкулирано дека количината на црви во црешите нема сериозно да им ја наруши определбата вегетаријанскиот начин на исхрана да им остане омилен
Многу ми падна жал за една душичка што на божичните празници реши бог да ја прими присебе,да ја спаси од страдање. Заборавена беше од општеството,од институциите. Само не беше заборавена од најискрените душички, нејзините кучиња,кој очајно беспомошно ја барале по пустите улици однекаде да се појави . Мир да си најдеш страдалнице,таму при бога!
Од денес ко што ветив почнувам здрава исхрана и вежбање и намалување на килограмите. Мислев дека за празнициве ќе се поправам 2 кг али биле 700 грама. Ќе почнам во темата Морална поддршка за тие што сакаат да ослабат и да ги сминеме 3кг што стојат од Септември. Него што правиме со пакетчиња на децава... На мене и маж ми од работа за секое дете по 1 пакетче а имаме две бебиња и едно 2 години што не јадат чоколади... Ај тоа и родниниве плус купувале пакетчиња и го гледам тоа јадење и се воздржувам. Ама имам тука комшии што немаат па ќе се симнам да им ги дадам. Што е многу е многу.
https://a1on.mk/world/video-gostin-...cMg0rZNl8W5MDSPCFCw60iODdO_2A&mibextid=Zxz2cZ Е ова е више храброст
Од една страна браво за чоеков ама од друга... Вакви случки ги хранат аргументите на тие што сметаат дека секој треба да носи огнено оружје со себе без дозвола или без критериуми за дозвола.
Една од најбитните лекции во животот: Кога ќе го прифатиш фактот дека премногу нешта не се во твоја контрола, тогаш ќе добиеш целосна слобода. Тоа не значи пасивно да чекаш нештата сами да се сменат, туку значи дека треба да научиш да препознаваш кога и како можеш да влијаеш врз работите, а воедно да си ги зачуваш спокојот и психата цврсти.