Важи за топло чоколадо ако направам пудинг со повеќе млеко оти па обичното никако не ми испаѓа густо?
Другарка ме однесе на ќут скапичок fancy dinner пошо и е роденден, се заебаваме како е толку тешко да најдеме партнери кои ќе не третираат како ние што се третираме една со друга
Скролам низ огласи за работа и само гледам на еден оглас позиција курвар и онака викам wait what? Протрив очи и кувар било де.
Дел од мојот дневник... Многу ми причинува задоволство фактот дека никад нема да ме запознаеш и засекад ќе живееш во заблуда дека ме знаеш. Ќе имаш искривена перцепција за мене, ќе се ситиш и ќе уживаш во измислување приказни, несвесна за реалноста. А јас ќе си ќутам, ќе си се смешкам и ќе си се чувам сама за себе пошо не заслужуваш ни мое време, ни мое мислење, а не па ли мое пријателство. Убаво е кога ќе дојде човек до клучни заклучоци и ќе си одлучи став.
Ноќите кога не можеш да спиеш, ама не од тага, туку од среќа. Љубовта сега себе си ја подарувам, а порано не ни знаев како. И повторно си размислувам, нека траат...
Посебен орден за жени/мажи што мораат да продолжат да имаат контакт со бивши поготово веднаш после и за време на разводот поради децата. Не, не, озбилно посебен орден да се најде и измисли.
Седам со другар на кафе, ми кажува ќе иделе неговите до Германија кај сестра му на 2 месеци, па МАЈКА МУ ГО СПРЕМАЛА за дома се што му требало. Иначе, другар ми има 35 години и то.
Една од работите кои што ги имам добро научено на форумов е дека проблем во врска или брак не можеш да решиш со пишување на форум, и уште пред да пишеш точно знаеш што треба да направиш, барем повеќето знаат, ама си викаш ај да пишам да видам дали исто мислат и другите како мене..
како се решаваат проблемите на форумов, тоа ми е хит бриши мислења затвори тема пак ќе речам некад мора да остаите да се искараме, а и некои особи стварно заслужуваат да ги стаиш на местото кај шо припаѓаат и за нивно, и за општо добро
Не знам што луѓе се оние кои се плашат да останат сами со себе? И не мора тоа да е доживотен избор де, постојат и такви кои сакаат да бидат сами само кога спијат, а другите саати од денот мора ефективно да им бидат исполнети со луѓе
јас сум таква некогаш неќам да сум сама со себе пошо ме мачат мисли ми го јадат мозокот буквално и гледам цело време да се држам окупирана дали со комуникација со други луѓе, дали праам нешо, гледам нешто, цртам, учам, сум искочила иам мисли кои неќам да ги иам, сакам да ги тргнам забораам, ама не можам сум имала периоди коа ич не сум сакала да бидам сама бидејќи мозокот ќе ми се преплавел со лоши мисли, и сум тонела во сопствените бедови а цело време сум весела и насмеана така да, не можеме да знаеме што точно им се дешава на луѓето ми се има дешавано да молам другарки у ниедно време да дојдат до кај мене, пошо не сум можела да бидам сама со себе, и баш коа го напрегам мозокот да прекине, уште поинтензивно станувало
Сите имаме такви фази во животот кога не сакаме да бидеме сами. Ама зборувам за луѓе кои постојано гњават на телефон некого, или постојано ловат разни друштва само за да не бидат сами. Имам другарка која цело време ѕвони на телефон и кај мене и кај други, притоа ќе прави ручек, ќе мие садови, ќе пегла облека, ќе шие нешто на електричната машина, ќе ме пушти на спикерфон и ќе се надвикуваме, ме истоштува тоа искрено. Знам како е кога ти треба разговор, а сите си го гледаат својот к*р и не се замараат со тебе ич, болно е навистина, ама тоа е различно. Да не се лажеме, не мора, не треба и не смее некој да ни биде приоритет и постојано да ни го окупира времето само затоа што сакал да дрнда на телефон додека одел пешки по пат или додека миел садови.
е добро, тоа е веќе друго има и хиперактивни, мултитаскинг особи ја сум од тие шо им е преубаво сама и неќам глас да чујам, ама коа сум у low mood неќам да сум сама ни под разно