Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Завчера сонце, вчера облачно, денес невреме.. хаос.
    Нека падне еден снег и нека помине зимава.
     
    На NPN, st-el, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.574
    Допаѓања:
    12.873
    Пол:
    Женски
    Ме викнаа на интервју за работа, на многуууу подобро место од предходното, се надевам дека и платата ќе биде на задоволително ниво..
     
    На Anie93, GirlLove и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Уште ова го немав видено. :rofl:

    :drunk:

    D0175684-4500-489C-A2FB-957E41455E96.jpeg
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.969
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ги знаете оние што коа еднаш ќе му кажеш нешто, во смисла ќе им покажеш како да направат и при тоа не си запишуваат ( конкретно зборам за на работа).. По некое време цимолат ' А, бе како беше ова, ти текнува " ( како во средно кога некој ќе се лигушеше)
    Јас не знам зошто некои воошто одат на работа.
    Ако то се работи, работи. Запишувај си ствари.
    Еднаш, два пати ама некој поќе не ти е должен да ти објаснува.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    21.286
    А зашто тоа да мораш да оставиш бакшиш во кафич?
     
    На Iv531, GirlLove и en5 им се допаѓа ова.
  6. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.741
    Пол:
    Женски
    Не мораш. Никогаш нигде немам оставено и не ми е срам да кажам. Јас за тоа излегување до пред некој месец сум чекала од моите да одвојат од нивни минимални плати, со 200 денари во џеб сум излегувала, не па на некој бакшиш да му оставам. И сега кога работам за 20 илјади кај побрзо да давам пари? Ги штедам за побитни работи, па нека сум себична и скржава што бакшиш не давам. Таму тоа е работа, не е должен никој да плаќа некого за тоа што го работи, тоа е задача на газдата. Кој има одвишок пари и сака да дава, слободно, нека остава, јас немам. На овие минимални плати и инфлација, секој денар ни е пребројан и значаен.

    Исто како што на лекар не носам благи и вина како многу луѓе што носат. На луѓето тоа им е работа, да им давам нешто зошто ја работат работата? Не. Пред мене еден сега остави на обичен рутински преглед што не поклони пред мои очи и тоа самоиницијативно за да се гребе за подобра услуга, јас не оставив ништо, па пак двајцата исто бевме прегледани освен што него може му се лигавеа повеќе. Не ми треба да ми се лигави никој, доволно ми е да си ја врши работата само.
     
    Последна измена: 10 јануари 2023
    На Bezobrazna01, La-loca, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.123
    Пол:
    Женски
    Јас стоногалка имам најдено во чорба што си ја нарачав за дома. :tmi:
    Толку убава чорба прават, но откога пронајдов такво чудо таму ми се згади.
     
  8. Peppermintka

    Peppermintka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Легнав на попладневна дремка и сонував дека мајка ми имала профил на фемина и ми ги прочитала сите мислења. Се разбудив преплашена дека вистина мајка ми направила профил тука. :rofl:
     
    На buba4e89, Iv531, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    21.286
    И јас мноогу ретко оставам и тоа евентуално ако направам поголема сума (ако јадам нешто) па ај плус 30тина денари не е ништо. Ама за едно кафе не оставам никогаш.
    Ова оти слушам мислења дека оставање бакшиш треба да е пракса на секој гостин или дека за атер на келнерот треба.
    Што работев како келнер кратко ич не ми беа криви гостите ако не оставиле или малку оставиле бакшиш.
    Проблем со недоволно плаќање имав ама во газдите гледав вина.
     
    На Amellie13, christinnn, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    26.980
    Ти нели беше келнерка едно време?
     
  11. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.741
    Пол:
    Женски
    Да. Газдата слабо плаќаше затоа и сменив работа, веќе не сум. Газдата треба да ме плаќа, не муштериите. Не сум очекувала ништо од нив.

    @Munchmallow20 исто, се согласувам со тебе целосно.
     
    На Iv531, cresa-jagoda, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. celik9

    celik9 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    115
    На Feminka22, ElenaOfRivendell, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.969
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Бакшиш?
    На плативе наши уште бакшиш да оставаме.
    Не живееме во Холивуд и не е филм ова.

    Лично, немам бакшиш оставено, но поради куртоазија, ко ќе ти ја дадат сметката со кусур нели во она кожното и келнерот знае некогаш да виси над глава, во тој случај оставам, т. Е. Имам оставено 10,20, 30 денари.
    Друг пат келнерот во гужва ме забораи и не и врати 30 ден, бевме на журка, не дека ми е дојдено до тие пари, но нели некои се праат најјаки кафиќи у град.
     
  14. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Па баш дека платите наши не чинат, луѓе од бакшиш живеат.
    Мене па ми е глупо да си станам и ништо да не оставам.
     
    На NPN му/ѝ се допаѓа ова.
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.574
    Допаѓања:
    12.873
    Пол:
    Женски
    На доставувачи од Корпа и Кликни јади секогаш оставам бакшиш, околу 50 денари, бидејќи секогаш деца доаѓаат од 20ина години и ми е жал.. А во ресторан, зависи од услугата, ако се љубезни, храната е вкусна, ќе оставам, иначе не..
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Де бе луѓе.

    Бакшиш не треба да е нешто задолжително, но вашите ставови спрема тоа многу кажуваат. Разбирливо е и немаштија и немате можност а ни должност да оставате, но некогаш мило ти дојде кога некој е посебно услужен и позитивно настроен кога ве служи или едноставно кога сте задоволни од услугата. Да, тоа им е работата, но на ист начин како што на собарки во хотел им е работата да чистат, но ако имате основна култура, никогаш не се остава собата во најголем хаос, така и овде има начин на кој припомагаш. ;) Не затоа што така мора, туку затоа што така функционираме како луѓе, како култура. Се цени добра, но и пријатна услуга.

    Тоа што сте увредени на самата помисла дека некому би му оставиле бакшиш си е ваша лична мана, и верувајте мана е, не затоа што не оставате бакшиш туку имате некоја општа себичност во себе спрема други луѓе. А најлошо што го прочитав, е што кога гледа келнерот, сте оставале пари затоа што така ве гледале... мислам хелоу. Водите некои невидливи битки со другите како прво, како друго, битен ви е изгледа тој некој углед, да испаднете добри демек... иу.
     
    На 1209, Mikha4, piglet1 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    21.286
    Јас имам проблем со фактот дека си скржав ако не оставиш.

    Инаку кога можам, оставам.
     
  18. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, но оставањето бакшиш е практика кај многу малку професии. Јас денес бев презадоволна од услужливоста на вработената во банка, но не извадив 50 ден да и оставам на шалтер. Нели, работа и е да ме услужи, за тоа зима плата.
    Од друга страна, бакшишот е супер алиби за газдите на угостителските објекти да ги држат платите на ниско ниво, затоа што нели во дневницата преќутно си го калкулираат и бакшишот што келнерот ќе го заработи во нивниот локал. Што значи, ем плаќаме преценети храна и пијалоци ( во чија цена веќе е пресметан и трошокот за работна сила), ем дополнително им го плаќаме и келнерот кој тие иницијално не го плаќаат ни приближно доволно.
     
    На piglet1, Gosh, Iv531 и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    40.065
    Пол:
    Машки
    Бакшиш највеќе се остава на луѓе од услужна дејност, посебно ако нивната услуга ти го направила денот.

    Пр. Келнерот е учтив, ти го менува пепелникот цело време, ти прима специфична нарачка, те услужува одма иако порачуваш по 10-ти пат...

    Еве јас имам пишано овде една интересна случка каде што побарав од келнерката да го смени телевизорот за да гледам фудбал. И за тоа си доби бакшиш, не зошто морав, туку зошто сакав.

    Не е само за келнери ова, има и други професии. Пр. Таксист. Те чека да искочиш од кола и да земеш нешто. Ти прави некоја услуга, носи нешто до некаде, вози побрзо затоа што доцниш. Не мораш, но ако сакаш, можеш да му оставиш бакшиш.

    Со тоа не го плаќаш газдата, туку го наградуваш некој што ти направил услуга или направил да се чувствуваш убаво.

    ***

    Чудно како женскиве сакаат комунизам само кога ќе купиме нов дуксер. Одма тогаш од: "Дуксерот е мој" станува "Дуксерот е наш". :D
     
    На 1209, Mikha4, Estranged и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.663
    Допаѓања:
    39.555
    Пол:
    Женски
    Не оставам секогаш бакшиш и не мислам дека секој келнер под автоматизам заслужува. Ама кога услугата е супер, зошто да не, баш е убаво да се остави. Исто како што луѓе носат кафиња, сокови, бонбониери на лекар и даваат по шалтери, на сестри, доктори, и тоа ми е многу океј ако си бил задоволен од услугата.
    Нешто што не го разбирам е давање пари ама буквално до денар. Се имам најдено во ситуација да седам со луѓе (кои работат) и да остават ситни железни пет денарки и два денарки за да биде сметката точно некоја глупа цифра. Мислам, и ја го имам правено тоа кога бев некои 13 години...ама возрасни бе? :drunk:
     
    На Mikha4, Bella •••, Iv531 и 6 други им се допаѓа ова.